ATP тенис - општа дискусија

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Иначе после Новак - Алмагро или од кај 23 часот ќе се игра еден многу срцкаст дуел во женска конкуренција помеѓу Кириленко :love: и Шарапова. Пренос на Еуроспорт. Ако случајно некој гледа женски тенис.:D
Да, двете најубави тенисерки :) 2010 на Аустралијан Опен тепаше Кириленко во 3 сета.

Иначе Ивановиќ 6-3 6-4 против Бартоли, во финалето ќе игра против Шарапова или Кириленко, супер полуфинале без разлика кој тепа вечер :D
 
L

Löwe

Гостин

Полека полека, во ПОЛУФИНАЛЕТО ќе игра со Шарапова/Кириленко
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.921
Поени од реакции
16.193
Ја пробав прв сет - Алмагро. :ROFLMAO:
Го сомеле. Мислев дека ќе му освои барем еден сет ако ништо повеќе, ама пак и Ноле ја крена играта на овој меч и сосем различно издание од минатите мечеви.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Азаренка ќе ги меле сите годинава во женска конкуренција. Ќе го освои овој турнир и веројатно повеќето останати турнири годинава.

Инаку Новак дури и полесно од очекувањата го совлада Алмагро.
 
Ф

Фил Ајви

Гостин
како прв пат да гледате тенис па се чудите зошто игра послабо со послаби противници

Ивановиќ почнала да се дрогира гарант
 
L

Löwe

Гостин
Бог да чува се дивите на никаква игра на Новак... 80 проценти од поените беа од неизнудени грешки на Алмагро. Првиот брејк Алмагро му го поклони со дупла сервис грешка... Нека игра со ваква игра во финале против Надал ќе биди сомелен
 
С

сашенко

Гостин
Новак не се троши на вакви мечеви, милион пати до има ова направено.Кога може некого да го добие на негови грешки и со малку труд, не троши џабе енергија он.Спротивно на Надал кој трча како коњ секоја утакмица.Следните два меча ке го крене нивото на игра уште повеќе, т.е зависи од противниците ама сигурно иде у финале.Има два турнира во две недели на кои брани доста бодови и нема потреба да трча ко на маратон на секој меч, мора да се штеди.А нема потреба од мечеви со 6-0 6-0 за саат време со маратонско трчање кога може полека да го стопи противникот со негови грешки.Само си го држи сервисот и чека шанса да нападне.Мада денес имаше доста поени каде се истрча Новак ама мислам дека нема пад во игра којзнае каков, се е ова тактички.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Го сомеле. Мислев дека ќе му освои барем еден сет ако ништо повеќе, ама пак и Ноле ја крена играта на овој меч и сосем различно издание од минатите мечеви.
отидоја 100 денари! :D

него Ивановиќ WTF !? Или ова ќе биде единствениот турнир на кој ќе игра добро годинава !? :LOL:
 
L

Löwe

Гостин
Новак не се троши на вакви мечеви, милион пати до има ова направено.Кога може некого да го добие на негови грешки и со малку труд, не троши џабе енергија он.Спротивно на Надал кој трча како коњ секоја утакмица.Следните два меча ке го крене нивото на игра уште повеќе, т.е зависи од противниците ама сигурно иде у финале.Има два турнира во две недели на кои брани доста бодови и нема потреба да трча ко на маратон на секој меч, мора да се штеди.А нема потреба од мечеви со 6-0 6-0 за саат време со маратонско трчање кога може полека да го стопи противникот со негови грешки.Само си го држи сервисот и чека шанса да нападне.Мада денес имаше доста поени каде се истрча Новак ама мислам дека нема пад во игра којзнае каков, се е ова тактички.
Немој ти се молам, Џокович во последниве 2 натпревари истрча повеќе дистанца од Надал што истрча исто на последните 2.. Посебно со Андухар во 2 и 3 сет... И да овој е истиот Џокович што лани ги земаше сетовите од Индиан Велс со 6-1, 6-1 или 6-0 6-1, или 6-2 6-1 и сл.
 
С

сашенко

Гостин
^ лани не бранеше ништо, напаѓаше.Сега има напорна сезона пред него и пази да не се премори пред битните натревари.Не е исто кога браниш прво место и кога го напаѓаш.Има две напорни недели пред него, ке го крене нивото на игра веруј ми
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
^ лани не бранеше ништо, напаѓаше.Сега има напорна сезона пред него и пази да не се премори пред битните натревари.Не е исто кога браниш прво место и кога го напаѓаш.Има две напорни недели пред него, ке го крене нивото на игра веруј ми
(y)
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
5.442
Поени од реакции
5.567
Изнер против Ѓоковиќ,колку само напредуваше Џони од минатата година од Роланд Гарос,кога загуби несреќно од Надал во 5 сета,очекувам топ 10 наскоро од него (y)
 
Член од
18 јануари 2012
Мислења
619
Поени од реакции
947
Ќе биде интересно да се види тоа Иснер-Ѓоковиќ. Иснер денес правеше многу грешки но имаше среќа да се извлече и да победи. Имаше дури 52 неизнудени грешки, и ако така игра и против Новак не му се пишува добро. Многу голем напредок забележа и би требало после овој турнир или следниот во Мајами каде пак игра дома да влезе во топ 10, заслужува.
За вечерашните дуели сметам дека Федерер и Надал ќе ги гледаме во другото полуфинале. Сезонава Федерер го совлада Дел Потро 2 или 3 пати не сум сигурна, а Налбандиан би можел до сет ама до меч тешко, имаше 2 тешки мечеви во 3 сета.
Би сакала финале Иснер-Федерер па нека победи подобриот!
 
L

Löwe

Гостин
^Едно е ти што сакаш а друго е реалноста.
Надал продолжува да гази без изгубен сет. 6-2, 6-0 во дубл полуфиналето.
--- надополнето: 16 март 2012 во 10:04 ---
^ лани не бранеше ништо, напаѓаше.Сега има напорна сезона пред него и пази да не се премори пред битните натревари.Не е исто кога браниш прво место и кога го напаѓаш.Има две напорни недели пред него, ке го крене нивото на игра веруј ми
Нека продолжи со таква лежерна игра па ќе видиш како ќе начека некој и ќе наеби уште во првите кола во наредните турнири..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom