Chelsea - Arsenal, Stamford Bridge, Saturday, 29.10.2011, 13:45

Каков ќе биде исходот на мечот Челзи - Арсенал ?

  • Победа за Челзи

    Гласови: 54 53,5%
  • Победа за Арсенал

    Гласови: 34 33,7%
  • Нерешено

    Гласови: 13 12,9%

  • Вкупно гласачи
    101
  • Гласањето е завршено на .
Член од
13 август 2009
Мислења
9.319
Поени од реакции
5.570
Со оглед на фактот дека не сакам падобранци да отвараат теми, кои ниту ја знаат историјата на двата тимови, ниту пратат Англиски фудбал, се додека немат пишано во кладилница, јас решив да отворам уште една нова тема. Не е морално, но јас тука ке ги оставам коментарите за и по, според мене, најдоброто Лондонско дерби во последните години, и дерби кое некогаш решаваше за титули во Премиер Лигата.

Иако и двата тима не се во врвот на формата, во текот на сезоната, Челзи ја има поддршката од домашната публика, но исто така е во подобра форма од неговиот противник Арсенал, кој на гостувањата сезонава нема победа, а претрпе три порази и еден нерешен резултат и тоа од Јунајтед, Блекбурн и Тотенхем, а играше 0-0 на Сент Џејмс Парк во првотот коло. Тимот на Боаш се соочува со проблеми од предходното коло во ПЛ, каде неговиот тим доби црвени картони во имињата на Босингва и Дрогба, кој ќе го нема на дербито во сабота, против противник кој особено му лежи. Моменталната положба на Челзи на 3тото место го прави апсолутен фаворит во ова дерби, бидејќи тимот на Боаш игра уверливо и цврсто на домашен терен во сите натпреварувања. Арсенал пак, е во серија од 5 победи во сите натпреварувања, но дури 4 од нив се на Емиратите, а победата на гости е на Велодром, издвојувана минатиот вторник.

Статистиката покажува дека тимот од Северн Лондон, кој е гостин денеска е поуспешен во меѓусебните дуели во Премиер Лигата. Досега се одиграни 147 натпревари од кои Арсенал победил на 59, а Челзи на 44. Од друга страна мечевите на Арсенал - Челзи кои завршиле нерешено се повторно 44. Арсенал има дадено 210 гола, а Челзи 185 на досегашните натпревари. Во последните 10 години е огромно ривалството меѓу овие два клуба. Во почетокот на 2000тите години, Арсенал доминираше на терените во Англија, при тоа освојувајќи титули во ПЛ и Фа Купот, заедно со Арсен Венгер. По влегувањето на Абрамович и доѓањето на Мурињо работите се сменаа и Мурињо немаше пораз во мечевите со Арсен Венгер. Со доаѓањето на Сколари на клупата на Челзи Арсенал ги доби и двата меча во таа сезона, но годините со Мурињо на Челзи беа оние златните, при тоа освојувајќи две последователни титули во Премиер Лигата. Менаџерите кај Челзи се менуваа се почесто, па тука поминаа и Сколари и Хидинк и Грант. Ерата на Абрамович како сопственик започна со Раниери, во почетокот на новиот милениум. Од друга страна пак, Арсен Венгер е веќе 16 години на чело на Арсенал, и како што вика Мурињо човекот ја има „најсигурната работа на светот“, алудирајќи на поразот на Арсенал кај Олд Трафорд од 8-2. Но, што е тука е. Епитетот на Англиско дерби сеуште стои, како по традицијата, така и по историјата. Иако можеби и двата тима се далеку од најдобрите денови (пред се се мисли на Арсенал) фудбалските ѕвезди како Лампард, Ван Перси, Торес, Аршавин, Тери, Вермален и сл, не можат да останат незапамтени. Низ историјата имало многу играчи кои преминале од едниот во другиот тим, но ќе спомене само дел од оние кои ни се најсвежи нас, како млади фудбалски фанови. Тука се Емануел Петит, Николас Анелка, Ешли Кол, Ласана Диара и Вилиам Галас. Последен во низата е најновото засилување на Арсенал, капитенот на Израелската репрезентација, Јуси Бенајун.

Кај Челзи освен повредените Хиларио и Есиен, сите други се подготвени за меч. Дрогба е недостапен заради црвени картони. Кај Арсенал пак, недостапен е Вилшир, Дијаби, Џенкинсон, Гибс и Сања.

Моето видување на мечот е дека секој може да победи. Имало голем број на примери низ историјата, а ова е и прв „поголем“ испит за Виљаш Боаш на клупата на Челзи, за разлика од Венгер на споротивната страна, кој има 18 победи против менаџерите на Челзи од неговото доаѓање до ден денес од вкупно 32 меча.
 

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.379
Поени од реакции
1.825
Ајде да си кажам мислење.
Мислам дека Челси ке оствари лесна победа. Не дека сум навивач за Челси, го мразам Арсенал...
Прво Челси веќе ја постра работата со QPR. Дрогба и Босингва на овој натпревар ке ги нема. Тука е шансата за Стариџ. Повторно да стартува и покаже што знае. Не се ни сомневам дека ке постигне гол.
Чалси како сериозен претедент за титулата несмее да си дозволи два кикса по ред. Едноставно победа или ништо друго.
Од друга страна ова е лондонско дерби па жарот за победа ке биде посилен и во двата табора.
За Арсенал нема многу да кажам. Сезонава мислам дека ке им биде тиња. Едноставно имаат шкарт тим и мислам неможе да им парира на Сити, Јунајтед и Челси.
Како и да е ова сепак е лондонско дерби и ривалитетот меѓу двата клуба е огромен така да...
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
10.853
Поени од реакции
8.877
По моја логика
Челзи е победник во овој натпревар, Арсенал не верувам дека ќе може да оствари поголем успех од нерешено. Башка и челзи после пораз мора да се врати зошто ипак е конкурент за титула, а арсеналовциве лека полека го фаќаат ритамот (не дека не чинат), ама на стемфорд ретко која екипа победува...така да нема љутиш, челзи има огромни шанси за победа, има посилен тим и го имаат дрогба - пеницилинот за арсенал, тоа е тоа.
 
Член од
5 февруари 2009
Мислења
7.049
Поени од реакции
3.323
Мислам дека Челзи ќе тепа има појак состав и по водство на АВБ игра многу јако дури и Торес почна да дава голови ама и Арсенал не треба да се отпише пред време и тие фатија ритам во последно време и го имаат Ван Перси кој е фантастичен. Ама ако се знае дека на Стенфорд Бриџ Арсенал нема победа со години мој тип е 2-1 за Челзи стрелци Мата, Торес и Ван перси.:)
 
Член од
9 мај 2008
Мислења
32.907
Поени од реакции
47.003
Секако очекувам победа на Челзи, но нема да биде лесно.
Челзи во неделата се мачеше цело второ полувреме со девет играчи, а и вчера со десет играчи плус екстра време играа. Сепак Боас добро го ротира тимот, па во сабота ќе може да извади одморен состав кој ќе биде спремен за победа. Босингва и Кол имаа казна по еден натпревар, и ја одслужиа вчера, па двајцата ќе бидат одморени за Арсенал. Дрогба има три натпревари суспензија, но се враќа Торес по неговата суспензија. После двата гола минатата недела, ќе сака да продолжи уште подобро и да даде што повеќе голови. Тери исто така одмараше вчера, како и Лампард и Мата.
Повредени се Есиен и Хиларио, а за Рамирес уште не е сигурно. Исто така Турнбул вчера доби црвен картон, па нема да може да игра во сабота и не се знае дали ќе може Хиларио да биде на клупа или некој од младите голмани.

Мој тим вака од сега:

Чех​
Босингва - Иванович - Тери - Кол​
Меирелеш - Микел - Лампард​
Стариџ - Торес - Мата​

Арсенал полека се враќа во ритам и се може да се случи. Сакам само да нема судиски грешки, па нека победи подобриот.​
 
A

Auditore

Гостин
Натпреваров е дерби, самото тоа што е дерби носи голема неизвесност, но мој фаворит во ова дерби е Челзи.
Боаш досега покажа дека знае да го ротира тимот и пред се добро поставеност на тактикта за секој тим, Челзи полека полека влегува во ритамот, и може да забележите сите дека на секој меч Челзи различно пристапува со секој противник.
Голем минус е тоа што Челзи вчера играше 130 минути но се надевам дека ова нема да биде голем минус во утакмицата за со Арсенал, сепак ова се професионалци па би требало да бидат тип-топ.
Очекувам Челзи да излезе со составот:
Чех
Иванивич - Алекс - Тери - Кол​
Лампард - Меирелеш - Рамирес
Стариџ - Торес - Мата
Подобриот нека победи!

 
Член од
26 октомври 2011
Мислења
795
Поени од реакции
375
Сите што зборите лошо за Арсенал немате појма!На последните 8 утакмици има 7 победи и 1 пораз!А од Челзи нема да играат Босингва,Дрогба.Дрогба кога игра Челзи секогаш победува а и сега Арсенал има 3 победи по ред.И мислам дека ке победи Арсенал!Сека и Парк се уигра а и Робин Ван Перси е во страшна форма така да ...останува да видиме во сабота
 

sonne

војвода
Член од
26 мај 2006
Мислења
2.664
Поени од реакции
122
... прилика ... ПА ПА ПА ...

челзи е фаворитот , но ова е дерби , ќе се читаме после мечот

- РвП !
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
83.510
Поени од реакции
192.069
Торес и Мата вс Мертесакер :confused:
Среќа се враќа Вермален во составот на Арсенал па нема да остане се на Мертесакер. Типот е добар за воздушни дуели ама прилично е спор од тоа што го имам видено. Не верувам да има многу голови на мечов, или 1-1 или максимум 2-0 за Челзи :)
 
Член од
5 февруари 2009
Мислења
7.049
Поени од реакции
3.323
Кој се опциите за десн бек кај Арсенал?
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.316
Поени од реакции
81.959
Blondie (Торес) е створен за вакви утакмици....вратен во форма....ќе распали ко луд, никогаш не разочарал во дерби...ни во ЛФЦ ни во Атлетиико, уште помалку во шпанска репрезетнација....минатата полусезона да ја издвоиме...дечкото е луд и осеќам дека ако не даде гол....ќе има огромно влијание при постигувањето на головите на Челзи, со ова доаѓа и мојот одговор, односно...победа на Челзи со повеќе од еден постигнат гол....!!!
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
уште не можам да ги преболам изгубените пари на Арсенал така да му посакувам да испадне од лига, хендикеп за Челзи ќе биде отсуството на Дрогба но и без него до лесна победа од минимум 2-0
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.575
Поени од реакции
3.772
Торес и Мата вс Мертесакер :confused:
Среќа се враќа Вермален во составот на Арсенал па нема да остане се на Мертесакер. Типот е добар за воздушни дуели ама прилично е спор од тоа што го имам видено. Не верувам да има многу голови на мечов, или 1-1 или максимум 2-0 за Челзи :)
Се зафркаваш? Зошто двајцата брзи играчи ги ставаш во дуел со Мертезакер? Кошелни оваа сезона е многу напреднат од ланската и дефинитивно е еден од најдобрите стопери во премиер лига. Најмногу му лежат брзи техничари како Торес, како што покажа и со Меси, па за разлика од сите неутрални фанови јас очекувам лесно да се снајде со Торес.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom