ATP тенис - општа дискусија

L

Löwe

Гостин
Фернандо Гонзалез ја заврши својата професионална тениска кариера со поразот во прво коло на мастерсот Мајами. Ова е видеото кое беше прикажано после натреварот од 1во коло, каде што кон Гонзалез се испраќаат честитки од Роже, Рафа, Новак, Браќата Брајан и Налбандиан
Фернандо ќе остане запаметен во историјата на тенисот по можеби Најдобриот Форхенд досега.. Најбрз со сигурност.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Federer go otkaza ucestvoto na Masters turnirot vo Monte Carlo..
 
L

Löwe

Гостин
Се плаши таму да не добија освета за Индиан Велс финалето, нешто во стил на ова
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Се плаши таму да не добија освета за Индиан Велс финалето, нешто во стил на ова
Петар дај молим те прибери се во постовите. Бар во тенис сме одлично групирани како фанови и се разбираме меѓусебно во духот на самиот спорт. Грев е во тенис да се дискутира на вакво ниво.

Он топик: Има ли некаде изјава зошто Роже се откажа?
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.994
Поени од реакции
16.438
Изгледа се должи на тоа што од почеток на сезоната нема направено пауза, изигра на секој турнир, друго не верувам дека е во прашање.
Лани на овој турнир не играше Новак, поради „повреда“ ..
Долга е сезоната, мора да се тактизира.
 
Фино го кажа ова... Поради наводна повреда, или можеби страв да не му се прекинеше серијата...
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.994
Поени од реакции
16.438
Фино го кажа ова... Поради наводна повреда, или можеби страв да не му се прекинеше серијата...
Како беше влезен во форма, тешко дека ќе му ја прекинеа. Ако беше така, во Мадрид требаше да му ја прекинат.. :pipi:
 
L

Löwe

Гостин
Како беше влезен во форма, тешко дека ќе му ја прекинеа. Ако беше така, во Мадрид требаше да му ја прекинат.. :pipi:
Друго е Мадрид друго е Монте Карлo. На Монте Карло Надал има серија 7 години без пораз, односно одкако се појавил таму нема пораз, башка тоа, таа е најспората можна подлога што се игра на АТП, далеку поспора од Рим/Мадрид, независно што се работи за земја. ;)
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Изгледа се должи на тоа што од почеток на сезоната нема направено пауза, изигра на секој турнир, друго не верувам дека е во прашање.
Лани на овој турнир не играше Новак, поради „повреда“ ..
Долга е сезоната, мора да се тактизира.
Па со оглед на фактот дека ги чека и Олимпијада годинава на која ама баш секој од четворкава има аспирации да земе злато, нема да ме чудат вакви тактички повлекувања годинава. Нејсе, не се машини. Не е лесно да се одигра турнир по турнир со кратки паузи помеѓу нив.
 
С

сашенко

Гостин
Други од топ 10 нема шо откажаа учество? Новак сеа ќе си прибере поенчиња тука убави, добро ке му дојде тоа шо лани не настапи.Ем лани одмори, ем сеа ке си собере поенчиња од секоја победа
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
С

сашенко

Гостин
Надал и Гранолерс поминаа у прво коло со 6-1 6-3 против Чилич и Карлович....зашто се троши вака во волку битен дел од сезоната не ми е јасно.Нека вежба на тренинг дупло повеќе волеј и тоа е тоа, нека се фокусира на битните мечеви во сингл не му треба ова
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.744
Поени од реакции
18.494
Он топик: Има ли некаде изјава зошто Роже се откажа?
Не игра затоа што ги изигра сите турнири од почетоков на годинава, или барем скоро сите....од 13.02.12 до 5.03.12 има изиграно 4 турнири, што на негови години е многу, ако се знае дека 3 грен слема допрва следуваат, мора малце да одмори.
 
The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Дечки, да предложам нешто... Мислам дека би требало да се отвори посебен подфорум за тенис и да направиме повеќе теми, АТП 250 турнири, АТП 500 и за секој мастерс посебна тема, како и за грен слемите.

За секој мастерс некој член на форумот да отвара тема, со вовед, кој го освојувал турнирот претходно, и некои побитни информации. За помалите турнири (250 и 500) не мора. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom