BilboBaggins - You'll Never Walk Alone

Член од
1 март 2010
Мислења
5.284
Поени од реакции
8.032
Играва ја започнав ланската пролет, кога Ливерпул беа очајни и сакав да пробам дали можам да ги вратам на врвот. Колку сум успеал во тоа проценете сами :D.

Најпрво неколку overview слики, до каде сум стигнал во менаџерскиот свет.
Martin Trajkovski (History_ Biography).png
Martin Trajkovski (History_ Overview).png
Martin Trajkovski (Overview_ Profile).png

Трансферите некако магично ми се избришаа, па не можам да ги прикачам, но ќе го прикачам Best Eleven составот за секоја сезона.

2011/2012
Завршив на солидно трето место. James McFadden го лапнав како слободен агент и одлично ми се најде како резерва, а често и во првиот тим.
English Premier Division (Overview_ Stages).png
Liverpool (History_ Best Eleven).png

2012/2013
Повторно на третото место. Џовинко го купив со судни маки, бидејќи на 2012 половина е во сопственост на Парма, а половина на Јувентус. Цело лето се мачев со него, морав да одвојам баснословна сума, негде околу 30 милиони, ама вредеше за сите пари и стана еден од најконстантните во тимот, со голем број на асистенции. Во ЛШ на мускули ја поминав групата и нормално со ваков состав- бев елиминиран од Порто.
English Premier Division (Overview_ Stages)-2.png
Liverpool (History_ Best Eleven)-2.png
European Champions Cup (Overview_ Stages).png
European Champions Cup (Overview_ Stages)-2.png

2013/2014
И повторно трет. Ја засилив одбраната со Симон Кјаер купен за 37.5 милиони од Милан и го прекомандував Хендерсон во стартната постава. Кајт не покажуваше знаци на стареење и одлично играше, а на Белами му помина времето. Релативно лесна група во ЛШ и лесен противник во 1/8 финале, но против Челзи не можев.
English Premier Division (Overview_ Stages)-3.png Liverpool (History_ Best Eleven)-3.png European Champions Cup (Overview_ Stages)-3.png European Champions Cup (Overview_ Stages)-4.png European Champions Cup (Overview_ Stages)-5.png
2014/2015
Титулата конечно пристигна на Енфилд. Со најдобрата одбрана во лигата успеав да ги одвратам Сити и Јунајтед. Џек Робинсон го поставив место Хозе Енрике, and it worked like a charm. Го купив Џулијано од Лион за некои 15-тина милиони и ми донесе многу креативност во средниот ред, а Лук де Јонг се покажа исто така како одличен трансфер. Во ЛШ моќно ја поминав групата и ја плеснав Барса на домашен (слика во нареден пост), а Дортмунд беа збришани како да се ФК Корзо. Во 1/8 финале исто така моќно го поминав Базел со по 4 парчиња на секој натпревар, а со Наполи пресудна беше одбраната која остана непоразена во 180-те минути од мечот. Кралевите во полуфиналето беа пресилни и на два пати ме победија со 2-1. Бев многу блиску до финалето, но сепак подобриот тим помина натаму.
English Premier Division (Overview_ Stages)-4.png
Liverpool (History_ Best Eleven)-4.png
European Champions Cup (Overview_ Stages)-6.png European Champions Cup (Overview_ Stages)-7.png European Champions Cup (Overview_ Stages)-8.png European Champions Cup (Overview_ Stages)-9.png
--- надополнето: 22 јануари 2014 во 03:10 ---
2015/2016
Повторно назад на 3-то место. Во последното коло бев поразен од Челзи со 1-0 и не успеав да ја одбранам титулата. Повторно млад играч си најде место во првата постава, овојпат тоа беше Рахим Стерлинг, кој стрпливо ја чекаше својата шанса и ја доби. Го купив Икер Муниаин, по што Керол нешто се бунеше, ама сепак успеав да го спречам да си замине. Дирк Кајт сеуште играше како да е во цутот на младоста, што не може да се каже за клупската икона Џерард, кој го играв само во првите кола од куповите, а на другите натпревари не беше ниту меѓу резервите.Ја сменив тактиката и скоро секогаш играв со двајца напаѓачи.Во ЛШ групната фаза беше задоволителна, ремизирав со Барса на Камп Ноу и повторно ги плеснав на Енфилд, но црна дамка на перфектниот скор ми остави домашниот пораз од Тулуз кој сеуште не можам да си објаснам како се случи. Во 1/8 финале повторно загубив на домашен терен од Штутгарт, но со брилијантна игра на гости успеав да се протнам понатаму. Во 1/4 финале ме пречека Јунајтед, од кого исто така доживеав потоп на домашен терен.
English Premier Division (Overview_ Stages)-5.png Liverpool (History_ Best Eleven)-5.png European Champions Cup (Overview_ Stages)-10.png European Champions Cup (Overview_ Stages)-11.png
European Champions Cup (Overview_ Stages)-12.png
2016/2017
Беше очигледно дека во одбраната ми треба засилување, па го доведов Абате, кој е природен десен бек, со што не морав повеќе централните или дупката Џонсон да ги играм на таа позиција. Исто така го купив Конор Викам, поради неговите одлични игри и со цел да го ослабам противникот(мислам дека го купив од Вест Хем). Но, најмилото засилување ми е Бејл, кој иако можеби изгледа како вишок по левата страна каде си владее Џовинко а ги имам и Конопљанка и Стерлинг како резерви кои можат да играат таму, сепак одлучив дека ми треба поради тоа што имам шампионски амбиции и во Премиер и во ЛШ и секој квалитетен играч е добредојден. Во лигата засега одлично ми оди, но уште во првото коло изгубив во Лига купот од Бристол Сити на пенали бидејќи се глупирав и излегов со тотално младински состав. Во ЛШ добив прелесна група за поминување, а колку за освојување на прво место ќе видам после двомечот со ПСЖ.
English Premier Division (Overview_ Stages)-6.png
European Champions Cup (Overview_ Stages)-13.png
Liverpool (Tactics_ Overview).png





