DUNE: PART TWO (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

W

wicked_1

Гостин
Се сложувам освен со се освен делот со крајот. Јас сфатив што се случува во сцената каде што и објаснуваше на ќерка и дека ќе биде вечна покрај езерото.
Незнам точно дали на пола филм ама имаше уште доста за гледање, цела сала знаеше каков расплет ќе има а уште не им беше решен проблемот, па и на крај таткото коа излезе така од нефокусиран кадар, surprise.:busi:

Филмот не изгради воопшто тензична/интимидативна атмосфера, дури со одвишетокот музика изгледаше исфорсиран на моменти обидувајќи се да дигне темпо и гледачот да чека со нетрпение што ќе се случи следно.

Пак, проблемот е што не нуди ништо ново/егзибиционистичко. Кај филмови на жанров елементарно е да има манипулации со закони на физика, space & time маневри,запознавање со вонземска култура/однесување/перцепции за димензионалност, вонземско искуствување и сл.
Кај овој филм е сето тоа минимизирано и занемарено на сметка на морализирање кај главните ликови.

Lead ликовите додуша глумеа добро за у романтична драма, ама тука требаше да бидат научници кои ќе се расфрлаат со факти и хипотези со кои ќе решаваат проблем. Наместо тоа тие флертуваа меѓу себе цел филм, со еден куп cringefest муабети.

Начинот на кој што го решија проблемот при крајот во најмала рака беше сценариски исечок од филм на Шварценегер.
Не е филмот потфрлање - солиден е, ама 94% на RT и 8.5 на имдб?:motorce:
 
Последно уредено:
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.568
Поени од реакции
17.968
Малце конфузен е за пратење филмов. Од она што успеав да сфатам е дека Лоиз ја има дарбата или ја добива дарбата од вонземјаните да може да му пристапи на времето на нелинеарен начин. Па така сите сцени од почетокот со ќерка и, времето што го поминуваат заедно и покасно нејзината болест и смрт, се уствари работите кои ќе се случат во иднина. Тоа е уствари оружјето кое што вонземјаните ќе бараат да го користи Лоиз, под оржује мислеле на подарок, за возврат ќе треба човештвото нив да им помогне за 3000 години. Па така откако Лоиз ја добива дарбата му се јавува на кинескиот генерал и му ги кажува последните зборови на неговата жена која е на умирање во иднината, а што му кажува дознава од него уште понатака во иднината на некоја прослава. Подоцна како визиите и доаѓаат дознава дека другиот научник ќе биде таткото на нејзиното дете и дека откако ќе му каже што ќе се случи со неа, тој ќе ги напушти а ќерка и ја прашува - Зошто тато веќе не ме гледа со исти очи? Инаку дарбава не знам дали само Лоиз ја добива или целото човештво, па така луѓето многу порано ќе можат да достигнат некои работи во науката со тоа што ќе отидат напред во времето и ќе го видат тоа што требало да го пронајдат.
 
Последно уредено:

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
Јао, шта је бре ово. Вреѓање интелегенција?

Приказни од боливуд категорија, бутани низ цел филм, за да успеат да склопат филм од 2 саата. Кинезот обавезно е лош и се вика Шенг(најчесто презиме у Кина по статистика), обавезно вонземјаните се палат на женската и секогаш нејзе и угодуваат, поради тоа и она станува главна улога, успат и даваат и некој маж чисто колку да ја сака.

Букви округли, неможела со двете раце наеднаш да пишува, ај октоподов(знам дека е хепто де) зема и помогна, и си црткаа по стаклото, и за да биде тензично бум пукна бомбата наместена како од филм за мали деца(одвај издржав овде да не го изгасам филмот). Па на крајот кога му се јави на китаецот и кога си причаа на ефтина тарифа....ма дај бре.

Со кој памет само мислев дека е слично нешто на Interstellar, си мислев еве добар sci-fi таман да се насладам после толку време.:tapp:

Ако Arrival има 8.3 оцена, тогаш Passenger треба да има 12.5 оцена. Дајте бре луѓе па кој ви е критериумот за оценување, зар од годинава ли прв пат почнавте да гледате sci-fi и алиен тематика за да давате вакви луди оцени?

Како само успеваат да уништат приказна со толку јак потенцијал(стапување во контакт со вонземјани) со толку клише Ш категорија глупости????????

Па и фацава бе, у секој филм кај што има војска и полиција е он. :tapp::tapp::tapp:
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
А никој не го боли кур за тоа што они ќе побараат од нас за три милениума.
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
mother! (2017)

Ајде сега да се образложат лошите оценки за Мајкa, што е проблемот со филмот?
Поарно прво добрите да се образложат, зашто ние со лошите не знаеме од кај да почнеме
Seriozno so dvojki ste go ocenile?

Tolku ubavo opfaten film and yet tolku obicen i iskren ja odamna nemam gledano.

Sovie? :D
 
Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Seriozno so dvojki ste go ocenile?

Tolku ubavo opfaten film and yet tolku obicen i iskren ja odamna nemam gledano.

