Mjolnir
Духот на рамковниот договор
Азем Сула - психички инвалид во Швајцарија, а пратеник во Косово

Косовскиот парaламент во својот состав го има Азем Сула, кој во Швајцарија прима социјална помош врз основа на комисиско решение за „100-процентна психичка инвалидност“. Ова го пишува весникот „Коха диторе“.
Со оваа дијагноза Сула успеал од Швајцарија да добие илјадници евра, кои сега државата бара да и ги врати, откако било отриено дека тој е пратеник во косовскиот законодавен дом.
Со одлука на Административниот суд на кантонот Солотур во Швајцарија, набројани се, како што стои, измами, фалсификувани потврди и злоупотреби што ги направил Сула, кој е пратеник на владеачката Демократска партија на Косово.
Сула во Швајцарија пристигнал на 20 октомври 1994 година, заедно со сопругата и трите деца и побарал политички азил и тоа право го остварил на во август 1995 година. Во октомри 1999 година добил дозвола за престој Ц.
Во Швајцарија никогаш не работел ништо, живеел со социјална помош и паричен надомсток поради „100-процентна психичка инвалидност“, што е еден вид пензија.
Во изминатиот период, освен социјалната помош, од швајцарското инвалидско осигурување, на име пензија добил 426 илјади франци или 350 илјади евра. Сега во тек е постапка за укинување на ова право. Според „Коха диторе“, Сула додека бил „психички растроен 100 отсто“ во периодот 2001-2003 магистрирал на приватен универзитет во САД, а потоа и докторирал. Од 1998 до 2006 тој често патувал во Албанија.
Од 1999 година е член на Претседателството на ДП на актуелниот премиер Хашим Тачи, а на парлманетарните избори во декември 2010 година е избран за пратеник. Швајцарскиот суд оценува дека голема грешка е на швајцарските власти што му дале Ц дозвола за престој, во време кога тој бил началник на Генерал-штабот на ОВК и учесник на Конференцијата во Рамбуе, а потоа и министер за одбрана на Косово. (В.Т.)
*******
А ние го имаме Али Ахмети! Мислам дека и он имал слична дијагноза...