--- надополнето: 22 јануари 2014 во 03:15 ---
Еве ги утакмиците против Барса, на кои сум претерано горд, особено на ремито на Камп Ноу, бидејќи после првиот постигнат гол постојано бев под притисок и имав 30-тина проценти посед и само 6 или 7 шутеви на гол, наспроти 20 и кусур кои ги имаше Барселона. Победата од 3-0 беше тотална доминација, не знаеа каде тераат Каталонците, а победата од 1-0-шта речи. Дојдоа со намера да се тепаат и си добија насилна утакмица, но кармата им врати и си заминаа со наведнати глави.
Barcelona v Liverpool (Split View).png Liverpool v Barcelona (Split View).png Liverpool v Barcelona (Split View)-2.png

Сликите со Англиската репрезентација следуваат утре :D.
 

CrookedYoung93

<3 Echte Liebe <3
Член од
27 април 2013
Мислења
295
Поени од реакции
198
Како се вика играва ? пошо само скролав надоле и слики глеав.
 

CrookedYoung93

<3 Echte Liebe <3
Член од
27 април 2013
Мислења
295
Поени од реакции
198

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.770
Поени од реакции
11.865
А овај 14кава излезен ли е,и ако си го играл веќе кажи твое мислење околу играта,пошо сум фан на Фифа Манагер али 14ка тешко да искочи пиратска,па би играл фудбал менаџер јбг..

излезена е ја имаш на замунда, добра беше ја играв 1 месец и ја прекинав после си играм 12 јас најдобра од сите ми е. инаку ако симнуваш Reloaded верзијата не ја симувај, имињата на играчите/тренерите не се точни.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
5.284
Поени од реакции
8.032
Како се вика играва ? пошо само скролав надоле и слики глеав.
Како што алудира и самиот наслов на подфорумот играта се вика Football Manager. Далеку, далеку е подобра од Фифата и ти препорачувам да ја симнеш. Ако ти е прекомплицирана 14-ката, пошто многу се жалат од тоа, како за почеток симни си ја 12 или па дури можеш и 10.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
3.689
Поени од реакции
3.644
Стварно значи мн е реална играва... Виктор Валдез си дава автоголови :pos:
А не како на фифа у 5 најдобри голмани е спред игра и според цена :mad:
 

CrookedYoung93

<3 Echte Liebe <3
Член од
27 април 2013
Мислења
295
Поени од реакции
198
Како што алудира и самиот наслов на подфорумот играта се вика Football Manager. Далеку, далеку е подобра од Фифата и ти препорачувам да ја симнеш. Ако ти е прекомплицирана 14-ката, пошто многу се жалат од тоа, како за почеток симни си ја 12 или па дури можеш и 10.
Нема да ги симнам старите верзии ради трансверите,не планирам со роналдињо у барса да играм,сакам со ДОРТМУНД РОЈС МОЈС :D
 
На врв Bottom