Australian Open 2016 (18.01 - 31.01.2016)

  • Креатор на темата Креатор на темата Feisty
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Абе нема на сиве терени hawkeye технологија, а? :facepalm:
 
Стариот добар Гулбис. Водеше 5-3 и имаше 0-30 на сервис на Шарди и нормално, останатите 4 гема ги доби Жим и заврши првиот сет со 7-5 за Жим. [emoji23]
 
Чунг уште од сега стави на дознаење дека ќе биде врвен тенисер. На почетокот го разбиваше Новак во размените, штета што се уште не може да се носи физички со него. Дури во одредени моменти смешно делуваше Новак во бекенд на бекенд размените. Мора сервисот да го поправи малиот, се друго е супер.
 
Кевин "choke" Андерсон. Гулбис сепак поведе со 2-1. :D

Енди убедливо до 1-0 во сетови (6-1).
 
Венус мртва, па уште ќе издвои некои победи против подобриве тенисерки и евентуално фаворитки во меч со нејзе. Да и беше забрането да ја префрлит мрежана јас мислам дека сепак колку толку ќе направеше отстапка.
Мареј со одлична игра, на моменти некои глупави грешки, меѓутоа играта и ударите му се феноменални, со поголема психичка стабилност во наредните кола може да биде и сериозен кандидат за титула, нормално доколку Новак не успее да игра како што напати изигра.
И среќа во несреќа, ајде што ме падна Венус, барем порано ќе почне Рафа па да видиме што може тој да каже, па да бегаме на спиење. :)
 
Фоњини побара челинџ на топка што беше метро ипол во аут. :pos: Со курташак играње го зема третиот сет, нешто се расправаше кога пуштив. :D

Друга работа, баш Ставро мислам зборуваше за ова. Имаш Гулбис-Шарди 2-2 во сетови и 2-2 во петти сет....они даваат Мареј како го чисти Зверев.
 
Враќа брејк Фоњини, 3-3 четврти сет. Е до прва ќе е јакото овде, ако успее да стигне до 2-2 мислам дека може да биде многу драматичен меч :D
 
Венус мртва, па уште ќе издвои некои победи против подобриве тенисерки и евентуално фаворитки во меч со нејзе. Да и беше забрането да ја префрлит мрежана јас мислам дека сепак колку толку ќе направеше отстапка.
Мареј со одлична игра, на моменти некои глупави грешки, меѓутоа играта и ударите му се феноменални, со поголема психичка стабилност во наредните кола може да биде и сериозен кандидат за титула, нормално доколку Новак не успее да игра како што напати изигра.
И среќа во несреќа, ајде што ме падна Венус, барем порано ќе почне Рафа па да видиме што може тој да каже, па да бегаме на спиење. :)
Да да, Мареј ќе освои Слем со вториот сервис како девојче.
 
Има игра во поле која дефинитивно може да го анулира тоа, а ако поработи на сервисот и му тргне на турниров може да биде многу опасен. Сега го гледам Надал, не е нешо посебно, а и некако многу плитки му се удари, чак и поплитки во однос на финалето против Ѓоковиќ.

Гулбис направи брејк во петтиот сет и сега сервира при резултат 5-4 за изненадување против Шарди и пласирање во второто коло. :D

EDIT : Потребни му беа 60тина секунди да го изгуби својот сервис. Аии ретардиран :D Се сеќавам и минатата година го јаде од Кокинакис на разлика во петти сет...
 
Има игра во поле која дефинитивно може да го анулира тоа, а ако поработи на сервисот и му тргне на турниров може да биде многу опасен. Сега го гледам Надал, не е нешо посебно, а и некако многу плитки му се удари, чак и поплитки во однос на финалето против Ѓоковиќ.

Гулбис направи брејк во петтиот сет и сега сервира при резултат 5-4 за изненадување против Шарди и пласирање во второто коло. :D
Никаква игра нема Мареј за да освои Слем, моментално го млати Ѕверев пошо овој е зелен уште. Како Мареј ќе го победи Новак, а и Вавринка? Со која игра? Со неговото пимплање? Нема шанси Мареј да го освои Слемов, главата ја ставам.
 
Не знам дали може да го тепа Новак, веројатно не, ама многу ќе зависи од Новак во тој меч како тој ќе игра. Се кладам дека на секоја подлога би бил фаворит против Вавринка. Стан ни бил ни ќе биде дел од големата четворка, за тоа говорат постигнатите успеси, остај шо освои два грен слема, едниот врз повредата од Надал, мислам дека горе долу беше јасно кој ќе биде шампион на АО од пред 2 години, а во однос на минатогодишното финале на Ролан Гарос, она што го одигра Вавринка се игра еднаш во животот. Сеа нормално имаме различни мислења, и тоа е убаво, па ајде да видиме баш кој би го освоил турниров ако по некоја случајност тоа не успее да го направи Ѓоковиќ.
 
Тоа може да се тешиме само ние фановите Надал. :) И јас мислев така 2014, нормално, ново нешто за цел тениски свет беше Вавринка, ама не заебавај, ако Вавринка не докажа овие две и пол години дека заслужено си е дел од топ 4 моментално, тогаш не знам кој докажа. Според мене Вавринка е подобар и покомплетен тенисер од Мареј, штета за него што на 28 години почна да соработува со Норман, да почнеа порано кај ќе им беше крајот. Во секој сегмент на тениската игра е подобар од Мареј, и сервис и бекенд и форхенд, едино можда движењето е на страна на Мареј. Ноле задњиве 2 години највеќе пати од Стан, Мареј исто беше шамаран ако не се лажам во 2-3 наврати.

Надал мизерен до сега.
 
Ништо не се прашуваше Рафа во овој меч, Нандо лупаше со сета сила по топчето или промашуваше или погодуваше. Се извлече на 6-5 за Рафа и 0-30 во четвртиот сет иако пред тоа он сервираше на 5-4 за сет. Рафа коњино. Браво за Нандо си дочека одмазда за 2009...

Нандо винери - неизнудени 90-37 [emoji123]
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom