Command & Conquer 4: Tiberian Twilight

Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153

Верувам дека сите кои барем еден ден од своите животи НЕ го поминале скриени под камен од останатиот дел од светот, и знаат што значи кратенката „PC“, а со тоа и компјутерските игри, слушнале за овој општо познат серијал. Стратегија, која според многумина ги постави темелите за овој толку популарен жанр, и која кај многумина остави задоволни изрази на лицата, додека нивните „GDI“ или „Nod“ единици безмилосно се млатеа на различните терени (во третиот дел достапна беше и вонземјанската раса „Scrin“), во различните продолженија, или експанзии од оваа игра. Затоа, со големо нетрпение се очекуваше четвртото продолжение, кое требаше еднаш за секогаш да ве доведе до крајот на приказната и случувањата во универзумот на играта. Дали чекањето се исплатеше? Хммм, па да видиме…

Нешто што на играва не може да и’ се замери (па поради тоа ќе го споменам и најкратко), е одличната графичка и звучна презентација. Ако сте го играле претходниот дел, и сте запознаени со одличната графика на него, овде може да очекувате уште толку исполиран и „up-to-date“ изглед, со звучен амбиент кој е на ниво, и оркестарска музика која верно ќе ве прати низ случувањата. Значи, на овие полиња, посериозна забелешка не може да се најде.

Но, сите нас не’ интересира, пред се’, „гејмплејот“ на една игра, и дали таа го има она, потребното, што ќе не’ задржи пред неа, во наредните часови, денови, недели, месеци… Ова е многу тешко да се процени, особено ако се знае дека повеќето кои ќе ја купат играва се од одамна фанови на C&C серијалот. Уште на почетокот ќе забележат драстична разлика… Градењето база, по познатиот C&C принцип, го нема. Сега се’ што имате со вас е една главна единица, или „ползач“, која можете да ја движите низ мапата, и служи како градба од која истражувате и ги создавате единиците за борба. Да, точно, го нема веќе старото, добро собирање на „Tiberium“, ниту брканиците низ мапата за уште едно поле плус од потребната суровина. Наместо тоа, едноставно, бирајте што сакате да направите, за веќе во наредните неколку секунди да имате цела гарда од нарачаната единица. Сите единици се креираат многу бргу, што на играва и’ вдахнува солидна доза на динамичност, но за жал, со тоа се губат и тактичките замисли, кои за стратегиските игри се и тоа како познати. Овде преовладува страната која ќе успее да освои повеќе „capture points“, за да има повеќе места за правење единици, кои пак се делат на 3 класи: офанзивните, односно оние кои се за напад, потоа дефанзивните, каде спаѓаат одбранбените структури, ѕидини и уште низа други единици, и на крајот доаѓаат единиците за поддршка, во кои спаѓаат летата, односно единиците кои можат на некаков начин да влијаат на бојното поле. Ваше е да одберете со каква класа на единици ќе располагате, но не грижете се, доколку ви го уништат „ползачот“ во текот на играта, за неколку секунди можете одново да го добиете, ПОВТОРНО во класата во која вие сакате. Во текот на кампањата, со секое изминато ниво, ќе ви се отклучуваат нови и појаки единици, што е стандардно за овој тип на игри, но иритира фактот што истото влијае и на вашата on-line игра, односно кога играте против живи противници на интернет, можете да ги градите оние единици кои дотогаш сте ги отклучиле, што може да се покаже како многу неблагодарно искуство. Во спротивно, на играва дефинитивно повеќе време ќе и’ посветите во „multiplayer“. А за самата кампања, што да се каже… Повторно ги имате „GDI“ и „Nod“ (вонземјанската раса „Scrin“ ја нема), и со кој и да изберете да играте, ве чекаат по 10 мисии, од кои првите 3 се за подобро изучување на принципот на игра. Пред секоја мисија ве очекуваат добро познатите филмски воведи, со истиот квалитет, и палета на солидни глумци, за подобро да ве запознаат, но и „нафураат“ за настанот кој следи. Интересно е што во текот на кампањата, можете да бирате дали сакате одредени мисии да ги играте од „GDI“, или „Nod“ перспектива, па ќе видите како двете завојувани страни ги сфаќаат истите настани на боиштето. Разочарува фактот што по изиграната кампања, со 10 мисии за двете страни, крајот делува некако избрзан, и ќе ве остави подразочарани, зашто серијал од типот на C&C сигурно заслужува многу поепско финале од тоа што ни е понудено. Затоа, се’ на се’, доколку играва сте ја земале со цел за уште една солидна доза на стандарден C&C принцип на игра, или за да го видите крајот на приказната, постои огромна можност да се разочарате.

И секако, да се напомене и белешката дека за играва ви е потребна постојана, но и брза интернет конекција. А за наши услови, сите ние знаеме тоа што значи…

Што да се каже, како заклучок? Јасно е дека „Electronic Arts: Los Angeles“ се потрудиле да ни приредат крај на еден серијал, со значителна количина на промени во него, и секако дека таквиот потег е добредојден, но останува впечатокот дека самиот крај можел да биде многу подобро реализиран, како и впечатокот дека постарите гејмери ќе се чувствуваат „предадени“ поради неможноста овој серијал да биде затворен во стариот, добар, препознатлив стил.

Оцена: 6.4/10


Позитивно: графика, звук, музика, филмски вовед пред мисиите, динамичен гејмплеј.


Негативно: исфорсиран крај на приказната, преголемо отстапување од стандардниот C&C стил на игра, потребна е јака и константна интернет конекција.
 

СрбоЛегенда

Сами против свих
Член од
24 декември 2008
Мислења
2.694
Поени од реакции
123
Срање ! Оцена -1 ! Не заслужува да носи име Command and Conquer. Фала ти EA што заеба прекрасна игра и приказна.
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.863
Поени од реакции
6.370
Sad But True.....upropastija zlatna igra
 

Kajgana Shop

На врв Bottom