BuzzerBeater - онлајн кошаркарска симулација

Член од
17 февруари 2011
Мислења
3
Поени од реакции
1
Здраво кошаркари и сите љубители на овој спорт.

Сте слушнале ли за BuzzerBeater? Тоа е најпопуларната онлајн кошаркарска симулација во светот. Еве кратко инфо (од сајтот) за играта на која се навлечени околу 63 „менаџери“ од Македонија, а играта во овој момент ја играат 19 559 корисници од целиот свет:

Дали го имаш она што треба за да бидеш најдобар?

BuzzerBeater е online кошаркарска симулација во која играш против други менаџери од цела планета. Играј еден против друг и труди се да победиш со твојата стратегија и статистичка анализа. Играј фантастична кошарка и креирај познат бренд.

- Однесете го тимот до врвот на лигата. Потоа продолжи понатаму во BuzzerBeater да ги победуваш менаџерите од цел свет. Без исклучоци. Без предавање. Само ти и уште 56097 противници кои ќе посакаат ништо помалку туку да те избркаат од салата.
- Реална кошаркарска акција. Играјте ја најнапредната кошаркарска симулација во светот. Гледајте ги натпреварите во живо со извонреден прегледувач.
- Ти си Менаџер. Ти ги одбираш играчите, ги тренираш и им кажуваш како да играат. Сакаш поголема сала? Изгради ја. Сакаш да драфтуваш суперѕвезда? Се е во скаутирањето. Ти ги донесуваш одлуките и ти си надлежен за се!

BuzzerBeater никогаш не спие, па зошто мораш ти да го правиш тоа? Зачлени се за да играш против најголемите кошаркарски менаџери на светот. И еј... бесплатно е!


Ја играм играта од самиот почеток, и досега ова што се случува во Македонија како посебна држава е најголем проблем, бидејќи имаме 63 менаџери од цела Македонија, а пред 1 година бевме 200 менаџери.

Зошто е ова толку важно?

Бидејќи, од пред некое време се води дискусија за спојување на Македонија со други две држави од Балканот (Црна Гора и Албанија) и креирање на Балканска држава, бидејќи останатите 2 држави се некаде со исто онлајн менаџери како нас.

На нас менаџерите, идејава ТОТАЛНО ИЧ не ни се свиѓа, бидејќи сакаме да бидеме Македонија и да си бидеме како и сите останати земји, самостојни, плус, овие менаџери што се моментално активни (вклучувајќи ме и мене) правиме се на нашиот државен форум да ја заддржиме Македонија како единка.
Па би ве замолил, да се регистрирате и да започнеме да ја изградиме Македонија во BuzzerBeater сферата како што беше порано!

Можете да се регистрирате на BuzzerBeater.com
 

Kajgana Shop

На врв Bottom