- Член од
- 23 јуни 2008
- Мислења
- 4.002
- Поени од реакции
- 4.245
IMDB
Засега омилена од новите серии. Три епизоди досега емитувани, сите три се цепки и конечно некоја нова комедија на која можеш подобро да се насмееш. Посебно јаки ми се Роса и ЧарлсДетективот Џејк Пералта (Andy Samberg) е доволно добар полицаец да не мора многу да работи или да се држи стриктно до правилата. Можеби поради тоа што има повеќе апсења од другите или затоа што постојано му угодуваат. Но сè се менува кога доаѓа новиот шеф на полиција, капетанот Реј Хот (Andre Braugher). Тој ќе го потсети “најдобриот“ полицаец дека мора да ја цени значката. По бројот на апсењата го следи детективката Ејми Сантјаго (Melissa Fumero). Ејми пораснала со седум браќа и сите се полицајци. Таа е прва девојка од семејството која носи униформа и е многу натпреварувачки настроена.
Со нив работат и останатите откачени детективи: Тери Џефордс (Terry Crews), Чарлс Бојл (Joe Lo Truglio), Роса Дијаз (Stephanie Beatriz), Џина Линети (Chelsea Peretti). Како креатори на серијата се појавуваат Dan Goor и Michael Schur познати по серијата "Parks and Recreation".
Мислам дека се одлична актерска екипа, откачени, доволно луди за да те насмеат, но она што ме плаши се рејтинзите кои почнаа да паѓат, се надевам ќе и даде FOX зелено светло за натаки серијата си заслужува.