Не сум сигурен, точно е дека партиите се однесуваат како компании, но ако на политичкиот систем гледаме како на место каде се решаваат конфликтите, тогаш не може да се каже дека функционира и дека е прифатлив ѕа мнозинството население. Произведува доста лузери.
Грујо е доказ дека странскиот фактор не може да се изолира. Странскиот фактор и го смени, а не некакви демонстрации.
Можеби подобар пристап е да се проба да се вткаеме во нивните интеерси, и така да ги истераме нашите интереси. Пример е Украјина, сите ја отпишаа на почетокот, но тие со добра и упорна работа на нивната дипломатија упејаа да се наметнат како значаен фактор прво за Америка после и за Европа и да добијат нивна подршка. Нас би ни било потешко, бидејќи имаме моќни непријатели, но со паметни политичари и дипломати (каде ли сте) можно е .
Ова е најлошото, праксата покажа дека сите фаќаат врски за да не работат и да постигнат нешто без мака и труд. Во Кина не верувам дека е така (корупција постои во високите кругови, но не е спуштена масовно во населението, Б Милановиќ има книга за тоа), тоа е прашање и на менталитет. Нашиот човек не сака да работи 12 сати и сабота и недела, не сака да работи за други, да плаќа за нешто за што не мора, итн. ќе фати врски тоа да го избегне. А тој што не може да фати врска, будејќи не можат сите да имаат врски, се јавува огорченост и чувство на неправда, и таков човек нема да се бори за државата. А нас секој човек ни е важен.
Можеме да се правиме дека е поинаку, но не е.