Copa América 2024

Член од
7 април 2015
Мислења
2.709
Поени од реакции
1.614
Еве повторно се одржува Копа Америка во иста година со Европското и исти термин, традицијата продолжува наметната од претходното издание. Ова издание требаше да се одржи во Еквадор, но од нејасни причини одбија да го организираат првенството, па истото беше преместено во САД, кои секако немаат проблем со организација и со стадиони. Па така ова ќе биде второ првенство во САД, после Центанарио во 2016та. Ќе се игра на 14 стадиони во 14 градови, претежно градови на југот на САД со големо латино малцинство. Ќе трае од 20 јуни до 14 јули, слично како Европското, а победникот на Копа 2024 ќе игра во дуел со победникот на Еуро 2024 во таканарен Уефа-Конмебол Куп на Шампиони. Сите натпревари се играат секако во т.н Прајм Тајм од 00 до 03 часот по полноќ, по нивно 18 до 21 часот, така да тешко да има голема гледаност во Европа и Азија. Иако порано се играше и преку ден, од минатото првенство тоа не е случај за да не се поклопат со Европското. Ова е очигледно некој договор со Уефа и оваа одлука за да се одржува во исто време на 4 години е според мене чист промашај и секогаш ќе остане во сенка на Европското. Се игра во 4ри групи, и секако поради местото на одржување ќе играат и членки на Конкакаф федерацијата.
1718724149581.png
Финалето ќе биде на 14јули во Мајами, актуелен првак е Аргентина и секако главни фаворити за повторно освојување. Судии од Европа се Маурицио Мариани и Марко Ди Бело од Италија кои нема да судат на Европското. Системот е стандарден, најдобрите 2 екипи од секоја група идат понатаму, 2ро со прво место итн. Па кое е вашето мислење, дали ќе се прати ова првенство и дали има шанси Уругвај за титула? Кај нас би требало да оди на Арена Спорт каналите.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.208
Поени од реакции
4.954
Добро бе на колку години е овој турнир?
Гледам сега е на 3год, па бил на 2год, па на 3год, па на 4 год. Циганска работа, како ќе им текне така
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.709
Поени од реакции
1.614
Добро бе на колку години е овој турнир?
Гледам сега е на 3год, па бил на 2год, па на 3год, па на 4 год. Циганска работа, како ќе им текне така
На 4 е, ама пошто минатото првенство требаше во 2020, го одржаа во 2021 ради Короната,еве наредното ќе биде 2028ма, ако пак не име текне да променат нешто.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.510
Поени од реакции
14.161
До 2015 година се играше на секои 4 години, потоа во 2016 се одржа уште едно поради 100 годишнината, наредното редовно беше во 2019 и тогаш изјавија дека сакаат да организираат уште едно во 2020 за да се игра во исто време со Европското. И од 2020 да се одржува на секои 4 години како и Европското.
 
Најголема глупост им е ова, треба да биде меѓу светско и европско, да попунат дупка, а така и беше 2007ма,2011та. Вака ќе изгуби на гледаност и релевантност, никој нема да го есапи покрај Европското, плус и термините се утепани, треба да има дневни утакмици, за да се гледа и во Европа.
 
Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.449
Поени од реакции
11.118
Не знам за годините, ама вака двата континенти односно конфедерации можеби им е најпаметно. Ако можат и Австралија нека ја соберат во иднина, ќе бидне малку поинтересно првенството. Е сега во тој случај ќе треба и квалификации да се играат
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.817
Поени од реакции
24.136
Уругвај не знам дали имаат изгледни шанси да освојат, битно и ја ќе навивам за нив.
Покрај Бразил и Аргентина би требало они да се трет фаворит. Со САД лесно треба да ја поминат групата а потоа веќе ќе треба да покажат класа но и да имаат среќа.
 
Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.449
Поени од реакции
11.118
Уругвај не знам дали имаат изгледни шанси да освојат, битно и ја ќе навивам за нив.
Покрај Бразил и Аргентина би требало они да се трет фаворит. Со САД лесно треба да ја поминат групата а потоа веќе ќе треба да покажат класа но и да имаат среќа.
Тоа Дарвин Нуњез ако распука, ама тешко таква работа :icon_lol:
 
Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.333
Поени од реакции
57.831
Уругвај не знам дали имаат изгледни шанси да освојат, битно и ја ќе навивам за нив.
Покрај Бразил и Аргентина би требало они да се трет фаворит. Со САД лесно треба да ја поминат групата а потоа веќе ќе треба да покажат класа но и да имаат среќа.
Ја Америка би ја стаил како фаворит пред Уругвај.

Иначе се слагам од коментарите погоре, не знам со кој памет одлучија да ги спарат со Европското, па уште и термини да не поклапале, еве важи дека у сред ноќ ќе гледам фудбал. А ми се гледа искрено, од увек ми била јака Копа Америка.

Добро е и што овие од средна и северна Америка влегоа на турниров, да се зголеми конкуренција малце овака само со јужно американците беше доста монотоно, нарочито почетните утакмици од групите.
А и си имаат свои квалификации за СП овие па ете таму нека се борат сите 12 екипи кои 10 од нив ќе идат на Светско.

Немаат пари јужно американските федерации затоа им даваат на Америте да им организираат, скап бизнис е спортот и ретко која федерација се нафаќа да организира турнир. Бразилците уште патат од 2014та.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.709
Поени од реакции
1.614
Вечерва во 2 часот по полноќ во Атланта се отвара првенството, првата утакмица ја играат актуелниот првак Аргентина против Канада. Би требало Аргентина да е голем фаворит, но не треба да се отпише ни Канада. Последната утакмица им е нерешено со Франција, а пред тоа пораз од Холандија, е сега ги немам гледано нешто посебно, знам кога беа во Катар играа против Хрватска во група и не беа нешто посебно, тој голманот што им беше Србин од Книн веќе не игра, некои од играчите се познати во Европа. Јас нема да ја гледам во живо, но ќе вратам утре ТВ-тека и ќе погледнам снимка.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.961
Поени од реакции
3.545
Пријатно освежување е овој Шафелбург кај Канада.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.709
Поени од реакции
1.614
Интересна прва утакмица, можеше поголема да биде разликата да не беше Меси толку себичен и да форсира еден на еден со голманот, но и Канада не беа толку слаби имаа и тие свои шанси. Морам да ги пофалам и Арена спорт, одличен коментатор на утакмицата, кој коментира со голем жар и љубов према јужноамериканскиот фудбал. Добра атмосфера на стадионот, полн со голем капацитет како на НФЛ утакмица. Немам некои забелешки освен касниот термин, вечер во исто време Перу-Чиле од истата група
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.020
Поени од реакции
1.137
На која телевизија се пренесуваат натпреварите од турнирот?
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.146
Поени од реакции
11.235
До 2015 година се играше на секои 4 години, потоа во 2016 се одржа уште едно поради 100 годишнината, наредното редовно беше во 2019 и тогаш изјавија дека сакаат да организираат уште едно во 2020 за да се игра во исто време со Европското. И од 2020 да се одржува на секои 4 години како и Европското.
Се одржаа 4 во 6 год со цел Меси да освои една помочана титула на натпреварувањево. Ќе заминеше во пензија без голема интернационална титула.

Ги гледав Бразилциве во второ, тежок очај. Еден куп крила, 0 шпицови. Си ја пикаат топкава в газ по крилата и пробуваат 1 вс 3. Вртат цело време без никаква конкретност, им фали некој страшен шпиц, да можат да одиграат меѓу редови или дупли пас, да загради неш, да шутне итн...
Мн ми е мерак што издржа Коста Рика, да ги вразуми малце.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom