- Член од
- 16 април 2010
- Мислења
- 2.557
- Поени од реакции
- 1.502
Ако ти одговара љубител на Corel тогаш гарант ќе те убедува да го користиш. Тоа му доаѓа како бесконечна дискусија за WIndows vs. Linux
Можностите безмалку се исти, најмногу има разлика во работната околина и навиките кои веќе си ги создал за работа, што веројатно ќе ти биде најголем проблем за да се префрлиш. Сепак на страна од тие небитни работи, мислам (поточно сигурен сум) дека излезниот резултат е подобар кај Illustrator, а секако има и поголема предност во поглед на компатибилност со другите Adobe производи како и некои малку понапредни можности (одлична поддршка за скриптирање, SDK и API кои во основа се слични кај сите CS производи и сл.). Не случајно ако прашаш професионален графичар ќе ти каже дека Corel е за почетници a Illustrator за професионалци ... веројатно Corel е полесен да се совлада од страна на почетници, но ... Но, тоа не е доволно кога ти е потребен квалитет, прецизност и брзина.
Јас сум долги години корисник на Corel, а го имам работено и Illustrator, за мене Corel е поедноставен и полесен програм за цртање отколку Илустратор. Инаку Илустраторот денес највеќе го користат дизајнерите во компаниите, додека Корелот го користат графичките студија и печатниците. Доброто кај Корелот е што може фајлот и цртежот цртан во Илустратор да го пренесе во Корел, додека цртежите од Корел не можат во Илустратор.
Бидејќи сум член и на форумот ОДБРАНА (http://odbrana.forumotion.org/login), логото на тој форум кое е сега поставено го имам јас цртано на Corel. Пред некое време текстот на логото (ФОРУМ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ГЕОПОЛИТИКА "ОДБРАНА"), кое стоеше на лентата сега е со нов текст (ОДБРАНА ПРВ МАКЕДОНСКИ ВОЕН ФОРУМ).
Цртежот со логото го поставив на најпознатиот сајт за брендови, BRANDS of the WORLD, каде што е потребно да имаш сопствен акаунт за да можеш да поставуваш логоа.
http://www.brandsoftheworld.com/logo/forum-odbrana