Пошто бев зафатен овие дена и не бев активен да искоментирам на брзина за Мојс и Ливерпул-Челзи.
Мојс.
Човекот седна на жешкото столче и сметам дека беше еден од малкуте што мислеше дека е или ќе биди спремен за таа работа.
Искрено,жал ми е за човекот.Да не си му у кожа.Имаше преголема одговорност.
Мислам дека ова одлука на управата е малце забрзана.Едноставно човекот требаше да добие уште 1 сезона.
Второ,мислам дека малце беше и малерозен.Цело лето и цела зима не успеа да земе асален играч,иако тука и управата игра улога,пошто бараше пари а не ги доби.
Сума сумарум,пола кривец е тој пола тимот.Руни си игра топло-ладно,в.Перси цела сезона повреден останатие сите тромави.
Едино светла точка што дефинитивно сите треба да го памтиме е Јанузај.Да не беше Мојс,тешко дека друг тренер не би му дал шанса да се развие и да игра за прв тим на 18 години.
Тоа е тоа.Гледам има шпекулации за Клоп,ама искрено не ми е изводливо.Тешко дека Клоп би заминал од Дортмунд.
Ливерпул-Челзи.
За мене натпревар со 0 значење.Јасно е дека титулата оди во Ливепрул и добро би било да почнете со припремите за ѓумбушот и да фрлите по едно пиво.
Мурињо рекол вака,Мурињо рекол така.Целта на Челзи е јасна,приоритет ЛШ! Нема што да се сомневате овде,знаеме дека Мурињо е лажов,али да тргне со сите сили на Енфилд,тешко.
Така да Скаузерчиња уживајте и честито титулата,заслужено.Најмногу ми е ќеиф за Стиви Џи.
Толку од мене да не речите после дека не ви честитав.
Поздрав.