ATP тенис - општа дискусија

kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.823
Поени од реакции
10.551
Немаше што да бара Руд денес, го уништи Надал на бекхенд.

14 титули на еден Гренд Слем, едно од најголемите достигнувања не само во тенисот, туку и во спортот. Бог на небото, Надал на земјата.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.288
Поени од реакции
22.536
Колку и да не го сакам дечкото е најдобар на сите времиња. Нема подобар секоја чест Рафа Надал
novak ke tera do 30. sepak rafa moze sega da se povlece i kaze dur igrav bev GOAT.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.763
Поени од реакции
14.028
Честитки до фановите на Рафа ама да не претеруваме со овие ГОАТ муабети сега, не е тенисот само ГС и земја :D

Дискутиравме на темава кога беше АО и мислам дека повеќето се согласија дека Рафа треба да му бега 4-5 слема на Новак за да има ГОАТ дебата бидејќи премногу го кочи тоа што нема АТП финале освоено, ги нема комплетирано мастерсите и доста заостанува во недели како број 1.

Али кога станува збор за слемови, тогаш му нема рамен на Рафа, без разлика што фарма титули на РГ. Има најдобар процент на играни и освоени турнири, плус има подобар скор од Фед и Новак во финалињата (помалку играни, а повеќе освоени).
Автоматски споено мислење:

Иначе не се плашете да коментирате, време е за дискусија па споделете мислење :icon_mrgr:
 
Последно уредено:
Член од
23 август 2010
Мислења
38.137
Поени од реакции
107.443
Честитки до фановите на Рафа ама да не претеруваме со овие ГОАТ муабети сега, не е тенисот само ГС и земја :D
А зошто овој муабет се тера увек? 2 Вимблдона и уште три финалиња, 4 УСО (1 повеќе од Новак), 2 АО. Сеа тоа што на земја е најдоминантниот спортист во историјата на спортот е друг муабет, ама како го терате муабетот еј на земја осваја не е тоа тоа, а зошто да не е? Тврда и трева се реперот? Зошто па Новак не осваја на земја? Зошто Федерер не осваја? Или не се толку добри ко Рафа? :D

22>20 и иако лани муабетот што го кажав беше дека Новак е моментален Гоат мислам дека сега ситуацијата се смени. Сега Рафа е ГОАТ иако може дури и сезонава да се смени истото.

Било како било, ова што го направи човекот на РГ е најуникатното и најголемото достигнување во историјата на спортот, затоа што јас лично не памтам и не познавам спортист или екипа што направила ваков подвиг. Сум бил сведок и на Болт и на Фелпс и на уште многу други индивидуални и екипни легенди, ама вакво нешто никој нема направено. 14 од 14 еј, па 14 пати да пробам на празен гол да шутнам еднаш ќе промашам, овој 14 финалиња од исто толку обиди освои, СТРАШНО!

Сеа на Вимблдон ќе биде каша попара, милион откажувања има до сега, а уште толку ќе има ради тоа што ги исклучија бодовите.
 
Член од
6 септември 2021
Мислења
221
Поени од реакции
333
Честитки до фановите на Рафа ама да не претеруваме со овие ГОАТ муабети сега, не е тенисот само ГС и земја :D

Дискутиравме на темава кога беше АО и мислам дека повеќето се согласија дека Рафа треба да му бега 4-5 слема на Новак за да има ГОАТ дебата бидејќи премногу го кочи тоа што нема АТП финале освоено, ги нема комплетирано мастерсите и доста заостанува во недели како број 1.

Али кога станува збор за слемови, тогаш му нема рамен на Рафа, без разлика што фарма титули на РГ. Има најдобар процент на играни и освоени турнири, плус има подобар скор од Фед и Новак во финалињата (помалку играни, а повеќе освоени).
Автоматски споено мислење:

Иначе не се плашете да коментирате, време е за дискусија па споделете мислење :icon_mrgr:
Кој како сака си гледа,ама ќе пробам да дадам најобјективен приказ.На колку само Гренд Слемови,Рафа беше спречен да освои поради повреда.Неколку примери (АО 2014 , РГ 2016,РГ 2021, УСО 2018)...ја не памтатм Новак да предал битен меч на Гренд Слем.Секој љубител на тенисот знае дека ако Рафа беше физички многу поспремен и ако неговото тело издржуваше повеќе сега разликата во слемови ќе беше 7-8+ и немаше да има никаква дебата околу ГОАТ.Но ајде да не преудицирам што би било кога би било,мада ова е многу реална слика што ја кажав.Второ,АТП Финалс...па нормално дека нема да има титула кога се игра на крај на сезона,а сите знаеме дека Рафа не може да издржи една фул сезона на високо ниво.Плус тоа,зошто цел живот се игра на хард у сала??? Зошто се игра на најомилената подлога на Новак? Еднаш не се смени на земја,па да видевме тогаш.Така што не е репер тоа воопшто. 2 мастерси му бега,апсолутно небитна статистика,нека си се концентрира само на слемовите.Во оваа ситуација како што е,нека биде спремен да ги игра слемовите и тоа е супер.Едино за што е боље Новак,тоа е првото место и тоа нема апсолутно никој да го сруши у наредни 50 години.Така што заклучок (не го фаворизирам Рафа само кажувам реално), сите што пратат долго тенис ќе се сложат дека да беше Рафа физички на ниво на Новак,досега ќе беше убедливо најдоминантниот сингл спортист у историјата на спортот.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.977
Поени од реакции
55.047
А зошто овој муабет се тера увек? 2 Вимблдона и уште три финалиња, 4 УСО (1 повеќе од Новак), 2 АО. Сеа тоа што на земја е најдоминантниот спортист во историјата на спортот е друг муабет, ама како го терате муабетот еј на земја осваја не е тоа тоа, а зошто да не е? Тврда и трева се реперот? Зошто па Новак не осваја на земја? Зошто Федерер не осваја? Или не се толку добри ко Рафа? :D

22>20 и иако лани муабетот што го кажав беше дека Новак е моментален Гоат мислам дека сега ситуацијата се смени. Сега Рафа е ГОАТ иако може дури и сезонава да се смени истото.
Така е брат.

Јас се слагам со Божино, Новак ќе е ГОАТ на крајот на нивните кариери, без разлика дали ќе заврши со помалце или повеќе слемови во однос на Роџер и Рафа. Ова го реков уште лани на РГ, тоа беше печат на муабетот за ГОАТ, го добиваш Надал на негов терен каде што има 13 титули, кај што е недопирлив, што повеќе да се каже?

Мислам дека треба Рафа да заврши со 3-4 слема пред Новак за да може да се смета за ГОАТ, а тоа е речиси немогуче. За мене Новак е најкомплетен од нив тројца, што се гледа по неговите резултати и рекорди, Надал е најголем шампион и победник, не дека другите двајца не се ама Рафа има најдобар однос на победи/порази кога ќе стигне во финале на Слем а и општо
 

Jankoff

Run that, pass that.
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.640
Поени од реакции
2.606
Каква бруталност, па греота е бе човек кај тебе у академија тренирал дај му еден гејм немој на 0. Ја реков на сите, чим го тепаше Новак, толку е.. Имаше шанси и Саша, не викам не, ама не ги искористи и се случи повредата. ЈАС НИКОГАШ ГО НЕМАМ ВИДЕНО РАФА ДА Е ПОАГРЕСИВЕН, НИКОГАШ НА БИЛО КОЈ ТУРНИР, НА ТВРДА НА ТРЕВА НА ЗЕМЈА БИЛО КАДЕ, А И ПОДОБАР БЕХЕНД НИКОГАШ НЕ УДИРАЛ ЧОВЕЧЕ. 22. НАЈДОБАР НА СИТЕ ВРЕМИЊА, ДУРИ НИ НЕ Е НИ ДИСКУСИЈА ВО МОМЕНТОВ.
Ако Рафа игра на трева, а се надевам дека ќе игра, прв пат у кариерата има можност да направи календарски слем.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.137
Поени од реакции
107.443
Така е брат.
Па види пишано ти е во мојот пост што и како ама ти си доволно неписмен да не го прочиташ тоа така да не ме чуди. Да, пишува со 3-4 слема пред Новак за да биде ГОАТ ама ситуацијата со АО смени многу зашо никој не се надеваше од нас на таа титула, а со неа комплетираше по минимум 2 титули на сите 4 слема, изби на прво место на вечна ранг листа, а овде во Париз го доби токму Новак во 1/4 финале така да тоа менува многу. Пишав и дека може и до крај на година да се смени причата за ГОАТ ако Новак освои Вимблдон или УСО или и двата така да те молам не ми вади работи од контекст и не биди идиот.
 
Член од
8 мај 2022
Мислења
551
Поени од реакции
1.617
Ако Рафа игра на трева, а се надевам дека ќе игра, прв пат у кариерата има можност да направи календарски слем.
:lolzz:

Ќе го освои Надал Вимблдон, милион посто.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.814
Поени од реакции
10.951
Кажа на пресот после финалето, дека ако треба да прима инекции во стапалото нема да настапи на Вимблдон. На РГ се решил да прима такви инекции зашто му е најбитен турнир и сметал дека вреди да се подложи на тоа, ако треба со иста мера да јаде инекции и за Вимблдон, нема да настапува. Инаку инекции кои имале улога на анестезија на тие нерви што му правеле проблем, како кажа така пренесувам, не сум доктор.
Него 14 од 14, на игра не може ваков левел на тежина да стават за да го тепаш главниот. Два слема годинава, тука да застане ќе биде супер успешна сезона на 36 години, нема што да бараме повеќе од него, fucking beast.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom