- Член од
- 18 септември 2011
- Мислења
- 5.432
- Поени од реакции
- 5.555
Натпревари во Калифорнијската пустина се пред нас. Турнирот во Индијан Велс ке ги собере најдобрите тенисери и тенисерки на турнирот од мастерс и премиер серијата. Сите мечеви се играат во Гарден комплексот, каде што централниот терен брои 16.100 места и тој терен спаѓа меѓу најголемите на светот. Едно е сигурно нема да можеме да видиме финале како минатите 2 сезони, бидејќи Роџер е out од турнирот. На турнирот му се враќа и Делпо, Американецот Тејлор Фриц доби WC, а на овој турнир ке го гледаме и младата Германска надеж Зверев. Се на се со одсуството на Федерер, стандарно нестабилен Вава, Надал во улога на аутсајтдер, се отвара простор за нови имиња во завршницата од самиот турнир.
Добитници на WC во машка категорија се:
Џаред Доналсон (USA)
Тејлор Фриц (USA)
Франсе Тиафо (USA)
Meкензи МекДоналд (USA)
Хуан Мартин Дел Потро (ARG)
Минатата година во машка конкуренција насловот го освои Новак Ѓоковиќ кој беше подобар од Роџер Федерер со 6:3, 6:7(5:7), 6:2
Во конкуренција кај дамите, минатата година турнирот пројде во сенка на камбекот на Серена на овој турнир, кој долго време го бојкотираше. Оваа година и нејзината сестра Венус се одлучи да настапи во пустињата. Во финалето минатата година Симона Халеп ја совлада Јелена Јанковиќ после пресврт од како го загуби првиот сет, 2:6, 7:5, 6:4
Добитници на WC кај жените се:
Хедер Вотсон (GBR)
Алисон Риске (USA)
Даниела Хантукова (SVK)
Лорен Дејвис (USA)
Саманта Крофорд (USA)
Жанг Шуаи (CHN)
Шелби Роџерс (USA)
Џејми Леб (USA)
Во конкуренција на дубловите, минатата година победници беа Васек Поспишил и Џек Сок, кои беа подобри од Италијанската комбинација Болели/Фоњини 6:4, 6:7(3:7), 10:7, додека пак кај дамите триумфираа Сања Мирза и вечната Мартина Хингис против рускиот тандем Макарова/Веснина со резултат 6;3, 6:4
Ждребот за машка конкуренција - http://www.bnpparibasopen.com/~/media/indian-wells/files/2016-draws/atp-mds-8-march.ashx
Ждребот за женска конкуренција - http://www.bnpparibasopen.com/~/media/indian-wells/files/2016-draws/wta-mds-7-march.ashx
Сите вести за турнирот можете да ги следите на овој сајт - http://www.bnpparibasopen.com/en, додека пак ова е официјалниот Твитер акаунт на турнирот - https://twitter.com/BNPPARIBASOPEN
Последно уредено: