Брат, јас не викам дека он не знае бекенд да игра, ама ти викам дека има маана на тој удар. Значи сега без никаква иронија, Рафа беше многу лош против него. Имаше 4 или 5 мис хитови од форхенд, ЗНАЧИ ОД ФОРХЕНД, имаше милион неизнудени и беше плиток како Вардар. Вистина, Тием одигра одличен меч, нема тука збор, ама ете чисто за пример погледни ги дуелите од Барса и Мадрид, нарочито оној од Барселона. Едно 10 пати го дадоа Тием у кадар како ја клати главата и ги собира рамениците, алудирајќи на тоа дека нема решение од бекенд страната. Глеав некои инсерти прееска од вчерашниот меч, исто и Ноле го угасил, со константен притисок и спин на бекенд. И друга многу битна ствар, Тим е многу лесен за избацување од ритам, ако тргне возот во удолница ондак нема застанување, против Гофан во Монте Карло водеше со брејк во третиот сет и направи 15 неизнудени грешки со ред, значи го гледав мечот и му ги броев.
На пример Рафа, Новак и Роџер за да ги избациш од комфорната зона треба магии и читови да користиш, бидејќи скоро и да немаат маана во играта.
Иначе Фотос, не сум ироничен за Новак, го гледав цела недела освен вчера со Тим, сеуште е многу лош и испод секој негов стандард. Нема сервис, нема ритерн, нема константност во размените, на ништо не личи неговата игра. Против Агут одигра солидно, ама сепак недоволно и најбитно од се што не го пренесе тоа во следните мечеви.