Заеби Вердер, Херта, Сане - најважната вест денес е дека Ајнтрахт Брауншвајг се враќа во втора лига. После долга и мачна сезона, екипата чијашто игра може да се опише како "избаци напред па што ќе е нека е" (сепак позабавно да се гледа од Барселона моментално), после безброј утакмици што по некаква случајност и огромна среќа ги победија, мислевме дека на таа среќа и дојде крај минатото коло кога у последни 2 минути од 2-1 изгубија 2-3.
Уште кога видов пречки од Манхајм денес знаев дека коцките ќе се поклопат, колку и да беше за неверување. Сите директни конкуренти освен Дуизбург играа со нискоранкирани екипи и по некоја случајност сите изгубија, мислиш и Џаро и Моџи цела лига на ливче ја имале денес. Баерн II губи од Дуизбург 1-2 и за да влезе директ Брауншвајг треба бар нерешено да изигра Баерн...нормално дадоа гол у 92ра.
Наредната сезона во 2ра лига ќе биде кланица со екипите од северот...за тие што не знаат, најомразени ривали во Германија се Брауншвајг и Хановер, летаат мртви свињи и хеликоптери пред утакмици. Додај Хамбург а можда и Бремен...само да дозволат публика
Прегледај го приврзокот 257350