Berlin Station

Член од
30 април 2013
Мислења
267
Поени од реакции
79

Имаше многу коментари за тоа колку е плитка "Homeland",во сценарио,односи на глумци,ситуации,и слично.Искрено,се сложувам,"Homeland",како шпионска серија е тапа,ама баш и не можиш да очекуваш нешто од култура која од шпионски серии прави суперхерој серијал.Епа
Berlin Station е поинаква.Изгледа слично но има каде каде повеќе материјал,или,да бидам директен,разликата е што овде имаш John le carre ситуации,а не како во "Homeland",разни рамбовштини.Другата разлика е сценариото,кое не те прави идиот,туку,зборува за реални луѓе во реални ситуации,и посебно критика на тој американски империјализам,видете ја сцената,кога CIA измачува еден човек кој не знае ни што го прашуваат.Значи,топла препорака,сега засега има 2 сезони,се надевам на повеќе,и да бидам ситничар,забележав само една мала нелогичност во првата сезона,која не влијаеше премногу радикално на целата логика,но сепак ја има.Во втората сезона,нема толку апла нелогичности.Топла препорака,со повеќе европски него амерички кастинг,со ситуации,каде германците зборуваат германски,и каде сивилото на ликовите е слоевито.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom