Brushy One String

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Andrew Chin ви ја носи Џ'мејка во вашата дневна соба. Тој плени со своите музички изведби, свирејќи на гитара само на една жица. По тоа го добил и прекарот Brushy One String и иако со музиката се дружи од своето детство, дури пред неколку месеци светот ја имаше честа да се запознае со неговата несекојдневна интерпретација. Успеа да сними и албум 'Destiny' кој содржи 8 песни.



За невообичаеното музичко постоење снимен е и документарниот филм Raise Up, кој зборува за неговиот подем низ алтернативната музичка сцена на Јамајка. Оваа земја во филмот е претставена како оаза на неколку музички стилови т.е место каде музиката не е само забава, туку и начин на живот.

Филмот освои неколку меѓународни награди, а со тоа на голема врата влезе и на американскиот пазар, ситуација кој го означи подемот на кариерата на Brushy One String.

На моменти ви се чини дека сте присутни на фатален инфаркт, кога го слушате знае да го изгуби здивот, но веднаш потоа се враќа посилен, билдајќи уште повеќе емоции на вашето конто.

Заразната гитарска изведба со примеси на блуз и неодоливиот глас, ентузијазмот кој пука од него како татнеж на утринска ерекција, скромноста која ја поседува (дури и сега кога е познат и светот го сака тој сеуште најчесто е на улицата), способноста за транслација од ритмичко реге во блуз крик, талентот да ви овозможи да се гушнете од внатре, го прави вреден за преслушување. Истражи ја Џ'мејка!

Најпознатата:​
Мојата омилена:​
И:​
 

Kajgana Shop

На врв Bottom