Случајно ми се појави ова како реклама.
Android и IOS aпликација со кој пластичните картици од многу продавници ви се во еден мобилен уред и со тоа практично пластичните картички може да ги заборавите во фиока, повеќе нема да ви се потребни.
Убава идеа ама кој знае колку би заживеала кај нас и кој знае дали може да се најде опција некако да се користи и за кредитните и дебитни картички при плаќање.
Чекам мислења од многу вас членови на форумов а доколку некој има од креаторите нека пише па да може тука да даваме критики и совети за подобрување на апликацијава.
Ако некој смета дека не за тука оваа тема нека реагира и модератори и администратори нека ја преместат кај што мислат дека е соодветно.