Па тогаш "куршлус" би значело позитивно против глобализацијата...
Кажи зашто сметаш дека не е завршена глобализацијата и како тогаш "непријателите" би си соработувале. Кога некој е непријател со некого, нема шанси да соработува. Или соработуваат за иста цел или се затвараат/колат/блокираат, нема измеѓу.
Кина ја спремаат кога ќе помине векот на САД, тие да се новиот светски џандар.
Знаејќи колку се оперирани во мозокот, колку се послушни, колку се сурови, тешко на планетава.
Зашто си уствари против глобализација...
а каде реков дека сум против глобализација? (не служи се со такви рабоќе не ти личи)
Сум ПРОТИВ ваква глобализација, креирана на база на доминација и империјализам, сум за глобализација темелена на космоплитизмот како идеја пласирана токму од оваа почва и оваа цивилизација, глобализација на принципи на меѓусебно почитување и еднаква слобода за сите!
куршлус е иначе глобален ресет, тој и таков најмалку е во интерес на мене тебе и другите кои се објекти, овие лубрикантиве ги исклучвам оти тие и онака заради лубрикантите немаат спознајни способности!
веќе реков глобализација е процес кој е во тек со милениуми, не го измислија овие денешниве тутурутки, и секогаш има за цел
концентрација на ресурсите (производни сили и капацитети), има и такви кои мислат дека процесот на глобализација е процес во кој учествуваат спротивставени сили до тој степен да ... се случувало и тоа во минатото, затоа и ги имаме сите војни до сега, токму заради ставот дека се работи за непријатели, меѓу денешните елити има и такви кои настојуваат на овие процеси да се гледа како на две групи спротивствани но не до тој степен да предизвика ресет, затоа што ресет во денешни услови бо ја вратило цивилизацијата со милениуми назад, за ова се свесни и едните и другите, затоа тебе ти се чини дека “соработуваат“.
Да целта е иста, глобализација, разликата е во начинот и средствата како да се дојде до истата!
(имаш глобалисти и антиглобалисти од друга страна, и едните и другите ги финансира ист извор, што е тоа?)
Кој тоа ја спрема Кина за нов џандар? Ова е само уште еден спин и пропаганда на оние што губат. Кој губи има право да се лути и лаже. Во случајов западната империја. Како против аргумент еве само на кратко види како и што прави Кина по Африка, дали гради и го подобрува квалитетот на тие луѓе или исто како западнава империја само бара ресурси-робови и им носи Сида.
Точно дека Кина и цел тој свет е многу поразличен од нашата претстава за тоа како треба да изгледа една цивилизација, ние сме производ на европската цивилизација и сосема е нормално да имаме поинква фолозофија. Разликите се големи, токму овие процеси на глобализација имаат за цел тие разлики ги направат нормални односно прифатливи, и им успева што ме зачудува. На пример тие имаат сосема поинаков пристап кон смртта не мислат како дека има некој таму горе што ти ги простува гревовите (или ако даруваш на црквата можеш многу повеќе гревој да сториш) и ти дарува втор, трет и... живот, ваквите работи за нив се исто така перципирани како што ние гледаме на нивната животна филозофија, некои овие разлики ги користат многу добро ама за свои цели. Кинезите се секакви и за очекување е да бидат секакви, нивното непознавање се користи за пласирање на пропаганда како се тие сурови, роботи кои се послушни, оперирани во мозокот и... и да навистина сето тоа може да се види во Кина но и насекаде во светот!
иииии ќе заборавев да одговорам зошто сум против глобализацијата, затоа што сум анархист
.