Breaking Bad

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.375
Поени од реакции
17.903
Ја гледа ли некој серијава? јас веќе ја завршив и едвај чекам да почне новата (3) сезона многу добро смислено со некои ситни грешки но сепак е одлична. Глумата е на ниво а и приказната не е за фрлање!

Дефинитивно ја препорачувам за сите што скаат да видат нешто поразлично,уникатно. Одлична серија нема што.

http://www.imdb.com/title/tt0903747/
 
џимеј

Модератор
Член од
4 март 2007
Мислења
10.085
Поени од реакции
23.789
Чим Psyside ти препорачвит нешто, ич не му ја мисли, сигурно е нешо јако :).

Ко ке имам време ќе ги спуштам и овие, деновиве се занимавам со Lie to me.
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
111
Интереесна серија за човек кој се обидува да обезбеди за својата фамилија кршејќи го законот. Интересна драма но ми пречи што е малку бавна, олекував успехот во пробивањето да оди малку побрзо.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.375
Поени од реакции
17.903
Чим Psyside ти препорачвит нешто, ич не му ја мисли, сигурно е нешо јако :).

Ко ке имам време ќе ги спуштам и овие, деновиве се занимавам со Lie to me.
Фала фала, мило ми е што по форумиве конечно најдов некој со којшто имам сличен вкус :)

Иначе во серијава на кратко се работи за еден средновековен човек којшто откако дознава дека има рак, се одлучува да создаде финансиска подкрепа за неговоро семејство составено од (трдуна жена и болен син,тинејџер) којшто пак ги поминува своите најубави години многу тешко, борејќи се со болеста и немаштијата. Погоден од сето ова и финансиската немоќ за подкрепа на своето семејство таткото, главниот лик во серијата се одлучува на еден радикален чекор за обезбедување на финансии и иднина за своето семејство кога него веќе ке го нема (докторите ќе му предвидат дека му останува малце време/ живот) Од тој момент станува многу интересно!

Дефинитвно серија која нема да зажалите ако ја погледнете.

Доколку пак оваа не ви се свиѓа, моја друга препорака е Six Feet Under!(според една од најдобрите серии некогаш напревена) со едно мало предупредување, серијата е многу тешка,трогателна и верувајте ми дека не е за секого. Но доколку се одлучите да ја гледате бидете спремни за едно реланистично трогателно а сепак прекрасно патување во најтешките моменти од западниот па делумно и балканскиот човечкиот живот.

Извинување за офтопик, не можев да издржам :)
 
Море најтешките драми на Тв ги гледаш, само уште анатомијата на Грејс ти фали :smir:.

Сепак ако ја сакаш Six Feet Under од истиот креатор ја имаш и True Blood можам да ти ја препорачам, мислам дека ќе ти се допадне.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.375
Поени од реакции
17.903
Веќе ја изгледав, одлична е. Фала у секој случај :)
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
697
Само што ја догледав втора сезона и морам да кажам дека waaay подобра од првата.
Идејата со cliff hanger на почетокот од секоја епизода, брилијантно.

Не ја почнувам 3 сезона додека не заврши целата, нема шанси една по една епизода да ги гледам.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.375
Поени од реакции
17.903
Епа јас ја почнав третата :vozbud: и сега можам да кажам со сигурност, дека ова е убедиво најдоброто шоу што иде у етер моментално. Значи ништо не доаѓа ни приближно до оваа серија. Третата сезона ја оставив како главен тест за квалитетот на шоуто, и на мое големо изненадување иако сите серии некако паѓаат во квалитет после 2/3 сезона Брејкинг Бед не е една од нив!

Одлична глума, одлична идеја,одлично сценарио одличен сетап..перфектна серија, од мене има чиста 10-ка :vozbud:

Неможам да дочекам до утре кога излага 4-та епизода!!!!!

Гледај те ја нема да зажалите!
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Ја гледам серијата, скоро почна 3та сезона. Интересна е за губење време, ама искрено според тематиката очекував повеќе, така да не е нешто специјално. Инаку финалето на 2та сезона беше лудило
со авионите кога се срушија
.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.375
Поени од реакции
17.903
Ја гледам серијата, скоро почна 3та сезона. Интересна е за губење време, ама искрено според тематиката очекував повеќе, така да не е нешто специјално. Инаку финалето на 2та сезона беше лудило
со авионите кога се срушија
.
Ако оваа серија не е ништо специјално тогаш што е ? :toe:
 
Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Многу јако интро на епизода. :)

Инаку омилена сцена, Волтер кога се враќа кај лудиот дилер Туко со кесичка "метамфитамин". :D
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.375
Поени од реакции
17.903
Многу јако интро на епизода. :)

Инаку омилена сцена, Волтер кога се враќа кај лудиот дилер Туко со кесичка "метамфитамин". :D
Епик!

Исто и:

Kога Туко ќе го (убие од ќутек на тој што ќе работи за него) Какви фаци ќе праат Волт и Џеси !! :icon_lol:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom