Збориме за инвентивност, а не за нешто што се купува со пари....
Додека западот (вклучително и Русија тука) е воено технички супериорен, нема никад да дозволи Кина да буши....
Кинеската воена технологија е децении назад. Како пример тек сега почнаа со развој на млазни мотори, кои пак се базираат на некоја застарена западна технологија.
И доста плачеш како некој буљаш... и да ме инсинуираш без да ме тагнеш....
Ти беше тој што кажа дека ќе правеле сопствен оперативен систем, најверојатно импресиониран од некој чкљ портал... и го презентираше тоа како откритие, небаре стигнале на Алфа Кентаури....
Не ги бива Кинезите... освен пари од опресија на сопствениот народ, ништо друго не праат.
Види вака отварањето на тема за Кина не беше замислено за пласирање на тоа колку Кина е водечка сила во инвентивност-пронаѓаштвото туку колку Кина како глобален чимбеник има влијание на свтските токови во политиката, економијата и другите случувања. Ја отворив затоа што некои на тема за Иран почнаа да пласираат свои есеи за Кина и западна пропаганда за истата.
Колку што гледам и овде истото се случува.
Неспорно е дека Кина е нов играч (20-30 години) во сферата на техносферата воспоставена од западните центри.
Но времето на Кина доаѓа и затоа сметав дека треба да се запознаеме повеќе со Кина, со нивната култура, менталитет, филозофија, нивната глобална политика, а како постојана членка на СБ, само неупатен би тврдел дека Кина е маргинален фактор во светските процеси.
Кога би воделе дискусија за тоа што и колку Кина придонела во светската наука мислам дека целта би била пропуштена, не знам можеби на таквите написи токму тоа им е целта.
Еден од големите придонеси на Кина е ракетната технологија, барем така мене ме учеа на училиште, со напомена дека колку и да истражуваат и да напредуваат Русија и САД секогаш ќе бидат втори, ама како што реков не гледам потреба за такви работи барем не во овој контекст и не денес.
Да напишеш “Не ги бива Кинезите... освен пари од опресија на сопствениот народ, ништо друго не праат.“ доволно говори за мотивите, така да на спинови колку и што постигнала или пронашла Кина повеќе немам намера да губам време. Ако ви е задоволство да пишувате такви работи продолжете, а моето мислење за истото веќе го реков.
(-пренесов објавена вест дека Кина односно Хуавеи работи на сопствен ОС заради проблемите и трговската војна со САД, колку истиот ќе биде прифатен ќе покаже времето па тој уште не ни пуштен во употреба туку се тестира;
-околу технологијата мене ми е прифатлива кинската филозофија која технолошките пронајдоци ги смета за придобивка на сите луѓе со цел да им го подобри квалитетот на животот, која пак е спротивставена кон тнр западна филозофија која технологијата ја смета и употребува само со цел да доминира врз останатите...
-но како што велиш секој како учел и научил, не може да се очекува да се излезе надвор од кожата, тоа си што си!)