B-Movies / Б-филмови

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 октомври 2011
Мислења
18.209
Поени од реакции
45.796
Локација
Скопје
B-Movie или Б-филм е вид на нискобуџетен комерцијален филм. Оригинално, за време на златното доба во Холивуд (1920-тите) овој термин се однесувал на филмови кои се прикажувале во мали, помалку познати кино сали, или како втор филм во т.н. double feature (проекција која вклучувала прикажување на два филма по цена на еден, што била честа практика, слично како B-страните на музичките албуми). Продукцијата на таквите „втори филмови“ драстично опаднала во Холивуд некаде во 1950-тите, заради растот на комерцијалната телевизија. Со тоа, продукцијата на Б филмови во филмските студија се свртила кон продуцирање на телевизиски филмови, односно филмови наменети за прикажување на телевизија. Секако - со многу ниски буџети.

Денес, терминот Б-филм е со малку пошироко значење. Б-филмовите може да вклучуваат поширок спектар на филмови, од филмови направени заради сензација, до независни артхаус филмови. Во било која употреба, поголем број Б-филмови се од еден жанр - вестерн во периодот на златното доба на Холивуд, додека хорор и научна фантастика - подоцна, во 1950-тите и подоцна. Раните Б-филмови се дел од серијали каде истиот актер одново го глуми истиот лик. Друга карактеристика на Б-филмовите е што заради малите буџети се речиси секогаш многу пократки од нормалните филмови, многу од нив со должина од 70-тина минути. Бидејќи самиот назив Б-филмови бил перцепиран како инфериорен во однос на нормалните филмови, голем дел од нив биле целосно игнорирани од филмската критика.

Она по што се значајни Б-филмовите е што го трасирале патот на некои подоцнежни големи филмски имиња. Така режисерите Ентони Ман и Џонатан Дем го научиле занаетот во Б-филмовите. Па исто така и актери како Џек Николсон и Џон Вејн. Некои актери, пак, работеле на Б-филмови речиси цела нивна кариера: Бела Лугоси, Еди Константин, Брус Кемпбел и др.

Ние сме израснати со Б-филмови! Во 1990-тите и рани 2000-ти, телевизиите кај нас купуваа и прикажуваа познати филмови само за Нова година, Божиќ и Велигден. Тогаш сите дремевме пред телевизор за да не го испуштиме некој филм кој бил популарен пред десетина години и да се воодушевуваме како МТВ нашла пари за да ги откупи правата. Речиси се останато што се прикажуваше беше Б-филм. Некои, на кои онака од прва ми текна:

Camp Cucamonga (1990)
1780507948017.png

The Peanut Butter Solution (1985)

1780508048728.png
Paulie (1998)
1780508131396.png

Zapped Again! (1990)
1780508562082.png

Еве и една Letterboxd листа со Б-филмови од кои верувам дека многу ви се гледани: https://letterboxd.com/horrorfan03/list/b-movies/
и уште една, помала: https://letterboxd.com/holytrinity/list/b-movies/

Тука спаѓаат голем дел филмовите на Жан Клод Ван Дам, Арнолд Шварценегер, Хулк Хоган, Брус Ли... со кои исто така израснавме. Голем дел од нискобуџетните шпагети-вестерн филмови, некои научно-фантастични и хорор филмови со смешни ефекти и сл. Темава е за да се потсетиме на сите нив и да навратиме сеќавања.
 
Мене, пак, прва асоцијација ми се VHS, нешто кое новите генерации никогаш нема да го вкусат, пред се благодарение на стриминг платформите. Уште се сеќавам на продавничките, си бираш касета, која треба да ја вратиш за неколку денови. И тоа беше викенд програмата, или што ќе начекаш на телевизор или што ќе изнајмиш од видеотека. Детство и младост, убави времиња! Сега не знам колку филмски канали имам на телевизорот, плус опција да мотам, плус Нетфликс и, секако, пиратерија. Toa често значи и дека од многу избор и не знам што да гледам. Трошам време во скролање, во пребирање.

Во однос на самите Б-филмови, предоминантно сакам на гледам лесни хорорчиња, пред се од 80тите. И оваа листа е солидна, Бафи прерасна и во серија, The Fog доби римејк кој повеќе ми се допадна од оригиналот, ама приказната држи внимание. Погрешно свртување е океј серијал, хорор-слешер, само последниот им беше тотално промашување. Па и (по)детските, Мојата маќеа е вонземајнин и Портата се интересни.

Тука се и раните филмови по книгите на Кинг, кои не се баш по мој вкус, повеќе ми се допаѓа онаа генерација на филмови кои произлезе во 90тите, иако не се Б.

Сега, Знам што направи минатото лето и Урбана легенда, во однос на презентираните листи, споре мене и не е баш Б-филм, ама добро. 101/2398.

Пред малку го пуштив Мимика, го има на Нетфликс, филмот вози! :love:
 
Го даваа често на охридската Морис, иако B-филм, за мене дефинитивно ремек-дело од оваа категорија и еден од моите омилени со Ван Дам, доста потценет филм. Особено во сеќавање ми остана сцената кога го распнаа Ван Дам, а главниот негативец многу личеше на Едгар Давидс.

Исто и интрото на филмот беше многу јако, I LIKE THIS WORLD, стварно многу јак негативец.

Озбилно гледајте го ако не сте го гледале, иако B-филм (одма се познава тоа) мене ми е јак филм, секогаш ми буди носталгија и секогаш се секавам колку страшен ми беше негативецот, а како дете доста непријатна ми беше сцената кога го распнаа.
 
Camp Cucamonga на времето го знаев напамет, секој месец се вртеше на МТВ :pos:

American Ninja имаше една прејака акциона сцена во која еден од статистите го убиваат па станува па се фрла од тераса и умира уште еднаш :pos:

Времето на видеотеките, најдоброто време за филмска едукација. Имаш каталог, немаш IMDB, летербокс, метербокс, нетфликс... не знаеш што земаш да гледаш, само знаеш до каде си со каталогот и дека треба се да се изгледа. Газдата на видеотеката кога му пристигнува нов филм секогаш го опишува со: „овој е најјак, немаш гледано ваков филм досега“ :pos:

Да ми е да го искусам тоа уште еднаш... :(
 
Автоматски споено мислење:

Lemon Popsicle 1,2,3,4,5.....​

Автоматски споено мислење:

Последно уредено:
Го даваа често на охридската Морис, иако B-филм, за мене дефинитивно ремек-дело од оваа категорија и еден од моите омилени со Ван Дам, доста потценет филм. Особено во сеќавање ми остана сцената кога го распнаа Ван Дам, а главниот негативец многу личеше на Едгар Давидс.

Исто и интрото на филмот беше многу јако, I LIKE THIS WORLD, стварно многу јак негативец.

Озбилно гледајте го ако не сте го гледале, иако B-филм (одма се познава тоа) мене ми е јак филм, секогаш ми буди носталгија и секогаш се секавам колку страшен ми беше негативецот, а како дете доста непријатна ми беше сцената кога го распнаа.
Филмов има многу подобро сценарио и глума од 80% модерни воук какички.
Дали прв ваков постапокалиптичен А филм е Мед Макс со Мел Гибсон ?
 
Прва асоцијација за Б филм, Duel на Спилберг... :D И неколку легендарни актери/ки од тоа време Иван Драго, Роберт З'Дар, Синтија Ротхрок, Мајкл Дудикоф, Рутгер Хауер, Дејвид Карадин, и оној што го глумеше Хајлендер му го заборавив името. Сега одвреме навреме знам да уклучам Rarelust.com чисто да видам дали ќе начекам некој филм што го имам гледано, а го имам подзаборавено... таа е убава страна за вакви филмови, нешто како интернет видеотека/двдтека.
 
80ти и 90ти само. Сега не ни знам дали има Б филмови.
Сега скоро се е Б-филм..... :D
Приказна ... наивна.... многу ефекти .... вратоломии со коли...и то....
.... заборавив .... и многу педерана
Автоматски споено мислење:

Последно уредено:
Греота е да се ставаат во иста реченица Брус Ли, Шварци и Жанклодвандам со Хулк Хоган.

Sudden Death со Ван Дан го имаат ставено на листава?! Филмот кај што терористи за време на хокеарски натпревар сакаат да ја разнесат цела арена. Па тој филм е 3 класи над 95% од нискобуџетните хорор срањца со кој е на листата. А богами и за денешни акциони филмови со милионски буџети е класа и пол.

Во Б класа на филмови се испуштени шпагети филмовите со Теренс Хил и Бад Спенсер што оригинално беа на италијански, а кај нас се даваа со англиска синхронизација.

Во денешно време што некој пиша не се снимале и тоа како се снимаат. Претежно акционите амерички филмови што се снимаат во Белград и Софија се Б-класа.

И од мене една препорака за љубители на Б класа филмови за Bounty Killer. Обично не сакам вакви филмови, али го фатив на ТВ24 пред некоја година и уживав во филмов.
 
Во план ми се ..... не стигнав порано
италијански .... имаше неколку на италијански по кината.

The Bikini Carwash Company 2​

Последно уредено:
Back
На врв Bottom