Кој се условите сега за Вимблдон, веќе не е јуниор дали ќе може да игра квалификации или малку потешко?
Многу потешко, сега за сега е невозможно. Директно влегуваат 104 од пријавените кои се највисоко рангирани на ATP листата. Ете и 50 топ 100 тенисери да се повредени, и во тој случај мора да е рангиран до 150 место.
Wild Card добиваат 8 тенисери. На Калин секако нема да му дадат wild card.
Остануваат уште 16 места преку квалификации - 128 тенисери учествуваат во квалификациите, значи пак треба да биде рангиран во топ 128 од тие кои се пријавиле за квалификации, значи некаде до 232 место на ATP. А он е 477 моментално. Затоа викам - со фјучрси не може на грен слем! Мора прво челенџер турнири, па мастерси, па дури тогаш Вимблдон.
Калин игра супер на трева како подлога највеќе му одговара ништо чудно да го видиме годинава на некој челингер во Англија ,Германија или Холандија на таа подлога.Сигурно ќе мора и на челингер да влезе преку квалификации.
Сите велат така, ама од друга страна, сите фјучрси што ги изигра годинава, и во Монастир, и сега во Франција беа на тврда подлога. Во Франција дури и indoor беа дел од турнирите. Турнирите на трева се исклучително ретки, до сега имаше само 2 сезонава, во Австралија. Челенџери во цел календар се само 3 на трева, сите 3 во Велика Британија.
Инаку, сега видов дека турнирот кој моментално го игра во Тулуз-Балма му е првиот М25 турнир во кариерата, значи победникот таму освојува 25 бодови. Не е некаков скок од претходните, но во секој случај е прв чекор кон челенџерите.