ATSC 3.0 иднината на OTA телевизијата

Член од
7 април 2015
Мислења
1.364
Поени од реакции
707
Неодамна беше претставен атсц 3 стандардот во Северна Америка, додека кај нас ќе се манифестира во некоја ДВБ верзија, кој претставува нови големи погодности за емитување на канали преку антена. Еве едно видео кое говори за погодностите на новиот стандард
Овие погодности се големи од тоа дека може да се емитува 4К видео во неверојатни 120фрејма со ХДР подршка како Блуреј дисковите со поддршка за Долби Атмос и Дтх како аудио. Исто така и подобар прием на каналите на поголема оддалеченост.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
1.364
Поени од реакции
707
Нашиве телевизии и оператори одвај нешто и во HD емитуваат а не пак 4к.
Ова е наменето за иднината да биде future proof. Да се овозможи дополнитена опција за рекламирање со т.н targeted ads.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.348
Поени од реакции
2.507
Е тогаш сите наредни потенцијални купувачи за телевизори во нептун или сетек купете ТВ со опција ATSC 3.0 стандард ако воопшто имаат
 

The Wild Boy

уф ама сум убаф
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.179
Поени од реакции
545
Значи ако бог да за едно 5 години ќе им светне на операторите да го шибнат ова. И после 4k за тоа време бескорисно ќе стане, а 8k до тогаш ќе стане некој стандард ама кај нас дури тогаш ќе пуштат 4к по телевизиите, а башка како што пола и више Македонија до тогаш ќе си го користат стариот вид на телевизија, и нема никој да се поднови. Исто како и 5G.
Убава работа ама џабе, кај нас вакво нешто нема да успее.
Убаво од Samsung, LG и Sony што си имаат процесори на нивните 4k телевизори што прават upscaling од 1080p на 4k, па така да секој моментално може у 4k да гледа, ама она баш баш 4k, е за тоа ќе се изначекаме.
За жал следните олимписки игри ние нема да ги гледаме во 4k, т.е. тие ќе бидат емитувани ама кај нас ќе направат downscaling во 1080p, а некој во Америка ако си има уред кој што поддржува ATSC 3.0 ондак ќе си ужива гледајки ги олимписките игри во 4k.
Ние комотно може да си продужиме со стримање и пиратерија на 4k содржини, гледајки Јутуб видеа во 4k, и играње игрици во 4k.
Ова за жал нема во скоро време да дојде кај нас, и нема да успее.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
1.364
Поени од реакции
707
Е тогаш сите наредни потенцијални купувачи за телевизори во нептун или сетек купете ТВ со опција ATSC 3.0 стандард ако воопшто имаат
Не може да имаат, тој стандард е за подрачјето на Северна Америка и Ј. Кореја која е првата која го уведе АТСЦ 3 стандардот за да ги емитува Зимските Олимпски игри кои беа пред 2 години во нивната земја, можеби некои од поскапите марки како Сони, Самсунг, ЛГ имаат повеќе тјунери, ние го користиме ДВБ стандардот, додека Јапонија и Јужна Америка го користат ISDB стандардот, има уште некои поспецифични стандарди како тој Кинескиот.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
1.364
Поени од реакции
707
Нов предлог да се искористи дел од фреквенцијата на Атсц 3 за интернет во руралните средини.
 
На врв Bottom