Chick lit

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.270
Поени од реакции
3.486
Chick lit е литература во која најчесто главниот лик е девојка, а во книгата се опишани нејзините згоди и незгоди. Wiki вели вака: "Chick lit is genre fiction which addresses issues of modern womanhood, often humorously and lightheartedly.".

Читате ли вакви книги?

Јас претежно читам трилери, ама кога ќе ми дојдат преку глава (како сега), се вртам накај ваквите книги.

Од авторите кои мислам дека се попопуларни ќе ги набројам Софи Кинсела (серијата Шопингхоличарка), Хелен Филдинг (Дневникот на Бриџит Џонс), Лорин Вајсбергер (Ѓаволот носи Прада), Адел Паркс (Game over), Џенифер Вајнер (Good in bed), Емили Грифин итн.

Јас ги имам читано следниве книги:

Софи Кинсела - Can you keep a secret?
Adele Parks - Game over
Nick Spalding - Love... from both sides
Хелен Филдинг - Дневникот на Бриџит Џонс

Како што реков, добри се за тепање време. Брзо се читаат. Но ме нервира тоа што ептен се бајкасти. Главната хероина секогаш наоѓа некој со iq 234345345, побогат од Бил Гејтс и позгоден од Џони Деп. Па уште ја сака, фин е и се ќе направи за неа. Yeah right.

Game over па ептен себично заврши. Девојката си доби хепи ендинг, а сите околу неа со повредени срца, Битно она заврши со тој што го сака.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.783
Поени од реакции
7.707
Ја имам читано „Ѓаволот носи Прада“ и уште две, ама не можам да се сетам ни насловите ни на авторките. Мене не ми се допаѓаат тие книги и многу ми е мачно читањето, и некако ми се губење време. Не само шо се премногу предвидливи, туку се се сведува на облека, секс, убавина... Нема ништо друго...
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.440
Поени од реакции
3.811
Ја имам читано Кинсела, мислам дека скоро све од нејзе имам прочитано. Општо chick lit нема никаква литературна вредност. Овие книги ми личат на некоја ултра модерна верзија на книгите на Даниела Стил. Опишуваат нечие секојдневие, ситуации блиски до ситуациите на секоја секојдневна девојка и завршуваат како Пепелашка.
Со се ова кажано, некогаш, после Стивен Кинг, ми прија некоја ваква книга. Ако ништо друго, барем се смеам :)
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.056
Поени од реакции
2.678
Првата chick lit книга која ја имам прочитано е Game over, што ја спомена погоре, и тоа пред многу години кога бев 7мо одделение. Со оглед на мојата возраст тогаш и секс-сцените во книгата, тогаш тоа за мене беше откровение.

Ги мразам ваквите книги, стварно не ми се интересни за читање па дури и кога ми е досадно. Се разбркав малку по листовите на кои водам евиденција и ги најдов и овие
- На крајот на виножитото - Сесилија Ахерн
- Знаеш ли да чуваш тајна? - Софи Кинсела
- Мојот господин совршен - Александра Потер
И се ова ми е читано во прва/втора година средно.

А и да... моментот кога сите паѓаат во несвес и ми ја препорачуваат Го сакам Париз/ Њујорк/ Лондон/ Рајко/ Петко. Хммм... НЕ!
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
На времето се обидов само со ,,Јади, моли се...,, не се ни сеќавам на насловот целосно, голем хит беше и не ја дочитав, ми здодеа многу брзо. Знам дека се популарни многу овие книги кај девојките и ги бираат бидејќи биле хумористични и опуштачки, меѓутоа тоа не е ни оддалеку она што барам јас лично од едно литературно дело... Не мислам дека книжулиња за купохоличарки, чокохоличарки и принцези можат да имаат било каква уметничка вредност...

Еден период си мислев можеби површна и делумно забавна литература може е подобра од никаква, ама ако се остане само на таква, па и не знам дали е подобар изборот...

Во секој случај јас го прескокнувам целосно овој жанр трајно :)... Има толку многу вредни книги за читање, а толку малку време еден човечки живот, затоа треба рационално да се искористи тоа време :) ...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom