Bundesliga

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.063
Поени од реакции
57.314
Епа премногу ќе е трета сезона по ред ако се спасуваат за влакно

Гледам имале доста поранешни прволигаши во тим.
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.194
Поени од реакции
21.345
Абе @Igorcemk толку многу надеж имаше во Тухел, ќе бил и подобар од Клоп...
Абе Пеџа па и ти се повторуваш веќе не е интересно.

Тухел спортски е одличен и убеден сум дека ќе имаше успех со тимот а и ќе има во иднина. Тухел ги постигна сите спортски цели и е тренер со најдобар просек во поени во историјата на Дортмунд. Но на крај човечките способности или подобро неспособности беа пресудни за овој чекор. Никој тренер, па ни Тухел кој сега освои негова прва титула, не е поголем од Дортмунд. Тухел не е лојален и искрен, неможеш да имаш доверба во него, го дели тимот, има слаба комуникација итн. и овој чекор е потребен за да нема експлозија следната година оти тогаш сите ќе се чешаме. На крај неговото понашање е што можеше да се очкува имаќи предвид како замина од Мајнц и на кој начин им одкажал на Лајпциг и Хамбург пред да дојде во Дортмунд.

Најважно е да нема поделби во тимот. Шмелцер како капитен, заедно со Ројс, Бендер и Пишчек кои се тимскиот совет го бранеа Шахин вечерта по победата во купот во тв студиото. Тухел му вети дека ќе игра а три саати пред партијата без објаснување го извади од тимот и тоа ни на клупа не седеше. Доволно кажува колку Тухел бил популарен во тимот. А приказната со Мор е приказна за себе.

Борусија Дортмунд и секој друг тим не се води така, покрај спортскиот успех и социалната компетенца на тренерот од многу битна. Едно без друго не оди за долго.[DOUBLEPOST=1496168110][/DOUBLEPOST]
Каква неправда? Тоа што не ги сакаш Волфсбург не значи дека незаслужено победија во двомечот. Вчера 0-5 беше реален резултат, ги упропастија во секој можен аспект од фудбалската игра. Со ништо не заслужи Брауншвајг да победи вчера, а ни општо во двомечот.
Волфсбург во првата партија доби непостоечки поклон и не ги гледав Брауншвајг толку послаби. Неправдата лежи во тоа што еден тим игра вондредна сезона и заслужува да оди во прва а другиот обратно игра катастрофална сезона и заслужува да оди во втора. Во нерамен меч меѓу прволигаш и второлигаш се решава во 2 партии кој да игра прва лига. Неправдата лежи општо во релегацијата.[DOUBLEPOST=1496168336][/DOUBLEPOST]
Потврда и од Дортмунд

http://www.bvb.de/News/Uebersicht/Borussia-Dortmund-und-Thomas-Tuchel-gehen-getrennte-Wege

Штета, за мене е добар тренер и беше вистинскиот за Дортмунд. Сега Фавр нека го земат кој практикува друг фудбал за разлика од Клоп и Тухел па можеби Вацке нема прво преку медиумите да изјавува работи кои не треба да се изјавуваат.
Тухел е линдра, знае во јавноста да се покаже ама всушност ако пола тим, цела управа и скоро цел стручен штаб има проблем со Тухел, тогаш проблемот лежи во него а не во другите. Тоа ти како на автопат да возиш во погрешна лента на погрешен правец и цело време коли идат кон тебе. Место да сврти Тухел тој одлучи да додава туража. Па паметниот уште прв објавил на Твитер дека нема да биде тренер повеќе место клубот. И тоа пази саат пред разговорот направил твитер акаунт. Ништо не научи и доволно кажува за Тухел. Клубот не е негов.

Цорк е 40 години во Дортмунд има освоено све а Вацке го спаси Дортмунд без него немаше да постојт поќе овој клуб. Не верувам дека на Тухел повеќе му лежи Дортмунд на срце него на овие двајца.
 
Последно уредено:
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Пак доаѓаме до тоа, дека е боље од Клоп а очигледно не е.
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.194
Поени од реакции
21.345
Разбравме, и сега? Има нешто врска со тоа што се дешава во Дортмунд?
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.731
Поени од реакции
9.779
1860 Минхен исклучен од професионалните лиги, од втора директно во аматерска лига. Оној Арапот или од кај и да е инвеститор не сакал да даде пари за лиценца, но ќе останел во клубот...
 

