- Член од
- 1 март 2010
- Мислења
- 7.885
- Поени од реакции
- 14.366
Играва ја започнав ланската пролет, кога Ливерпул беа очајни и сакав да пробам дали можам да ги вратам на врвот. Колку сум успеал во тоа проценете сами .
Најпрво неколку overview слики, до каде сум стигнал во менаџерскиот свет.
Трансферите некако магично ми се избришаа, па не можам да ги прикачам, но ќе го прикачам Best Eleven составот за секоја сезона.
--- надополнето: 22 јануари 2014 во 03:10 ---
--- надополнето: 22 јануари 2014 во 03:15 ---
Еве ги утакмиците против Барса, на кои сум претерано горд, особено на ремито на Камп Ноу, бидејќи после првиот постигнат гол постојано бев под притисок и имав 30-тина проценти посед и само 6 или 7 шутеви на гол, наспроти 20 и кусур кои ги имаше Барселона. Победата од 3-0 беше тотална доминација, не знаеа каде тераат Каталонците, а победата од 1-0-шта речи. Дојдоа со намера да се тепаат и си добија насилна утакмица, но кармата им врати и си заминаа со наведнати глави.
Сликите со Англиската репрезентација следуваат утре .
Најпрво неколку overview слики, до каде сум стигнал во менаџерскиот свет.
Трансферите некако магично ми се избришаа, па не можам да ги прикачам, но ќе го прикачам Best Eleven составот за секоја сезона.
2011/2012
Завршив на солидно трето место. James McFadden го лапнав како слободен агент и одлично ми се најде како резерва, а често и во првиот тим.2012/2013
Повторно на третото место. Џовинко го купив со судни маки, бидејќи на 2012 половина е во сопственост на Парма, а половина на Јувентус. Цело лето се мачев со него, морав да одвојам баснословна сума, негде околу 30 милиони, ама вредеше за сите пари и стана еден од најконстантните во тимот, со голем број на асистенции. Во ЛШ на мускули ја поминав групата и нормално со ваков состав- бев елиминиран од Порто.2013/2014
И повторно трет. Ја засилив одбраната со Симон Кјаер купен за 37.5 милиони од Милан и го прекомандував Хендерсон во стартната постава. Кајт не покажуваше знаци на стареење и одлично играше, а на Белами му помина времето. Релативно лесна група во ЛШ и лесен противник во 1/8 финале, но против Челзи не можев.2014/2015
Титулата конечно пристигна на Енфилд. Со најдобрата одбрана во лигата успеав да ги одвратам Сити и Јунајтед. Џек Робинсон го поставив место Хозе Енрике, and it worked like a charm. Го купив Џулијано од Лион за некои 15-тина милиони и ми донесе многу креативност во средниот ред, а Лук де Јонг се покажа исто така како одличен трансфер. Во ЛШ моќно ја поминав групата и ја плеснав Барса на домашен (слика во нареден пост), а Дортмунд беа збришани како да се ФК Корзо. Во 1/8 финале исто така моќно го поминав Базел со по 4 парчиња на секој натпревар, а со Наполи пресудна беше одбраната која остана непоразена во 180-те минути од мечот. Кралевите во полуфиналето беа пресилни и на два пати ме победија со 2-1. Бев многу блиску до финалето, но сепак подобриот тим помина натаму.--- надополнето: 22 јануари 2014 во 03:10 ---
2015/2016
Повторно назад на 3-то место. Во последното коло бев поразен од Челзи со 1-0 и не успеав да ја одбранам титулата. Повторно млад играч си најде место во првата постава, овојпат тоа беше Рахим Стерлинг, кој стрпливо ја чекаше својата шанса и ја доби. Го купив Икер Муниаин, по што Керол нешто се бунеше, ама сепак успеав да го спречам да си замине. Дирк Кајт сеуште играше како да е во цутот на младоста, што не може да се каже за клупската икона Џерард, кој го играв само во првите кола од куповите, а на другите натпревари не беше ниту меѓу резервите.Ја сменив тактиката и скоро секогаш играв со двајца напаѓачи.Во ЛШ групната фаза беше задоволителна, ремизирав со Барса на Камп Ноу и повторно ги плеснав на Енфилд, но црна дамка на перфектниот скор ми остави домашниот пораз од Тулуз кој сеуште не можам да си објаснам како се случи. Во 1/8 финале повторно загубив на домашен терен од Штутгарт, но со брилијантна игра на гости успеав да се протнам понатаму. Во 1/4 финале ме пречека Јунајтед, од кого исто така доживеав потоп на домашен терен.2016/2017
Беше очигледно дека во одбраната ми треба засилување, па го доведов Абате, кој е природен десен бек, со што не морав повеќе централните или дупката Џонсон да ги играм на таа позиција. Исто така го купив Конор Викам, поради неговите одлични игри и со цел да го ослабам противникот(мислам дека го купив од Вест Хем). Но, најмилото засилување ми е Бејл, кој иако можеби изгледа како вишок по левата страна каде си владее Џовинко а ги имам и Конопљанка и Стерлинг како резерви кои можат да играат таму, сепак одлучив дека ми треба поради тоа што имам шампионски амбиции и во Премиер и во ЛШ и секој квалитетен играч е добредојден. Во лигата засега одлично ми оди, но уште во првото коло изгубив во Лига купот од Бристол Сити на пенали бидејќи се глупирав и излегов со тотално младински состав. Во ЛШ добив прелесна група за поминување, а колку за освојување на прво место ќе видам после двомечот со ПСЖ.
--- надополнето: 22 јануари 2014 во 03:15 ---
Еве ги утакмиците против Барса, на кои сум претерано горд, особено на ремито на Камп Ноу, бидејќи после првиот постигнат гол постојано бев под притисок и имав 30-тина проценти посед и само 6 или 7 шутеви на гол, наспроти 20 и кусур кои ги имаше Барселона. Победата од 3-0 беше тотална доминација, не знаеа каде тераат Каталонците, а победата од 1-0-шта речи. Дојдоа со намера да се тепаат и си добија насилна утакмица, но кармата им врати и си заминаа со наведнати глави.
Сликите со Англиската репрезентација следуваат утре .