Candida albicans (Кандида) - Габична инфекција

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.776
имам габично заболување, веќе со години, се мачкам мине, но изгледа со внесување на некоја храна(не знам која)се проширува, на рацете, на нозете, лицето, грбот, стомакот, секаде е, знам дека сам си го пренесувам со чешање... сега знам дека шеќери не треба да се внесуваат, но не знам и кои други храни... ако има некој нешто да сподели, ве молам, ве молам споделете некој совет, нешто...
Имаш среќа, налетав на ова барајќи си ја темата за кефир. Таман имам вишок, па сакав да напишам таму - на одредено време имам вишоци од мајата а секогаш има некој што бара таму на темата за кефир. Маја кога ќе кажам - иначе не мислам на другарка ми, туку квасно-бактериската кулутра која од млеко прави кефир. ;)

Чим за оваква работа ти е, добиваш предност пред другите (од темата). Имаш на интернет многу да прочиташ за кефирот, и за лековитите својства. Најважното е тоа дека е најмоќен познат пробиотик, симбиотска заедница од триестина квасци и бактерии (сродни со нашата цревна флора).
Овде можеш да прочиташ како иде процесот на припрема (лесен е, не се плаши):
http://forum.kajgana.com/threads/Кефир.66444/

Пола од произведениот кефир ќе пиеш секој ден, пола ќе мачкаш секаде каде што имаш кожни проблеми. И тоа после туширање, не пред. Ќе се избришеш, па ќе се намачкаш и тоа во топла просторија пошто ќе треба да почекаш да се подзасуши кефирот пред да се облечеш. И не се секирај, кефирот многу малку мириса, а кога ќе се исуши скоро и воопшто не мириса.
Јас на препоните имав скоро неприметен дисколоритет, ама знаеше да се вцрви местото на море (од солта). После третманот со кефир, никогаш не ми се случило пак. Иначе некогаш го употребувам и наместо антиперспирант, не дека запира потење ама ги уништува бактериите кои го прават мирисот на потта.
Како и да е, кефирот е познат природен лек против кандида (и други кожни страња). Стар бабин лек е и за разни вагинални инфекции - јогуртот, ама само пошто немало кефир овде до неодамна. Кај јогуртот се 6 или 7 пробиотски симбиоти, кај кефирот триестина (меѓу кои и 7мината од јогуртот).

Нејсе. Пиши ми ПП, и ќе се договориме каде да дојдеш да земеш маја за правење кефир.
Среди си болеста, па да честиш летово некое пиво. (y)
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.808
Поени од реакции
15.731
Ок, сеа има поише начини да ти преовладее оваа мов - габа у организам, а најзлокобната е со претерано пиење на антибиотици. Еве пред некое време имав една пнеумонија од што не, дали беше од гулаби, дали некоја спора сум удишал, али ете месец дена сува кашлица од сон ме будеше. Гадно. Докторкава ми смени 3 антибиотици и не ми помина. На крај со лук и камилица се опраив. Требаше да прегледа подобро, пред да препише антибиотик. Ова требаше антифунгален, ама ај. Веруеш доктор.

Е сеа пошто се накљукав со амоксицилини и што све не не се ни сеќавам, нормално прераснале у џбунови во цревава и сигурно имаат отидено у крв, пошто подочњациве не ги снемуе, адреналин јок, неам ич, на испитуења еден куп, брисои што не, не бе брат. А очи печат, мислиш печење спремам на 220, повруќи се и од мониторов у 6 сабајле.

Почнав јогурти да пијам, чаеви од мајчина душица, нане, лукои, цимети, жен-шен и на крај еве јод - ореовача. Неќу да идам да ми препишуе антифунгални или што не, не веруем више ич. Не јадам шеќери и јаглехидрати за да ја изгладнам, и терам посебен режим на исхрана.

Но, ако знае некој за народен лек што ќе ми помогне побрзо да се опраам, би бил крајно благодарен. Нешто пробиотско, нешто антифунгално. Фала ви многу. :)
мене пред 20 години ми помогна сок од грозје, како маџун ама поретко, купував во магацинот за пијалоци кај Дрво Декор. Пред тоа на брис од јазик и грло, имав кандида а со ова ја тргнав. Е сега кандида има и мегу ножни прсти ама тоа не може да се искорени и не е опасно. Всушност најважен е имунитетот. Исто сум чул луѓе дека прават гаргара со раствор со сода бикарбона...
 
Член од
25 март 2014
Мислења
717
Поени од реакции
733
кефир? Не... имам пиено апчиња, а сега се мачкам со Антифунгол, дали знаеш која храна да ја одбегнувам?
Избегнувај благо се разбира, а иначе оди до аптека купи си пролајф пробиотици во вид на капсули се, пиј по 2 на ден, земи си од тој јогуртот битолски со корисни бактерии пиј по 2 чаши на ден и по недела две пиши резултати, јас мислам ќе ти биде подобро.
 
D

dobramuzika

Гостин

ќе пробам, но не знам дали да земам од пролајф пробиотиците да пијам, кои ефекти ги имаат? Инаку ти благодарам многу, ако знаеш уште нешто околу ова, сподели...
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.808
Поени од реакции
15.731
Имаш среќа, налетав на ова барајќи си ја темата за кефир. Таман имам вишок, па сакав да напишам таму - на одредено време имам вишоци од мајата а секогаш има некој што бара таму на темата за кефир. Маја кога ќе кажам - иначе не мислам на другарка ми, туку квасно-бактериската кулутра која од млеко прави кефир. ;)

Чим за оваква работа ти е, добиваш предност пред другите (од темата). Имаш на интернет многу да прочиташ за кефирот, и за лековитите својства. Најважното е тоа дека е најмоќен познат пробиотик, симбиотска заедница од триестина квасци и бактерии (сродни со нашата цревна флора).
Овде можеш да прочиташ како иде процесот на припрема (лесен е, не се плаши):
http://forum.kajgana.com/threads/Кефир.66444/

Пола од произведениот кефир ќе пиеш секој ден, пола ќе мачкаш секаде каде што имаш кожни проблеми. И тоа после туширање, не пред. Ќе се избришеш, па ќе се намачкаш и тоа во топла просторија пошто ќе треба да почекаш да се подзасуши кефирот пред да се облечеш. И не се секирај, кефирот многу малку мириса, а кога ќе се исуши скоро и воопшто не мириса.
Јас на препоните имав скоро неприметен дисколоритет, ама знаеше да се вцрви местото на море (од солта). После третманот со кефир, никогаш не ми се случило пак. Иначе некогаш го употребувам и наместо антиперспирант, не дека запира потење ама ги уништува бактериите кои го прават мирисот на потта.
Како и да е, кефирот е познат природен лек против кандида (и други кожни страња). Стар бабин лек е и за разни вагинални инфекции - јогуртот, ама само пошто немало кефир овде до неодамна. Кај јогуртот се 6 или 7 пробиотски симбиоти, кај кефирот триестина (меѓу кои и 7мината од јогуртот).

Нејсе. Пиши ми ПП, и ќе се договориме каде да дојдеш да земеш маја за правење кефир.
Среди си болеста, па да честиш летово некое пиво. (y)
jas mislam deka odamna ima kefir vo site pogolemi Marketi... barem običen, može da nema redovno od toj so jabolko
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.776
@Ireal комерцијалните кефири и јогурти се конзервирани и немаат пробиотска вредност. Тоа може да се консумира заради хранливи вредности, но во нив нема пробиотици. Имаат рок на траење со недели и со месеци, а природен кефир/јогурт за 2-3 дена ќе се направи оцет - пошто пробиотиците се се живи организми, и не престануваат со ферментација заради комфорот на супермаркетите.
За да не се направат оцет комерцијалните кефири и јогурти се пастеризирани/конзервирани и немаат пробиотици во нив

Затоа за да видиш бенефит од пробиотиците, тоа МОРА да биде домашно припремен кефир (или јогурт) со живи пробиотици: квасци и лакто-бактерии.

Знам дека некако не ви се верува, недоверливоста е човечка особина. Домашното не чини, тоа вештачкото од аптека е подобро.
Лекот чини - не пет пари, ИЧ пари чини... ама не можеш со сила на никој да му го дадеш. :)
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Мислам дека за овој проблем би помогнала сребрена вода (colloidal silver) но не со купување на вода од аптека туку сам да ја правиш со електролиза во дестилирана вода.
Побарај на јутуб и побарај сребрени прачки на ибеј.
 
Член од
17 февруари 2014
Мислења
25
Поени од реакции
3
Za da go izlecis samo so hrana treba da primenis rigorozna dieta koja isklucuva belo brasno, alkohol, pivo, ocet, slatko ovosje, suseno ovosje, konzervirana hrana, antibiotici isto taka ne e preporaclivo da pies dodeka se lekuvaat gabicnite infekcii. Ova tesko se izdrzuva, a trae podolgo vreme bidejki kazuvas deka so godini go imas. No postoi i nesto sto moze da ti pomogne pobezbolno i bez vakva dieta da go nadmines problemot. Pisi mi poraka i ke ti objasnam
 
Член од
4 јануари 2015
Мислења
1.151
Поени од реакции
512
Дали може да се умре од кандида??
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.604
Поени од реакции
34.798
Океј фала на одговор.
Искрено, незгодно ми е кај женски лекар (ама ако мора ок). Не знам што е причината, контакт со женско сум имал пред 2 и пол години последен пат (прилично промискуитетна беше, а контакт имавме орален и малце допир неколку секунди со половите органи...). Едино ако после долго време може да се појави инфекција (имам чуено дека може да затрудни девојка после неколку години откако имала секс, некако се задржувале материите). Проблемов ми се појави пред околу пола година и уште ми трае.
...по сексуален однос со партнерка инфицирана со кандида можно е мажот да развие симптоми на инфекција, како печење, јадеж и осип, црвенило, присуство на ерозија на оштетените структури, со гној, а може да има и белузлав исцедок низ отворот на уретрата,

1612543229958.png 1612543312179.png

...баланит (balanitis) преставува воспаление на главата (glans) на пенисот или може постит (postitis) што преставува воспаление на внатарешниот дел на кожниот набор (prepucium) кој ја штити главата на пенисот, но најчесто, со инфекција се зафатени и двете структури, па затоа често се говори за габичен баланопостит (balanopostitis).
...кандида може да е застапена појачано во уста, јазик и во други места,

1612541143041.png 1612542956859.png

Кандида салива-тест
1. Пред спиење покрај кревет се остава една чаша вода,
2. Следното утро по будењето се плука во водата во чашата,
3. Се плука само она малку што се има во устата по будењето без форсирање за дополнително собирање,
4. Се остава чашата 15 мин,
5. Накај светлина се гледа во чашата и ако плунка останe на површината на чашата или се истопила, тогаш е добро, иако во водата се присутни меурчиња од воздух, но ако водата е матна или во неа се гледаат ленти, кои се спуштаат надолу, или доколку плунката се спуштила долу, постои голема можност дека имаме премногу кандида во организмот.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom