Надал се повлече од Париз, искрено мене чудно ми беше и што избрза со камбекот со оглед на фактот што коленото го ебеше на јуес оупен така да од негова перспектива ова е паметна одлука, одлука која значи дека Новак повторно се враќа на чело на атп листата.
Е сеа од вие што имате твитер и пратите рекорди и слично, пред неколку недели кога новак го победи зверев, најдов податок кај него на фејсбук од некој енглез што му искоментирал и истиот пиша дека додека траел преносот, англиските коментатори рекле дека 40 години не се десило некој тенисер кој годината не ја започнал ко прв, а у меѓувреме излегол и од топ 20, на крај да биде прв на атп листата, и никогаш во open ерата ова не било случај.
Не знам ова сега колку е точно, али ако е, уште еден каков таков Milestone во кариерата на Новак кој го прави посебен.
Како и да е, каде бевме лани ова време, каде е сега.
п.с. Не е во прашање повреда со коленото кај рафа, барем тоа е добра вест, проблеми со стомакот ако разбрав добро.