Uli Hoeneß
Präsident
- Член од
- 6 август 2010
- Мислења
- 13.942
- Поени од реакции
- 25.212
Овие две репрезентации се сретнаа во Осло, а домаќинот славеше со 3:0. Капитенот на Гибралтар Рој Чиполин пристапил кон Халанд по крај на меч одигран во март и го побара неговиот дрес за својот син. Наместо дрес доби реакција на која не се надеваше и затоа пред 10 дена играчите на Гибралтар само минуваа покрај ѕвездата.
„Го игнориравме. Во март нашиот капитен Рој Чиполин побарал дрес од него. Му рекол: Мојот син е твој голем фан, можеме ли да ги замени? Реакцијата била изненадувачка. Халанд само го погледнал, се насмеал и заминал. Тој може да купи работи, но не и класа, таа не може да се купи. Имаше шанса на мало дете да му направи големо задоволство, но кажа не. Од таа причина никој од нас не го сакаше неговиот дрес во Осло“-откри играчот на Гибралтар Рис Стајч.