ATP тенис - општа дискусија

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.334
Поени од реакции
2.222
Ви се верува ова?
Станува збор за Федерер со Донској (или како и да се пише), тај брејк во третиот сет и ова му се случува на Федерер од 5-1 до 5-7. :pos:

Untitled.jpg
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.024
Поени од реакции
36.785
Ја глеав јас, не ми е јасно шо се исподешава, очаен после првиот сет Роџер.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Ви се верува ова?
Станува збор за Федерер со Донској (или како и да се пише), тај брејк во третиот сет и ова му се случува на Федерер од 5-1 до 5-7. :pos:

Прегледај го приврзокот 165706
Федерер имаше и 5-2 во вториот сет во тајбрејкот, меѓутоа за разлика од третиот, имаше и 3 меч топки на 6-4, 6-5 (на свој сервис), 7-6(на свој сервис) и на крај го загуби тајбрејкот 7-9. И тоа не е се, Федерер водеше 5-2 во гемови во третиот сет, резултатот дојде до 5-6 (сервис за меч на Донској), од тој момент серија од 9-1 поени за Федерер и водство 5-1 во тајбрејк, ни блиску до доволно за победа против тенискиот велемајстор Донској.
 
L

Löwe

Гостин
Kако бе ваква серија барем од 3 поени лоши со Надал не изигра матер да му ебам наркоманска :confused::mad:
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.334
Поени од реакции
2.222
Федерер имаше и 5-2 во вториот сет во тајбрејкот, меѓутоа за разлика од третиот, имаше и 3 меч топки на 6-4, 6-5 (на свој сервис), 7-6(на свој сервис) и на крај го загуби тајбрејкот 7-9. И тоа не е се, Федерер водеше 5-2 во гемови во третиот сет, резултатот дојде до 5-6 (сервис за меч на Донској), од тој момент серија од 9-1 поени за Федерер и водство 5-1 во тајбрејк, ни блиску до доволно за победа против тенискиот велемајстор Донској.
Ќути, цело време го пратев резултатот, не ја гледав али не ми се веруваше како е можно тоа, Федерер е, некој велат си прави екзибиции на небитни турнири, некој попуштал, се шетал, мене ништо не ми фаќе логика тука.

Како и да е утре против Пули че го јаде Донској :)
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
3.088
Поени од реакции
4.461
Конечно една партија за него бев, да го сомеле ова менталниов шо го провоцира цело време, и од него изгуби...
Страшни сервиси Кирјос 25 аса, без изеден брејк.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Скоро никаква дискусија во подфорумов иако седмицава се играат доста квалитетни турнири.
Беше спомнат Федерер со неговиот неверојатен кикс против факинг Донској, еве сега гледам сте пишале и за елиминацијата на Новак. Не го гледав нешто мечот, само видов статистика која покажува на луд сервис на Ник, факт е дека Новак е надвор од секој баланс, висеше и против Дел Потро.
Вечер Рафа против Чилич во 1 часот по полноќ, македонско време, а во 5 играат Киргиос и Квери. Веројатно голема шанса за Рафа да триумфира на овој турнир, претходно го има освојувано неколку пати на земја.
На другата страна, во Дубаи познато е машкото финале, Мареј кој спаси 7 меч топки против Колшрајбер во неверојатниот тајбрејк кој го доби 20-18, а противник ќе му биде Вердаско кој со неколку одлични партии успеа да се пласира во завршниот меч на овој престижен турнир.
Што се однесува до земјашите, и тие имаа шанса да се појават на една категорија понизок турнир и тоа во Сао Паоло. Таму познати полуфиналисти се Соуса и Рамос Винолас, во останатите две четвртфиналиња играат Карено Буста и Фоњини, Шварцман и Куевас.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.719
Поени од реакции
18.455
Беше спомнат Федерер со неговиот неверојатен кикс против факинг Донској,
Не само што беше спомнат, него беше навреден и опцуен а ти не само што не го избриша тоа мислење, него стави и лајк. Good job.

Оправдување дека тоа се кладионичарски муабети нема, затоа што овој подфорум - спорт не е ист како и фудбалот.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Не само што беше спомнат, него беше навреден и опцуен а ти не само што не го избриша тоа мислење, него стави и лајк. Good job.

Оправдување дека тоа се кладионичарски муабети нема, затоа што овој подфорум - спорт не е ист како и фудбалот.
Верувам ептен му се наруши егото.
 
L

Löwe

Гостин
Не само што беше спомнат, него беше навреден и опцуен а ти не само што не го избриша тоа мислење, него стави и лајк. Good job.

Оправдување дека тоа се кладионичарски муабети нема, затоа што овој подфорум - спорт не е ист како и фудбалот.
WoW
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Научи да модерираш прво, после коментирај.
Во ред, ајде ќе ти дадам задача да контактираш некој надлежен што може да ми ја одземи истата функција, мене ништо нема да ми промени, а тебе веројатно да, некои коментари каде е "навреден" Федерер автоматски ќе се избришат, дури и политичкава криза во Македонија ќе згасне како последица на тоа.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
Квери да ти бил играчиште, јас мислев со Ѓоковиќ не е нешто во ред кога спуши на Вимблдон... :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom