Blindspot

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440

Случајно ја начекав серијата на Замунда, и си викам WHAT THE HELL?!
Гледам 7.7 оценка на IMDB...сигурно не е лошо...
Изгледав неколку епизоди,и ме навлече...:гик:
Добра тематика има,епизодите се поврзани и полека се составува мозаикот,а уште од првата епизода се насетуваше дека ќе има навистина сложен мозаик...
Да се вратам на ТЕМАТИКАТА...
Серијата започнува кога една голема торба адресирана до FBI е оставена во центарот на Њујорк...
Веднаш започнува редовната процедура,се евакуира плоштадот,доаѓа BOMB SQUAD,но лажна тревога..
Во торбата нема ниту бомба,ниту вирус,ниту некое оружје за масовно уништување...
Од торбата излегува ГОЛА ЖЕНА:vozbud:,тетовирана од пети до глава...:cool:
Целосен REBOOT и е направен,не се сеќава на ништо,тотална амнезија...
Единствен начин да се дознае која е,и со која намера е испратена токму до FBI е да дознае ЗНАЧЕЊЕТО НА ТЕТОВАЖИТЕ...
И почнува серијата,се составува тим на елитни специјални агенти..
Шо е интересно,токму името на еден од најдобрите агенти на Бирото Курт Велер е истетовирано со големи букви на грбот на JANE DOE(во серијата сите ќе ја викаат Џејн):cool:
И започнува отплеткувањето на клопчето,како се дешифрираат значењата на тетоважите така се откриваат и големи случаи и скандали,шверц со оружје,шпионажа,корупции во највисоките државни органи и служби за бебзбедност,терористички групи и FBI MOST WANTED криминалци...
Како се зголемува бројот на дешифрирани тетоважи така се зголемуваат и непријателите на Џејн,зошто со самото откривање и решавање на тие случаи голем број на важни и влијателни луѓе кои работеле на тие тајни да останат ТАЈНИ се загрозени,па уште повеќе добива на интензитет серијата...
А освен "отклучувањето"на тетоважите,центар на внимание на серијата е ЛИКОТ И ДЕЛОТО НА ЏЕЈН..
Како одминува серијалот се повеќе се добива заклучокот дека Џејн е ОРУЖЈЕ ЗА МАСОВНО УНИШТУВАЊЕ..
Женската знае се,и да се тепа(искрши салам коски):),да пука со секакви можни и неможни огнени оружја,знае милион јазици итн,модерна фемизирана верзија на Џејмс Бонд...
И да не откривам повеќе.солидна е серијата според мене,вреди да се потроши време,посебно со оглед дека е само прва сезона,некаде до 16,17 епизода се,па има време и за пишманење ако не му се допаѓа на некој...:icon_mrgr:
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
Пишав пред пред 2 месеци во Општи дискусии, ама тенка работа, реакција немаше :icon_lol:

Blindspot е добра серија и глумата на Џејми Александер е top notch, растур систем:cuc:. Ќине буквално. Одма влегува во очи кога биг скриин актер/ка ќе оди на ТВ. Разлика небо-земља. Башка она и од порано ми беше симпатична глумица, ама тука сега со шорт фризот и ликот што го толкува - БОНБОНА :love::love::love::love::love: !!

Во ова интервју од две минути има повеќе фејс-ектинг, од Лорел и Ајрис combined во 5 сезони ..


ПС - :backa::backa::backa:
Мене ми е доста добра, ги изгледав првите 10 епизоди (до мид-сизн финалето) и интересно-загонетна е приказната. Акцијата е исто високо ниво. Ќе ја почекам уште месец дена да ја завршат сезоната, па ќе ја догледам. Плус ја потврдија и за втора сезона(y)

Џејн е ѕверка. Свака чаС на Џејми Александер, ја обожавам .. :backa::love::love:
 

Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
одлична серија, јас ја следам од почеток!
за тие што се двоумат, имајте на ум дека после првите 5-6 епизоди веќе беше обновена и за втора сезона!
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
7.7 не е воопшто висока оцена за серија. Баш е знак дека најверојатно сценариото е швајцарско сирење.
Али ајде ќе и дадам шанса на една две епизоди. Се нешто ми се чини по плотов дека женскава ќе напрај некој мајндфак.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.146
Поени од реакции
2.985
Интересна за гледање, вчера ја видов темава и пуштив првата епизода, после тоа уште четири. :love:

Не е некое серииште, ама интересна за гледање, доста загатки и акција.
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
Сега ми е на листа на гледање оваа до 10 стигнав ама немам време да ја догледам па да почнам 2 сезона од флеш . Иначе ја најдов серијава според Саливан типот што го игра Курт многу јак лик ми е уште од Страјк бек кој не ја има гледано ви ја препорачувам таму се со уште еден добар актер Филип винчестер .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom