- Член од
- 18 септември 2011
- Мислења
- 5.432
- Поени од реакции
- 5.555
Еден од најголемите тениски комплекси во светот, чиј централен терен може да прими околу 16.00 0 гледачи во наредните 10 дена ќе ги смести најдбрите тенисери и тенисерки во Калифорниската пустиња. Малото место од 5000 жители, го носи и епитетот како најдобар турнир после четирите гренд-слема.
Новак Ѓоковиќ минатата година ја освои третата последователна титула во ИВ и со 5 вкупно е најтрофеен на овој турнир. Во финалето беше подобар од Милош Раониќ со 6-2,6-0. Во конкуренција на жени најдобра беше Викторија Азаренка совладувајќи ја Серена Вилијамс со 6-4,6-4, но оваа година нема да биде во можност да ја брани титулуата поради мајчинство.
Серена Вилијамс се откажа од турнирот и со тоа повторно ја губи првата позиција од Анџелик Кербер на Вта листата.
Во дубл славеа Ербер и Мау против Сок и Посписил со 6-3,7-6,а во женскиот дубл најдобри беа Бетани Матек Сендс и Коко Вандевенге кои беа подобри од Јулија Гергес и Каролина Плискова (4-6,6-4,10-6).
Официјален сајт на турнирот
Распоред на играње
Твитер
Фејсбук
Јутуб канал
Инстаграм
Ждребот во моментот е live, така да кога ќе излезе целосно ќе го постирам.
Рафа - Роџер 4то коло, аирлија