Прв пат во животот Зверев одигра машки на слем, и она му се случи. Навистина штета, имаше реална шанса да го добие Надал вчера. Во тајбрејкот од првиот сет пропушти 6-2. Надал делува како да е на крајот на силата, и како да ги вложува последните атоми на сила што ги има во овој турнир. Вчера во вториот сет успеа само еднаш да го задржи својот сервис, што ми е непојмливо. Најверојатно ќе го добие Руд, бидејќи Руд реално нема некоје оружје да се носи со Надал на земја, освен ако Надал не колабира на теренот.