Зашто уште не ја прочитав.
Ќе го биде и тоа, мада одговорот верувам ваков ќе ми биде сличен на следново, а истово се однесува и на она што Фабре го кажа, Арсенал има една примарна цел од старт на сезона, а тоа е титула во ПЛ, кога почнува сезоната о
ни не си зацртуваат да стигнат до првите 4 места односно да обезбедат место во ЛШ туку нивната мисија е трофејот во Англија.
Начинот на кој Венгер пред Се сака да стигне до тој трофеј е погрешен, голманската позиција е една од најкомлексните во фудбалот, си видел ли тим со лош голман од најдобрите првенства да стигне до трофеј ? Тука што имаме, Алмунија сите знаеме дека е проблем, истото важеше и за Фабијански, од некаде се избаци и Шчезни, човекот со нула искуство кој ко што гледаме од сезонава е прв голман на тимов ...
Како до трофеј со оваа тројка голмани ?
Потоа одиме на неискуството кое е присутно во екипата, па во колку наврати само они губеа бодови во ' добиени ' мечеви ? Во колку наврати дома губеа бодови во мечеви што рутиснски можеа да ги добијат ? Се е тоа одраз на неискуството и одраз на фактот што овие играчи не можат да се носат со товарот наречен титула, односно, битка за истата
Ја апсолутно го разбирам Фабрегас, 7 години е многу долг период за суша, тоа фрустрира, и он индиректно истото го вели што и ја тука го пишувам, Венгер е фантастичен тренер, но не треба упорно да оди со глава кроз ѕид, способен е да освојува големи трофеи, тоа го докажал, али го докажал кога во екипата го имал она што сега не го поседува, играчи кадарни да се сносат со тој притисок и играчи кадарни да го негуваат оној шампионски менталитет во текот на целата сезона.