GavolRulz
hippopotomonstrosesquipedaliophobia
- Член од
- 23 март 2008
- Мислења
- 12.490
- Поени од реакции
- 10.692
И јас бев на тој натпревар, начекавме голови, иако Баерн некако тенко предеше, барем така се гледаше во живо. Битно ми смрзна секоја можна клетка во организмот..Од денешниот меч
Алијанц Арена е одличен стадион. Атмосферата беше топ како на трибините така и на терен. Имаше навивачи од Бохум во голема бројка и баги гласничко беа.
Ме бендиса шо можиш да си купиш пиво внатре во секое време, нешто шо во Шпанија можиш да го сањашЕ сеа малце е зезнато шо не примаат кеш во стадионот никаде.
Сума сумарум јас си поминав одлично, карта начекав од втор маркет за 22 евра а имав одлична позиција. За споредба на ист блок на Метрополитано во Мадрид се спружив 150 евра.
За пива, сокови и тие нивните wurst-ови имаше огромни редици, ама ние ја направивме "македонската", се приклучивме на редицата не баш од крајот


п.с сеа кога ќе ми текне, изгледа кармата не стигна поради таа "македонската" работа
