ATP тенис - општа дискусија

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Едно прашање, онака, чисто информативно. Зошто на некои ( претпоставувам има и на форумов такви ) им смета тоа што Федерер искажува помалце емоции од другите, па го етикетираат како робот ?
Кои се тие некои? Мене само на еден ми текнува :D

Сеа за Марето ли си?:D
Започнати се квалификациите, моментално се играат мечеви, накај четврток - петок е подобро да се отвори, сеа секако и нема нешто шо да се искоментира, освен што се откажаа Кузњецова, Звонарева и Монфилс од гренд слемот.
Се знае јас за кого сум. :X3:

Инаку еве како се почетно поставени работите околу ждрепката.
 
Член од
22 јуни 2008
Мислења
725
Поени од реакции
218
Кои се тие некои? Мене само на еден ми текнува :D



Се знае јас за кого сум. :X3:

Инаку еве како се почетно поставени работите околу ждрепката.
Ne e eden r'n'r'la samo drugite izgleda na vreme razbrale deka nema fajde od polemiki ovde
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ne e eden r'n'r'la samo drugite izgleda na vreme razbrale deka nema fajde od polemiki ovde
Клан сме ние бабарабатин, сите ние од Псај до Божино работиме на едноумие, перење на мозок и секако бркање на членови кои не мислат како нас. Многу сме моќни.:)
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Џабе ви е све, ако тенисер не тренира во базен не е тоа тоа, све пропаѓа во вода, упс, нема вода празен базен беше :D
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
Ne e eden r'n'r'la samo drugite izgleda na vreme razbrale deka nema fajde od polemiki ovde
Последен пат се трудам цивилизирано да ги испрајме работиве. Очигледно имаш солидно разбирање од тенисов, но најдобронамерен совет од мене ти е малку понеагресивно да пристапиш на муабетиве тука, пробај ја кирилицата и слични работи. Се трудиме подфорумов да биди што поцивилизиран, или барем така сме навикнати, и досеа ретко се дешавале караници меѓу фанови на Надал, Федерер, Џокович, кој и да е, а ти уште од самиот почеток почна со агресивни и неподдржани со факти муабети за стероиди, биографии од деца мали кои не би ги знаел ни комшијата на Џокович и хејтање на Федерер и Надал. Нема врска овде за кого навиваш, ако ме читаш од поодамна ќе видиш дека имам огромен респект и за Надал и за Џокович и никогаш не сум зборувал лошо за ниеден од нив. Битно е да се дискутира на ниво и со факти. Поздрав и се читаме на USO темата.
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
Сеа ми текна, има добри клипчиња на youtube за тривалствово шо се случува последниве години? Се убив од гледање клипови на Федерер, Ноле, Надал, али убо би било да има некоја си компилација која го анализира нивното ривалство кое е огромен дел од нивните кариери.
 
Член од
22 јуни 2008
Мислења
725
Поени од реакции
218
Последен пат се трудам цивилизирано да ги испрајме работиве. Очигледно имаш солидно разбирање од тенисов, но најдобронамерен совет од мене ти е малку понеагресивно да пристапиш на муабетиве тука, пробај ја кирилицата и слични работи. Се трудиме подфорумов да биди што поцивилизиран, или барем така сме навикнати, и досеа ретко се дешавале караници меѓу фанови на Надал, Федерер, Џокович, кој и да е, а ти уште од самиот почеток почна со агресивни и неподдржани со факти муабети за стероиди, биографии од деца мали кои не би ги знаел ни комшијата на Џокович и хејтање на Федерер и Надал. Нема врска овде за кого навиваш, ако ме читаш од поодамна ќе видиш дека имам огромен респект и за Надал и за Џокович и никогаш не сум зборувал лошо за ниеден од нив. Битно е да се дискутира на ниво и со факти. Поздрав и се читаме на USO темата.
aj za posleden pat,mozete no ne sakate da me razberete, rezime.Koj go negiral postiganjeto na Federer ili Nadal? Kaj go procita toa?Shto beshe agresivno?
Eve shto vikam jas:
Novak so negovite 25 god.,so negovoto poteklo,okruzuvanje,uslovi vo koj se razvival,odnesuvanjeto i koga dobiva i koga gubi,karakterot,kako go prifakaat kolegite i koleshkite,rezultatite jas go gledam kako najdobar teniser vo momentot,nezavisno od statistikata.
Koj lud moze da gi negira brojkite na Federer i Nadal i kaj jas gi negirav?Ne,tuku jas velam deka Novak e podobar zaradi toa toa i toa.A dali ovoj na 31 edna imal tolku grand slema,a drugiot na 25 onolku,pa kolku ke ima koga ke ima 31 ne mi e tolku bitno.Primerot so Gaskonj mislam deka vrshi rabota.
 

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.841
Едно прашање, онака, чисто информативно. Зошто на некои ( претпоставувам има и на форумов такви ) им смета тоа што Федерер искажува помалце емоции од другите, па го етикетираат како робот ?
Дел од едно интервју на Федерер
"Водев борба самиот со себе, а тоа е најтешкиот меч во животот на секој човек. Има мигови кога плачев од среќа, но и кога бев на работ на нервен слом. Чекор по чекор научив на луѓето да не им ги покажувам емоциите, затоа што некогаш знаат да бидат многу зли кога ќе почувствуваат дека сте психички слаби. Поради мојот надворешен изглед, новинарите често мислат дека сум арогантен, а, всушност, сум многу емотивен и често плачам, од што не се срамам." - вели тенисерот.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
^ Паметно што се истренирал дотаму. Луѓето ако осетат и најмала слабост можат да те прекршат, поготово во „бизнисов“ кај што е тој.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.401
Поени од реакции
113.946
За Федерер се знае дека како помлад плачел на одредени тренинзи и многу се нервирал, но и јас го поддржувам во тоа дека не треба да се срами бидејќи плачел, нормално е тоа, на секој човек може да му се случи, а особено на врвен спортист како него кој има еден тон притисок врз него.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Туф, туф плачел. Па сте виделе како се маваат од земја фудбалери кога ќе изгубат некој круцијален натпревар? Аман нека му се откачат на човеков, де им личел на робот, де на плачко. Ми иде да кажам еден збор, ама ај ќе се воздржам.:rolleyes:
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
Федерер како дете бил најнервозниот играч меѓу јуниорите. Родителите кога го виделе за прв пат на тренинг сесија што прави и колку се нервира, биле на раб да го откажат од тенисот. Питер Картер е неговиот прв, ако може да се каже тренер, кој го научил да ги катализира емоциите и да премини од дете во маж во тениската игра. По трагичната смрт на Питер Картер (автомобилска несреќа на одмор, каде Федерер го пратил :cautious:), Федерер не можел да се опорави, но по разговор со родителите на Питер Картер кои му рекле дека во Федерер го гледале сето она што Питер го имал и правел во својот живот, Федерер се заколнал дека ќе ги почитува и изразува неговите вредности на теренот. Ете, малку тривија.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Енди Родик се откажува од тенисот, исто како што направи и Ким Клајстерс. После овој турнир ќе се збогува со белиот спорт, а веќе утре може да му биде последниот меч, против Томиќ. :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom