Checkpoints

Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
... и така ти велам, пред некој ден имав кошмари, па ајде реков да се смирам малце ќе погледам телевизија. И поминува времето, мрдаат некои чудни силуети на тв(не, тоа бе:))) a јас отсутен... онака напразно гледам и размислувам. Ми доаѓаат рандом моменти од животот, видиш понекогаш се обидувам да се сетам на некои важни работи и моменти а не можам, иако се случиле само ден-два претходно а ете успеав да се вратам во некојси банални моменти од средно, основно па дури и порано. Сте запознаени ли со овој феномен, и имате ли такви чекпоинти во животот кои понекогаш ви проаѓаат низ мислите и можете да се навратите таму, баш како во моментот да се случуваат? Значи не целам на некои важни моменти, пресвртници во животот него... онака некои рандом моменти кои и самите не знаете како ви останале во глава. И се разбира, ваше објаснување и гледиште за целава оваа ситуација, како резултат на што е појавава.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.566
Поени од реакции
2.518
Aко ова е болест,јас тогаш сум сериозно болен....
 

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
да бе исто и ја мајке ми.. памтам пред 30 год коа сум маал деца со камења а не памтам вчера дека требало да идам кај женска ми... брее
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Колку памтам само ситници од мојот живот во минатото што ми се случувале тоа е чудо. Се случува некогаш да се сетам на некои безвезални работи пред 10-15 години што ми се случиле а не знам да кажам пример што вчера сум вечерала, е тоа заборавам :icon_lol:
И секогаш во тие моменти кога се потсетувам на нешто во минатото се зачудувам секогаш како е можно тоа да ми останало во мојата меморија. Значи друго е сеќавање на некои значајни настани, него на случки безвезални. Во секој случај секогаш се смејам во вакви моменти и многу ми се интересни.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom