Барам стручно мислење од вас, Canon или Nikon и зошто ? ( немора споредба на два модели помеѓу Canon и Nikon, имам слушнато дека Canon e подобра фирма од Nikon но ме интересира зошто ) Фала ви.
Нема врска, Canon и Nikon се практично двете топ фирми за фотоапарати, а после нив доаѓаат Sony, Fuji, Pentax и сл, барем по бројот на продадени апарати.
При споредба на модели од ист ранг, тешко дека ќе најдеш нешто што ќе направи едната фирма да биде понапредна од другата. Најголемата разлика и причина затоа што повеќе луѓе ќе ти препорачаат Canon се објективите, поефтини се за Canon, оди на pixplus и спореди ги цените на слични објективи и ќе видиш дека Nikon знаат да бидат изгор скапи. Цените на телата на апарати од ист ранг не се многу различни.