Бандашите и затемнетите стакла се од 2007
,голфчето едно 5,6 години постаро....
П.С.
luki junior ја
долови поентата ,убаво е ефтино не одат заедно...докажано и проверено....(освен ако не купуваш од некој близок роднина,пријател кој нема задни намери)....
...
Ете ќе тргнам од мене,барав кола речиси 8 месеци,се скапав од дремење по интернети,јавувања по телефони,проверки кај мајстори....
Се запнав да зеам пасат и само пасат,за друго нејќев ни да слушнам,и на крај сосема случајно купив ауди а4...
(таква шанса не смеев да испуштам,иако ја платив малку поскапо отколку шо планирав да дадам за пасатот)...
Се е случајно со колите,како ќе ја начекаш...ако вреди колата ако те бендиса,па ако при проверката на мајстор се покажи исправна и ако се погодите со цената со продавачот тогаш нема шо да се мисли ....
Се е во личниот вкус,дали ќе ве бендиса,а кога се работи за марки како audi и vw(кои имаат премногу исти делови,мотори)тогаш нема некоја огромна разлика....нијанси одлучуваат...
П.С.
Совет,без разлика шо кола сакате да купите(да се надоврзам на темата општо за купување половна кола,да споделам некои искуства кои можат да ви бидат од корист)......
Подобро од Македонија да се купи кола,барем имате можност детално да ја проверите....со однапред дадени пари за некој да ви ја донеси од странство тоа е чиста лотарија.......(не дека и вака не е )ама ризикот е помал....вака кога ќе ја донесите колата од странство нема каење после,скратен е изборот.....
ОБАВЕЗНО КОЛАТА ОДНЕСЕТЕ ЈА НА КОМЈУТЕРСКА ДИЈАГНОСТИКА..За проверка на предница најдобро е на технички преглед,таму најдобро ќе кажи дали има некој проблем со амортизација,рамена,јабучици и сл.бесплатна е проверката...
( а за компјутерска проверка земаат околу 500 денари ,има во речиси секој поопремен сервис)...
Можеби некој ќе речи дека доволно е да се оди само со свој мајстор да се види колата,ама не е така...ете многу примери видов последните неколку месеци,и лично и со мои другари шо купија коли на старо....какви само преваранти има то чудо нешто..
Гледав еден пасат,97 годиште,вака на прв поглед пасатот беше одлично зачуван,прва боја,една гребнатинка немаше,моторот работи преди...
И му викам на дечкото шо ја продаваше да ја однесиме на компјутерска дијагностика....
Малку се зачуди,чудно му падна зошто други не му барале претходно ваква работа,и се согласи....
И носење на компјутер и почна да свети на екранот на компјутерот
ЦРВЕНО,ЦРВЕНО,ЦРВЕНО
Абс-от покажуваше проблем,аирбегот исто,проблем со компресијата,проблем со климата....
Па после ги ресетираа,ги изгуби дел од аномалиите,ама кој ти гарантира дека за 50,100 ком нема пак да се појават?
А вака на прв поглед не ги гледаш тие проблеми...
И чиста среќа шо не падна договор со продавачот(малку фалеше)..
Друг пример,еден другар пред некој месец зеде пежо 206 2003 година(ја плати пресолено)
,колата вака каросериски нема/ше мана.....
Алуминиумски бандажи..дрн,дрн...внатре седишта зачувани,маска....
Арно ама,дечкото се договори со продавачот без да се однеси на дијагностика колата...
И ја зеде колата...и му викам абе на компјутерска дијагностика ја однесе колата?ми вика НЕ шо е то?
..
И носење на сервис,ја уклучуваат и шо ќе излези...
Воздушното перниче не работи,проблем со абс,цревото од климата скинато...
И за шо ја плаќа чоек колата толку пари,.ако не ти работат овие работи?
да ти се плукнам и во годината и во зачуваноста на колата(каросериски).....
Значи кој преваранти има меѓу дилерите.....
Изгледа во огласите кога пишат фул опрема мислат само на бандаши и на отворање на прозори на дугме
....
Сега за да ја среди ќе му требаат еден куп пари,и едно пежо 206(ниска класа)ќе го фати како да купил пасат од 2000 год....
и кај е есапот овде?
Ако е така подобро да си земи чоек фичо,чиста механика,и бркај работа,и моли се ако,закочи закочи...ако не то е....
Пуштетете ги во погон сите сетила кога купувате стара кола...проверете се.....
Ако продавачот нејќи да се однеси на дијагностика значи колата има некоја мана,тогаш бегајте од тие шо подалеку...
Е сега не значи дека и со проверка се ќе биди цакуп пакум,ама барем ќе имаш некоја каква таква сигурност за вложените пари....
Сепак стара кола е мачка во вреќа да не се лажиме...