- Член од
- 14 август 2012
- Мислења
- 1.705
- Поени од реакции
- 738
Бундеслига 2015-16 ќе биде 53та Бундеслига сезона.Вкупно 18 тимови ќе се натпреваруваат и ќе се обидат да станат шампиони.
Сезоната најпрво ќе започне со супер куп натпреварот помеѓу Волфзбург како освојувач на минатогодишниот Германски Куп,и Баерн Минхен кој е актуелен шампион.Натпреварот ќе се одигра на 1.8.2015 на стадионот на Волфзбург, односно на Volkswagen Arena.
Фрајгбург и Падеборн се тимовите кои испаднаа претходната сезона, додека Дармштад и Инглоштад се тимовите кои успеаа да влезат во Бундеслигата.
Првото коло, воедно и стартот на Бундеслигата е закажан на 14.8.2015, кога екипата на Баерн Минхен ќе го започне походот кон одбраната на титулата пречекувајќи ја екипата на Хамбургер на Алијанц Арената.Борусија Дортмунд сезоната ја започнува протиф Менхенгладбах на својот Сигнал Идуна Парк.Екипити на Баер Леверкузен и Волфзбург ќе ги пречекат тимовите на Хофенхајм, односно Ајнтрахт Франкфурт.Ново влезените екипи на Инглоштад(гости) и Дармштад(дома) ќе играат против Мајнц и Хановер.Другите двојки од првото коло се Аугзбург-Херта, Бремен-Шалке и Штудгард-Ќелн.
Баерн Минхен и Борусија Дортмунд ќе се сретнат во 8 коло, на 3.10.2015.
Локациите на тимовите:
Екипите кои што имаат нови тренери се Борусија Дортмунд каде Томас Тухел го замени Јирген Клоп, Хуб Стивенс си замина од Штудгард и неговата замена е Александер Цорнигер, Андре Брајтенрајтер е новиот тренер на Шалке, одкако Роберто ди Матео си замина, а во екипата на Ајнтрахт Франкфурт Армин Вех го превзеде тренерското место од Томас Шаф.
Екипите кои ќе се пласираат од 1-3 место ќе обезбедат место во групната фаза од Лигата на Шампиони,4-то пласираниот ќе игра плеј-оф за влез во групната фаза.5-то пласираната екипа обезбедува место во групната фаза од Лига Европа,6-то пласираниот тим има место во третото коло од квалификациите за Лига Европа.17 и 18 пласираните екипи на крајот од сезоната ќе испаднат во Бунеслига 2 , додека 16-то пласираниот тим ќе игра бараж дуел за опстанок.