Bundesliga

Член од
14 април 2012
Мислења
31.409
Поени од реакции
62.005
За воља на вистината, и ја прочитав дека го нападнале 4 деца на возраст од 16-18 години, ама што попил отказ од клубот, можеби и не е толку невин.
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.148
Поени од реакции
21.197
Абе се запнавте за Гроскројц. Тој со неколку малолетни од младинските тимови на Штутгарт, негде 16/17 години бил на матуркса забава низ Штутгарт па се очукале, се букале со некои проститутки па се степале со други. Искрено не знам колку е Гроскројц виновен за тепачката мислам жртва е поред тоа како му беше фацата. Но Штутгарт на крај го одпушти поради тоа што инволвирани беа играчи од младинските тимови репутацијата на клубот и младинската школа страда. И плус Штутгарт искористи шанса да се тараси од играч кој зема голема плата. Поред мене е грешка на клубот и не е чудно што клуб како Штутгарт е втора лига со катастрофална управа. Колку играчи се пијанчат, прават глупости итн па никому ништо ама Гроскројц нема лоби што го штити па е лесна жртва.

Али, Гроскројц е единствен играч мислам од тие со име, што остана во Штутгарт во втора лига и вети дека ќе остане дур се врати Штутгарт во прва лига. Гроскројц е искрен играч и ти го кажува тоа што мисли, лојален и со вредности како ние фанови затоа што е фан. Не е мазен играч без карактер, напротив и затоа и во Дортмунд и во Штутгарт меѓу фановите има голем углед. Не за џабе има петиција со 30.000 потписи за да се врати Гроскројц односно управата да го врати.

На крај од лето нека си оди во Англија, таму знаат да ценат такви играчи и Штутгарт нека си ебе мајката. А тоа што фановите на Баерн не го љубат јасно е, Гроскројц им има опнато по некој гол па затоа им е трн во око.
 
Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
13.944
Поени од реакции
25.213
Искрено не знам колку е Гроскројц виновен за тепачката мислам жртва е поред тоа како му беше фацата
И плус Штутгарт искористи шанса да се тараси од играч кој зема голема плата.
На крај од лето нека си оди во Англија, таму знаат да ценат такви играчи и Штутгарт нека си ебе мајката. А тоа што фановите на Баерн не го љубат јасно е, Гроскројц им има опнато по некој гол па затоа им е трн во око.
Знаев дека ќе претераш, но не знаев дека до толку многу. :pos:

Жрвта бил пошто фацата му била подувана. Сигурно онака од ќејф решиле да му ја сменат фацата.

Да да, во март месец Штутгарт се реши да се отараси од него поради големата плата. Ако веќе сакаа да се отарасат тоа минатото лето ќе го направеа, не сега на три месеца ред крајот на сезоната и откако е сигурно веќе 80% дека ќе се вратат во Бундеслига. Кои муабети ги направи Игорче, ауу :facepalm:
И Гентнер остана кој е долго време таму и кој беше еден од малкуте кои играа добро минатата сезона. Инсуа, Баумгартл и Лангерак исто останаа. Гинчек исто.

Ние фановите на Баерн не го љубиме? :LOL: Ни дал гол некогаш на кој не се ни сеќавам. Која логика. Скоро секој викенд некој играч ни постигнува голови, и тоа автоматски според твојата логика значи дека не го сакаме тој играч. :pos:
Да, ќе иде во Англија, ама на некоја прошетка можеби со фамилијата. Друг начин не гледам. Доколку се реши повторно да заигра фудбал, што не верувам, тогаш некој второлигаш или третолигаш од Германија само ако му дадат шанса. Друг начин не гледам. Си ја заврши кариерата на високо ниво.
 
И ти си кажујш приказни. Вака сега: Гроцкројц беше вмешан во тепачка и добро го начофтаа. Што како не знаеме али често го провоцираат затоа што е така лесен на уста. Дали му се допаѓа некому или не нема врска, таков карактер е. Е сега ја не знам што друго направил значи ништо криминално. За разлика вие од Баерн требате да си чутите. Бекенбауер е осуден за затајување данок, Хенес лежеше взатвор за затајување милионски суми на данок, Румениге е осудувам поради шверцување на Ролекс сатови, Рибери букал малолетна а Брено запали куќа. И што се дешава во Баерн? Бекенбауер е почесен претседател, Ули пак е претседател, Румениге менаџер, Рибери му е све простено и уште е во Баерн, само Брено го окрка и знаеш зошто? Затоа што беше слаб играч и не мега звезда искористија шанса да се ослободат од него. За разлика Гроскројц со тепачката е цвеќе и да бил крив не знам да повредил некого оти одма ќе се јавеа. Ти самиот не знајш за што да го обвиниш. Едноставно ви е трн во око оти не ви чутеше и му беше ноќна мора на Робен.

И Штутгарт искористи шанса да се ослободи од него затоа што сега речиси сигурно ќе влезат пак во прва, не им треба повеќе а и беше добар ама не неопходен за тимот. Да беше неопходен тикви ќе го избркаа.

Иначе тој рече моментално него и фамилијата да ги остават на мир, пишав оти, затоа што вечерта беа во јавна куќа па си има домашни проблеми, нели. Секако до лето не смее да оди никаде а ќе видиме кај ќе оди. Има доста тимови кој би го зеле одма, и тоа прволигаши во Германија а и од други земји.
 
Колку глупости истреска и како ја вртиш темата бидејќи не ти одговора. Па сите детали сигурно нема да ги објави Штутгарти заради неговиот углед. Како и да е, доволно е и тепачката за отказ. Си има проблеми во главата човекот, откако испадна во 2 Бундеслига, прку социјалните мрежи само зборуваше негативно скоро за сите клубови, за да добие некакво внимание бидејќи го снема. И наместо да се гледа самиот себе како пропадна бидејќи нели целта претодно му беше ПЛ и Ливерпул. Ама тоа е кога гледаш во туѓиот двор наместо да се грижиш за самиот себе, да работиш на напредок, тој еве до кое дереџе спадна.

И не ми врти темата со Брено и Ули. Ули си одлежа затвор заради данокот и нормално се врати. Го изгласаа и завршена работа. Човек што цел живот е со Баерн. А за Брено истреска уште поголеми глупости. Многу му помогнаа Ули и Баерн и пријателски се разделија и се врати во Сао Пауло. Ама тоа е кога сакаш да испревртуваш работи како македонските политичари и едноставно не признаеш дека Гроскројц пропадна последните години. Како само знаев уште претходно откако Џонтра не тагна дека ќе го браниш со глупави причини дека е жртва и дека не требало отказ да добие, а притоа и самиот играч си призна дека направил голема глупост плачејки дека не сака да има ништо веќе со професионалниот фудбал. И се извини на сите.
Еве за некоја година ќе го вработи некоја ТВ да биде “експерт“ па таму ќе може уште повеќе да ја отвара устата и да збори негативно за сите клубови освен Дортмунд.
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.620
Поени од реакции
14.357
OMG сега читам ИгорчеButthurtMK што напишал :pos::tapp::tapp::tapp::tapp::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:

Дно-дна.o_O
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.148
Поени од реакции
21.197
Знам дека е дно-дна што Гроскројц добил одказ такаречено поради тоа што бил вмешан во тепачка и ние предпоставуваме како било и сигурно имале нешто што бил избркан ама ништо не знаеме ама дека е Гроскројц мора да има нешто.

А не е дно-дна што Баерн е воден од криминалци, Ули лежел во затвор а Румениге е условно осуден. А и дека Рибери се букал со малолетна што се казнува не е страшно ете си игра во Баерн. А Гроскројц на пример не се сеќавам дека бил кривично гонет а за Рибери имало истрага, на пример.

Изгледа дно-дна е само тоа што вас не ви се допаѓа ама очигледно моралните стандарди ваши не важат за вас, оти нели, ако правдате одпуштање на играч поради тоа што бил вмешан во тепачка, би морало да сте за повлекување на Румениге и Хенес, оти нели, двајцата се осудени - еден лежел а другиот условно.[DOUBLEPOST=1489267386][/DOUBLEPOST]Иначе ја сум за поголема толеранција, ако е до мене играчите нека се будалеат колку сакаат ако играат како што треба. Ми пречат само двојни стандарди па сте го зеле Гроскројц кој и онака ви е омразен фудбалер.
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445
Си истреска глупости прерано како што ти кажав. Безвеза испиша толку многу работи тогаш. Дортмунд - Леверкузен беше пренесувана во саботата, а викендот ќе биде пренесувана утакмицата Херта - Дортмунд иако и Ајнтрахт Франкфурт се бори за позициите за ЛЕ како Херта. За две недели Баерн гостува на Менхенгладбах, но натпреварот ќе се игра недела, па ќе имаш тој викенд можност во сабота од 15:30 да гледаш Хофенхајм - Леверкузен. Потоа на 1ви април ќе биде пренесувана Шалке - Дортмунд. И сега за сите кола што се испожали испадна грешка. Крај краева не дека гледаш толку Бундеслига, но да се пишува нешто.

Инаку Роџер Шмид доби отказ од Леверкузен и до крај на сезоната ќе ги води Тајфун Коркут, млад тренер. За новата сезона се шпекулира со имиња како Нагелсман (Хофенхајм) за кој нема шанси да ги напушти Хофенхајм, не посебно откако има големи шанси да играат и ЛШ или ЛЕ. Се спомнува и Клинсман и Лусиен Фавр од Ница кој исто така не верувам да ги напушти Ница откако станаа големи шансите да играат и тие во ЛШ. Но, нормално доколку им тргне со новиот тренер Коркут , не е исклучено и да се продолжи со него договорот.
Не беше ниту ти сигурен пред повеќе од месец дена дека во овие две Саботи од 15:30 нема да оди Баерн во пренос.
Па и ти сега се јавуваш како генерал после битка.
Подобро да се истрескам глупости пред месец дена, отколку како ти да се јавувам како генерал после битка.
Да беше ти сигурен дека немаше Баерн да оди во пренос ова што си ми го пишал ќе си го напишал пред месец дена генералу после битка.
Зошто не ми реплицира пред повеќе од месец дена на мојот коментар дека на 4 Март во 15:пренос ќе биде Дортмунд-Леверкузен а на 11 Март во 15:30 пренос ќе биде Херта-Дортмунд?
Ако беше сигурен си требал тогаш да реплицираш, а не сега да изигруваш генерал после битка. Тогаш пред месец дена и ти и останатите ликови на форумов претпоставувавте Баерн ќе оди во пренос па тогаш молчевте.
Голема работа Антрахт Франкфурт си пишал се бори за позиции за Лига на Европа.
Ќе се бори Франкфурт за Лига на Европа кога Леверкузен, Шалке, Менхенгладбах имаат пад во резултати.
И Келн има шанси за Лига на Европа, па и нив да не ги сметаш за моќен клуб со тоа?
Келн со Инголштат последни 30 минути играа да не изгубат чисто за пример.
Имаш клубови кои се на позиции за борба за излез во Лига Европа поради сплет на околности.
 
Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
13.944
Поени од реакции
25.213
ошто не ми реплицира пред повеќе од месец дена
Ги изгледа ли барем натпреварите кога беа пренесувани или чисто онака се бунтуваше тогаш колку да замериш нешто и да се расправаш.

Како бе не ти реплицирав. Па смешки изнапиша тогаш. Дортмунд - Леверкузен и Дортмунд - Шалке нема да биле пренесувани, а секогаш се пренесувани и во минатото. Од натпреварите Баерн - Ајнтрахт и Херта - Дортмунд не бев сигурен кој меч ќе даваат и затоа не спомнав ништо тогаш (но ете беше пренесувана Херта - Дортмунд), за разлика од тебе кој беше сигурен дека на сметка на Баерн - Аугзбург нема да биде пренесувана Дортмунд - Шалке како и Дортмунд - Леверкузен и изнапиша толку голем пост што си ги прегледал сите кола до крајот на сезоната и за сите скоро си погрешил :tapp:. Ова некој како тебе шо не прати толку Бундес може да каже такво нешто.

Еве те пак да се прочиташ, доколку ис заборавил
23 коло од 15:30 играат Келн-Баерн и Дортмунд-Леверкузен и се знае однапред преносот. Во ред ли е тој избор на пренос?

Во 24 коло од 15:30 ќе оди пренос Баерн-Франкфурт а во истиот термин играат Херта-Дортмунд и Лајпцих-Волфсбург.

26 коло е интересно од 15:30 ќе имаме пренос од Баварско дерби Баерн-Аугзбург а во ист термин ќе се игра дербито Шалке- Дортмунд. ;)
Da da sigurno deka nema da gi davaat Dorrmund - Schalke na smetka na Bayern - Augsburg. Ok e.
И тоа било многу што сум те цитирал. Не ни требало да те цитирам и да обрнувам внимание на некој што не прати ниту прател Бундес и да каже такво нешто дека Дортмунд - Шалке нема да биде пренесувана на сметка на Баерн - Аугзбург.

Па и уште дискутираш откако згреши наместо да седиш мирен или да си признаеш дека си згрешил тој уште ме цитира и се расправа уште.
 
Член од
5 јуни 2015
Мислења
696
Поени од реакции
445
Ги изгледа ли барем натпреварите кога беа пренесувани или чисто онака се бунтуваше тогаш колку да замериш нешто и да се расправаш.

Од натпреварите Баерн - Ајнтрахт и Херта - Дортмунд не бев сигурен кој меч ќе даваат и затоа не спомнав ништо тогаш

И тоа било многу што сум те цитирал. Не ни требало да те цитирам и да обрнувам внимание на некој што не прати ниту прател Бундес и да каже такво нешто дека Дортмунд - Шалке нема да биде пренесувана на сметка на Баерн - Аугзбург.

Па и уште дискутираш откако згреши наместо да седиш мирен или да си признаеш дека си згрешил тој уште ме цитира и се расправа уште.

Број 1. Ако мислиш да продолжиш со реплицирање кон мене држи се до тоа што си го напишал на 61 страница. За да не испаднеме како оние ликовите во Топ Тема на Телма, секој на секого кажува што сака и надвор од тема на дискусија.
На 61 страница од темава си ми пишал за 23 и 24 коло кога место да се пренесуваат средбите Келн-Баерн и Франкфурт- Баерн биле пренесувани средбите Дортмунд-Леверкузен и Херта-Дортмунд, и сега ми забегуваш со коментар за 26 коло и за тоа дали ќе биде пренос Баерн-Аугзбург или Дортмунд-Шалке.

Зошто така забегуваш? Ми коментираш за 23 и 24 коло на 61 страница и јас ти пишувам на 62 страница зошто тоа не си го напишал пред месец дена ако беше сигурен дека нема да оди Баерн во пренос, туку сега се правиш генерал после завршена битка? И ти не даваш одговор зошто сега се правиш генерал туку бегаш од реалноста и не даваш одговор.

Држи се до тоа што си претходно напишал за 23 и 24 коло, не бегај за 26 коло.
Зошто не ми реплицираше пред месец дена за 23 и 24 коло, веројатно и ти тогаш сметаше дека Баерн ќе оди во пренос.
Не ми треба твоја реплика за тоа дали ќе оди во пренос Дортмунд-Шалке или Баерн-Аугзбург во 26 коло, ми треба твоја реплика од пред месец дена за 23 и 24 коло, дека ти тогаш си пишал дека нема да оди Баерн во пренос. Дај ми доказ дека тогаш ми имаш реплицирано за 23 и 24 коло, и јас ќе ти тогаш кажам дека ти си во право.
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.148
Поени од реакции
21.197
Иначе Германската Скај го пренесува Дортмунд Хамбург на 4. Април на отворениот канал Скај Спорт Њус ХД (y)
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.148
Поени од реакции
21.197
Тој што го напиша ова е голем деген и идиот без врска. Знам дека ти Џонтра само линкот го стави ама општо сакам да коментирам за текстов.

Гроскројц мочал во хотел лобито - ок. Гроскројц фрли со сендвич по друг после провокација, ок. Абе глауч еден што го напиша овој текст, дали утепа човек?

Пред некоја година играчи редовно се пијанчеле па никому ништо. Сакаме играчи со муда а глумиме моралисти ако некој не се моча во шоља или фрли со донер по некого - а и овој што бил погоден, демек, се жалел дека „Навивач во полицискиот записник напишал дека видот му се оштетил од лутиот чили сос со кој го погодил Гроскројц.“ ... абе окото требаше да ти го извади идиот еден што го провоцираш.

Иначе не памтам во Штутгарт да направил нешто, напротив. Омилен беше и е кај фановите, ден после одказот 30.000 фанови на Штутгарт потпишале петиција за да се врати Гроцкројц. А за тепачката не се знае ништо во јавноста освен тоа што Кевин добил неколку директни. Штутгарт едноставно искористи шанса да го избрка.

Иначе денес Вацке изјави дека Кевин е добредојден во Дортмунд и дека може да тренира со вториот тим. Значи тие “големи“ скандали кои ги имал во Дортмунд врска немаат со односот на управата према играчот, тој од спортски причини замина од Дортмунд и не беше избркан.
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.148
Поени од реакции
21.197
https://www.welt.de/sport/fussball/article162929457/Stuttgart-nennt-Hintergruende-der-Grosskreutz-Trennung.html?wtrid=socialmedia.socialflow....socialflow_facebook

Еве оти Штутгарт го избрка Гроскројц. НЕ дека нешто направил туку после случајов се јавувале загрижени родители во клубот па тој сакал да покаже дека одговорно се справува со темата. Значи клубот кој има одговорност за децата очигледно не ја исполни таа и ја префрли вината на Гроскројц. Затоа не го бидува како клуб.
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.148
Поени од реакции
21.197
Bravo Werder!! :bravobe:

Tradicija

protiv

Kajgana Shop

На врв Bottom