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.546
Поени од реакции
9.457
Шалке и Колашинац го дадоа без пари. Колашинац, Матип и Фукс во последните две години заминаа без обештетување.
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.194
Поени од реакции
21.345
Кај нашле ваков бош тренер ? :icon_lol:
Овој иде од потрофеен клуб него Клоп или Тухел на пример.[DOUBLEPOST=1496774058][/DOUBLEPOST]
Шалке и Колашинац го дадоа без пари. Колашинац, Матип и Фукс во последните две години заминаа без обештетување.
Шалке е во големи го.на. Макс Мајер одлучи да не го продолжи договорот а и Горецка ќе оди или сега или вгодина. И младинците на Шалке не произведуваат веќе топ таленти, последните години беа неповторливи. И на крај Шалковци со таковото врака останаа. Тоа ти е катастрофално водење на клуб. Пример Дортмунд како сличен клуб со никакви таленти и без пари за 10 години успеа буквално од клуб пред гаснење да стана топ10 клуб. А Шалке? Ништо.
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.194
Поени од реакции
21.345
Знам бе Игорче се заебавам за презимето
Мислам Бос се кажува. Денес на пресот баш го прашаа како да го кажат името а тој им рече Петер. :LOL:
 

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.546
Поени од реакции
9.457
Милан го земаа Родригез од Волсфбург. Квалитетен играч земаа за релативно ефтини пари барем според мене. Какови играчи заминуваат од Бундеслигата за ефтини пари (Крос за 25, Кедира за 10, Озил за околу 15) а за некои недокажани медиумски напумапни звезди и малолетници од Јужна Америка се плаќат астрономски суми...
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.194
Поени од реакции
21.345
Милан го земаа Родригез од Волсфбург. Квалитетен играч земаа за релативно ефтини пари барем според мене. Какови играчи заминуваат од Бундеслигата за ефтини пари (Крос за 25, Кедира за 10, Озил за околу 15) а за некои недокажани медиумски напумапни звезди и малолетници од Јужна Америка се плаќат астрономски суми...
Родригез не е оној што беше затоа цената си е сосема ок. Едно време се мислеше дека ќе експлодира ама тоа беше мал хајп до некаде, затоа и другите големи клубови кои порано имаа интерес сега не се ангажираа.
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
13.964
Поени од реакции
25.278
Овој иде од потрофеен клуб него Клоп или Тухел на пример.[DOUBLEPOST=1496774058][/DOUBLEPOST]

Шалке е во големи го.на. Макс Мајер одлучи да не го продолжи договорот а и Горецка ќе оди или сега или вгодина. И младинците на Шалке не произведуваат веќе топ таленти, последните години беа неповторливи. И на крај Шалковци со таковото врака останаа. Тоа ти е катастрофално водење на клуб. Пример Дортмунд како сличен клуб со никакви таленти и без пари за 10 години успеа буквално од клуб пред гаснење да стана топ10 клуб. А Шалке? Ништо.
Голема грешка од управата каде што имаше голема улога и бившиот им спортски директор Хорст Хелд кој стана сега спортски директор во Хановер. Мајер сигурно ќе го продадат зошто и баш не се задоволни од него и ќе земат некоја сума од него. 21 година е и има потенцијал за повеќе, но ќе видиме. Но, еве Горецка сакаат да го задржат барем уште една сезона што значи ќе бега како слободен играч наредната година.


Не објавија уште во кој клуб, но изглеа после европското првенство до 21 година ќе потпише за Хофенхајм според медиумите деновиве што дознаа.
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
13.964
Поени од реакции
25.278

45-годишниот Хајко Херлих е нов тренер на Баер Леверкузен. Доаѓа од Јан Регензбург каде што од 4-та лига ги внесе во 2-та Бундеслига. Има и играно во минатото за Баер Леверкузен.

Сањол нов асистент на Анчелоти (y)


Инаку според медиумите Вајнцирл од Шалке ќе добие отказ и за нов тренер ќе биде назначен 31-годишниот Доменико Тедеско кој важи исто како и Нагелсман за тренер со голема перспектива. Испитот што го полагале за лиценцата за тренер заедно со Нагелсман имал и подобар просек од Нагелсман. Од јануари ги превзеде Ауе од 2-та Бундеслига и успеа да избори опстанок со нив.
Тој Вајнцирл на претставувањето во Шалке минатото лето беше изјавил на пресконференцијата дека кога барал смештај бил одбиен повеќе пати пошо сакале да издаваат куќи (станови) на лица кои ќе седат подолг рок и во право биле за него што се сомневале :pos:
Инаку и Конопљанка изминатите денови за украинските медиуми дрско го критикуваше Вајнцирл изјавувајќи дека при еден тренинг, Вајнцирл му пријдол и му рекол као те приметувам дека имаш голема желба да играш па можеби ќе те ставам во стартниот состав, а овој му плеснал као дури сега ли приметуваш? Кога ме сакаше да играм за тој тим и клубот плати 12 мил.евра тогаш што мислеше? :pos:

Али какви млади тренери има во Бундес со голема перспектива и тренери кои во иднина ќе водат и поголеми клубови. Нури (Вердер), Волф (Штутгарт), Тухел, Хазенхутл (Лајпциг), Нагелсман (Хофенхајм), Тедеско, Унгарецот Пал Дардаи (Херта) па и овој Херлих на Леверкузен. Нико Ковач исто добро се покажа сезонава.
Страшна работа. :cuc:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom