Balkan hip-hop & R'N'B Fest vol.1 @ Метрополис арена - 05.02.2010

  • Креатор на темата Креатор на темата simoncence
  • Време на започнување Време на започнување
Дојдов, видов и се разочарав. Од целата вечер вредеа само Гру, Едо со Френки и Марчело. Се останато беше срање во Врање.

Тапа организација. Гоце 2 саата вртеше хитови од 80тите па навака. Каснеа бајаги. Почнаа да настапуваат негде околу 11:30. Цвија првпат го слушам и последен пат во животот.. Коа слушнав „доџи на сепареу“ ми идеше да повратам. Исто као Денис Т-рех да пее. Струка и Луд... не ми беа ништо нарочито. Упсурт не ги ни разбрав што пееја, само Бугарките вредеа. Едо и Френки беа топ (во 3 сабајле и тоа).. само тие успеаја да ја раздрмаат публиката која претходно ко на балет да беше. После идеа Токсикологија... срање во Врање пак... Мислам ок ми се свиѓаат некои нивни песни, ама деца се уште и треба да јадат леб и ајвар уште барем 5 -10 години... Гласчињата во живо како на Златно Славејче. На Скит микрофонот не му работеше, па ништо не се слушаше што пее. Башка и на крај му се закани на некој од публика дека „хејтал“. Каков пацер... „Скопје покажи респект, покажи респект...“ Заслужете го... уфилмани деца. После тоа ДЏ Плеја... WTF! Кој става диџеј во 3: 30 сабајле, а по него други настапувачи !? А да не напоменувам дека му се повторуваа некои песни со тие од сетото на Гоце. Срање. После следеа Конект, немам ништо против нив, ама некако ми се меки. И на крај Марчело... човеков во 4 и кусур сабајле го постигна тоа што не можеа сите претходно, со исклучок на Едо... и тоа таков „знам дека сте уморни, ама ај да развалиме ...“ Дури и се врати на бис.. и тука веќе во 10 за 5 откажаа нозете.

Се на се тапаааа голема. Криво ми падна што на грбот на Едо, Френки, Марчело и Гру.. се шлепаа некои кои не заслужуваат ни вода да им носат.

пс. многу смрдеше халата на пресно варено млеко. ;)

ппс. имаше и пљачкосување... на една страна пиво голема чаша 150 на друга 100тка. Коа тргнав да се расправам, почнаа да се лигават „ама дечко Перо организаторот така ни рече.. види со него.. “ Море фак оф и Перо и тој што го правел распоредот!
 
На Марчело можеа вода да му носат сите што настапија таму. Последен остана и пак најдобар настап имаше.

Со часни исклучоци, Едо и Френки.
 
прво ГОЛЕМ поздрав за идејата и реализирањето на оваа идеја. вакво нешто и тое како фалеше.

е сеа со забелешки.
као прво изборот на настапувачи можеше да биде подобар ако веќе биле во можност да бираат кој ќе настапува.
распоредот беше добар до бугарите.
после нив очекував да излезат токсикологија или конект.
и на крај финале Едо и Марчело,наместо тоа излезе Едо растури и си замина,а со него замина и пола публика.
и после тоа излегува некој ДЈ :/ со кој памет :/!?

бтв. не се ставаат цвија и упсурт и незнам кој уште со Едо,Марчело,Струка во иста вечер.
Небо и земја се.

и имаше многу подобри групи од Токсикологија кои би ја представувале Македонија на овој фестивал,но ете сплет на околности ваљда.

бтв. СТРУКА ИСКИНАА ЛУЃЕЕЕ,тие што ја следат неговата работа знаат за што зборувам. тие што не го слушале ПОД ИТНО да се фрлат на слушање :)

Марчело на крај ме изнервира со погрешен избор на песни,не дека оние не ги знаев но поголемиот дел беа од новиот албум релативно непознати,за тие што малку го следат.
имаше и подобри песни за кревање на атмосфера.


но се на се беше коректно,и убаво си поминавме(барем јас)

ПИС!
 
Марчело на крај ме изнервира со погрешен избор на песни,не дека оние не ги знаев но поголемиот дел беа од новиот албум релативно непознати,за тие што малку го следат.
имаше и подобри песни за кревање на атмосфера.

Ако Марчело имаше погрешен избор на песни, тогаш што избор имаа другите...
 
Ако Марчело имаше погрешен избор на песни, тогаш што избор имаа другите...

На пр. Едо не експериментираше со песни,а си има и тој нов албум но ниедна не изведе.
на фестивали се знае како се иде,со познати проверени песни.
Ако сакаш да си го промовираш албумот напрај си промоција и здраво.

каде му беа на Марчело...Филтер,Шарада,Сенке,Кафанска спика,МЦ без харизме,Тестамент,Мимоход,Један живот,Свети Бес??

да не беше бисот со Такав да мирно спава,Кита и Позериште....за малку ќе ја усереше работава.
 
На пр. Едо не експериментираше со песни,а си има и тој нов албум но ниедна не изведе.
на фестивали се знае како се иде,со познати проверени песни.
Ако сакаш да си го промовираш албумот напрај си промоција и здраво.

каде му беа на Марчело...Филтер,Шарада,Сенке,Кафанска спика,МЦ без харизме,Тестамент,Мимоход,Један живот,Свети Бес??

да не беше бисот со Такав да мирно спава,Кита и Позериште....за малку ќе ја усереше работава.

Овие му беа познати и проверени од новиот. :)

И сите тие песни ти што ги наброја, човекот немаше време за сите нив кога беше на Урбан Фест што имаше многу подолг настап, не па сега.
 
не велам јас дека имаше време за сите песни а неќеше да ги изведува. :)
бев у хавана кога имаше настап сите ги рокна,и развали.
ако примети коа кажа марчело на фестивалов дека публиката од скокање на негов настап го пробила подот на дискотеката.. и дека тоа се случило само во скопје,тоа мене ми се случи во Хавана :) ми упадна ногата меѓу штиците и после го докусуривме :))

значи го поштовам човекот и ја следам неговата работа,ама даалеку подобра атмосфера ќе направеше со тие песни горе шо ги спомнав,отколку со овие шо ги рокаше.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom