Отиден е овој дефинитивно, чекав вчера викам ќе глеам гарант драми ќе се дешаваат и се издесија многу јасно. Откако ги скрши рекетите, стааше grip на ручката од новиот, судијава му вика немаш време за тоа треба да почне гејмот дека Качанов веќе спремен беше да сервира, овој лагано си иде си чека сервис и си го врзуе тоа у успорена снимка, нормално, јадеше time violation а чекаше сервис, и му вика на судијата, бро, си чекам ја бе нека сервира овој шо е битно како ќе враќам сервис моја работа е тоа, ако сакам вака ќе враќам, и покажуе на ручката, обратно држејќи го рекетот. Технички, у право беше.
Стандард пола расправии ги помина и за Надал, му вика на судијава, бро, најди ми еден меч каде Надал помеѓу поени сервира побрзо од мене, ќе се пензионирам инстантно, ќе баталам тенис, зашо цело вриење му беше иницирано од тоа што многу брзо му почињаше одбројувањето за сервис.