Браќата Тавитјан

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Браќата Тавитјан, Гаро јуниор и Дики, се едни од најдобрите македонски музичари.
Одлични џез музичари, одлични музички креативци, одлични тапанари како својот татко посебно Гаро Јуниор, а Дики свири клавијатура, нивните албуми добија највисоки оценки од критичарите а тоа се албумите „Treasure“ и „Македонски неправилни ритми“ - Macedonian Rhythm & Improvisation, нивна е музиката на претставата Александар Македонски, каде Гаро во живо секоја претстава ја свири музиката.

Се изненадив кога сакав да постирам за нивниот последен албум кој наскоро ќе се појави во продажба и видов дека нема тема за едни од најдобрите музичари во Македонија, ама затоа врие од теми за антиталенти за жал.

Новиот нивни албум е албум со преработка на 9 стари македонски песни, всушност албумот е во чест на нивниот татко Гаро Тавитјан и кој е промотор на цд-то, а се отпеани од врвни вокали од југословенските простори. Покрај главните носители на овој албум, браќата Тавитјан, станува збор за Каролина Гочева, Тереза Кесовија, Мики Јовановски - Џафер, Хари Мата Хари, потоа Јосипа Лисац која ќе ја изведе песната Калино моме, Есма со Зошто си ме мајко родила, Жељко Бебек со Јовано, Јованке, Аки Рахимовски со Сношти сакав да ти дојдам на која гитара ќе свири докажаниот музичар Горан Бреговиќ и Масимо Савиќ со Елено ќерко за која е веќе снимен и видеозапис, а има и дел од студиски музичари кои заземаат почесно место.
Овој албум носи наслов ,,Македонското срце чука во седум осмини".
Промоцијата ќе се одржи на 17ти декември во фоајето на Македонска опера и балет во Скопје.



 
Музика од милион долари...се друго е излишно, момциве ги категоризирам во светска елита, бидејќи таму и припаѓаат...само напред!
 
Браво, браво! Ова заслужува секоја почит. Само напред! :smir:
П.С Ако некој добие информации каде ќе се продаваат цдињава набрзо, нека биде добар и нека извести тука. :pipi:
 
Aмбасадори на Македонија низ целиот свет. Секоја чест за нив.
 
Дечките се стварно супер само македонскиот народ не е толку културно воздигнат за да ги поштува и да ја слуша нивната музика.
 
Поштовање за темава. Типциве стварно се феномени. Тоа што тие го прават е музика и промоција на Македонија во светот, за разлика од некои други кои само си гувеат со микрофоните и мислат дека се фаци ако искрекале 2 песни пред 100 луѓе, а не знаат да свират на ниеден инструмент.
 
За жал овие двајца се попознати и попочитувани надвор од земјава отколку во неа:toe:
 
За жал овие двајца се попознати и попочитувани надвор од земјава отколку во неа:toe:

Се додека кај нас постојат некој како Тони зен, сљаткарот и летечи музичари што други им прават “хитови“ ваквите кај нас нема да се ценат.

Инаку браво за проектите од Браќата Тавитјан
 
Момциве се закон. Фини се не се фураат, си прават добро музиче и згора на тоа се одлични амбасадори на Македонија. Тоа што не се толку почитувани кај нас е од проста причина што ние повеќе сакаме друго музиче. Но ете тоа не ги прави помалку вредни. Нека си продолжат така:back:
http://www.youtube.com/watch?v=8ICdC4z2MtY[/URL]
 
Соработка со Џермејн Џексон за цд-то во чест на Мајкл Џексон

Браќата Тавитјан ќе бидат дел од цд-то кое е во чест на Мајкл Џексон, а кое е работено од страна на неговиот брат Џермејн Џексон.
На браќата им била дадена листа со песни од Џексон, а тие ја одбрале песната Wanna be starting something, на која тие ќе имаат свој перформанс.
На ова цд ќе се наоѓаат најголемите хитови на Џексон, дел во инструментална верзија а дел во вокално-инструментална и изведувани од најголемите ѕвезди, пријатели на Џексон кои и беа дел од меморијалниот концерт на Џексон.

Секоја чест :cuc::cuc::cuc:



Воедно и припремаат песна во чест на Тоше, напишана уште пред 7 години од страна на Гаро но сега е изменета и со текст на Марина Туцајковиќ. Песната ќе биде изведена на концертот на 24ти јануари. Ќе биде пеена од Оливер Мандиќ и придружни вокали Бејби Дол.
 
Сега го слушам “Македонско Срце Чука во 7/8“. Мастерпис! Немам повеќе што да кажам. Едноставно перфектно! :wub:
 
Сега го слушам “Македонско Срце Чука во 7/8“. Мастерпис! Немам повеќе што да кажам. Едноставно перфектно! :wub:

Ептен е добро, многу убаво за слушање.......

Само многу преработки, а ништо нивно оригинално, како и многу наши пеачи што прават се почесто...

Дали има недостаток на идеи??????
 
Ептен е добро, многу убаво за слушање.......

Само многу преработки, а ништо нивно оригинално, како и многу наши пеачи што прават се почесто...

Дали има недостаток на идеи??????

Мислам дека грешиш. Ако не се лажам Тавитјан имаат 4-5 албуми издадено со авторска музика. :)
 
Се убив од барање на последниот нивни албум:).

Одлични музичари во права смисла на зборот. Амбасадори на нашата музика. За тоа зборува и фактот што потпишале договор со Кроација рекордс.

Браќата Тавитјан потпишаа ексклузивен 10-годишен договор со најголемата издавачка куќа во Хрватска - Кроација рекордс! Со овој договор браќата Тавитјан се едни од ретките македонски изведувачи кои издаваат за дискографскиот магнат.

Во издание на Кроација рекордс ќе се најдат следниве албуми на семејството Тавитјан:

Македонското срце чука во 7/8 - со најголемите балкански пејачи

Богатство - авторскиот албум на Диран Тавитјан со Теодоси Спасов кој е снимен во Њујорк , и

Личен поглед – авторскиот албум на Гаро јуниор на кој му гостуваат повеќе звучни имиња од балканската џез сцена.

Во Кроација рекордс беа воодушевени од креативниот квалитет и интернационалната кариера на брендот Тавитјан и во иднина тие ќе бидат ексклузивни менаџери и концертни промотори на браќата Тавитјан во Хрватска.
Инаку, сега веќе вчера (23-ти март) во Скопје пристигна легендарниот Жељко Бебек, со кој Гарабет и браќата Тавитјан ќе снимаат нов видео-спот за песната Јовано Јованке, која е дел од нивниот последен албум.
 
Back
На врв Bottom