Ја барав серијава на Кајгана на неколку страни овде, и не успеав да ја најдам. Јас како голем фан на Џефри Донован, и уопште на целата серија сметам дека вреди да ја има запишано во историјата на Кајгана за една од најдобрите акциони серии.
Се вика
Burn Notice, се работи за акциона серија во која главна улога игра Мајкл Вестен(
Џефри Донован), неговата девојка Фиона(
Габриел Анван), и неговиот пријател Сем Екс(
Брус Камбел), и неговата мајка Маделин(
Шероун Глес).
Мајкл е екс-шпиун на САД, кој одеднаш станува отпишан од сите планови и документи на тајните служби на САД. Тој се буди во Мајами каде ќе се одвива целата серија, и заедно со Фиона и Сем ќе работат на помагање на обични луѓе кои имаат необични проблеми со мафијаши, притоа паралелно со тоа ќе се одвива потрагата по човекот кој го наредил неговото отстранување од тајната служба.
Серијава е стара школа, не изобилува со ефекти и премногу наука, има добри моменти и приказна, посебно ми се допаѓа кога ќе се објаснува тактиката и пристапот кон секоја акција, дознаваш необични работи за кои не си имал појма претходно.
Има доста убави моменти и слики од Мајами, девојки во бикини, и све што е потребно за да задоволството биде поголемо.
Има 5 сезони, ја пуштаа едно време на Фокс Крајм, и тоа е тоа.