Sovie? :D
Тебе што ти е, би сакале со @grande-juve од метот што си го пушел tho :giggle:
Претенциозноста на филмот го надминува дури и самиот Аронофски, инаку познат како претенциозен до посерување.
Глупа библиска алегорија, премногу style over substance во филм којшто уствари сака нешто да каже, и тоа не само да каже туку и да упати критика.
Критика не се доставува на јазик непознат за реципиентот, целата суштина на испраќањето порака, посебно кога таа порака критикува нешто, МОРА да биде на јазик кој што може да се интерпретира.
За мене овој филм беше еквивалент на тоа да ми прочита некој поетска творба на јазик што не го разбирам, еве пример да ми чита некој социјални или трудови песни на корејски. Што можам јас да мислам за тоа, кога авторот не се ни труди да го примам тоа што тој ми го испраќа. Секако дека тоа што ќе можам да оценам се само техничките елементи на песната како цезура, рима, ритмика и слично. Колку од негова страна, толку од моја, нели...
Тој го снимил филмот за таргет група во која што грото луѓе што посетуваат кино не спаѓаат, го снимил за тебе и пар други. Баш таа фаворизација е и една од причините што филмот имаше негативна критика, и што е тука е, нема љутиш ни зошто ти си го оценил со 5, ниту зошто јас со 2.
И еве, може да го дискутираме ако сакаш, фул он спојлери. И кој е кој, и што е што, и кој е Господ, кој е Адам, кој е Исус, јаболкото, градината, дали Лоренс ги интерпретираше Мајка Природа и Мајка Марија симултано или Аронофски сакаше да каже дека Мајка Марија и самата е алегорија на Мајка Природа во Библијата, па Лоренс ни носи алегорија на алегоријата, има свашта да се дискутира за филмов, а јас и Гранде го дискутиравме со денови откако го изгледавме. И затоа, само затоа филмот има 2 ипол, зашто не задржа заинтересирани и денови покасно. Меѓутоа, исто така има -2 ипол зашто додека го гледав а и покасно, не можев да ја тргнам импресијата од мене дека Аронофски не сакаше да го сфатиме филмов, дека сакаше да ни каже дека сме глупи, дека сакаше овој филм да биде од оние Не е за тебе филмови, и не можам да поминам преку тоа.

И така, како кај тебе, арно? :LOL:
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
Чекај, чекај, чекај.... дур читав си помислив за друг филм да не збориме.
Или можеби тоа е убавината на филмот, секој да си пронајде свое и различно толкување.

У кратки црти, секако спојлери, за мене филмот немаше никаква библија, господ, природа ниту марии.
Обична метафора за врските и непроменливоста на некои луѓе, за едностраноста, за singlton врски.
Куќата беше трудот на лоренс која го вложува во врската, жртвувањето и колку некој истото не го цени туку го става во втор план.
Самодеструктивност во срж кај Bardem, повторувајќи го тој vicious cycle over and over again со други луѓе, притоа бидувајќи несвесно себичен и уништувајќи ги нив узпат. Го напраил у минатата врска, така почнувајќи филмот, го напраи на Лоренс, ќе го направи и на следната девојка ко што видовме на крајот. Искористувајќи ги за свое лично профитирање без преголемо емоционално вложување, туку фокусот му бидувајќи на, еве, кариерата.

I am I.

И такви се некои луѓе, но не треба да им се суди, преголемо себеинвестирање у врска е увек лошо, мора да си на иста фрекфенција прво.

Абе предобар филм, истражувајќи нешто човечко и искрено. Притоа изгледајќи супер кул и тензичен throughout.
 
Да, апсолутно може да се разгледува и како таков како што го опиша ти, дури и интерпретацијата на Драгонски која што нема врска со нашите сфаќања за филмот, а се засноваше многу на авторство и односот на јавноста кон уметникот, тој поубаво ќе објасни да не го прераскажувам сега... ама во секој случај да, сосема сум согласна со тебе дека филмот е слоевит и може да се разгледува од повеќе аспекти и да се интерпретира на повеќе начини. Меѓутоа секој еден, ја оценува интерпретацијата што тој ја има за филмот, и ја имаме оваа ситуација кај што ти оценуваш љубовна драма, јас оценувам филозофска алегорија, змејот оценува нешто трето, со тоа што наративите не се исклучуваат едни со други и постојат паралелно, ама е скоро невозможно гледачот да ги следи сите наеднаш.
Хаотично, многу хаотично ми беше мене. Јас кога почна филмот многу слично како тебе го доживував, после почна да ми забегува па си реков Чекај, нема ни континуитет ни смисла ова што го сфаќам јас, ајде друг пристап да зеам може појасно ќе биде, и така од едно на друго на трето и заврши филмот.
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
@dragonsky @grande-juve

@џимеј me interesira i tvoe mislenje, bidejki za mene e ovogodisniot Love

Мислам дека проблемот е премногу буквално сте ги сфатиле темите и сетингот.
Да кажете филмот е за библијата бидејќи има некои мотиви во модерна верзија прикажани...
Како прво, така не функционираат метафорите. Не моеш да каеш оваа прикажување на библијата е метафора за библијата.
Второ, исто ко да кажеш филмот е за војните у светот. Пошо имаше специјалци шо пукаа и пост апокалиптични сцени.

Меѓутоа акцентот не е врз тоа, тоа е само како што пишав, theme аnd setting. Фокусот е на Лоренс.
Она е у сред тоа. Она се осеќа растргнато, тешко, ко да е у војна, ко да и е крај на светот.
Тоа е за мене метафората. Визуелно прикажување на колку и е тешко на неа, вложувајќи све а добивајќи скоро ништо за возврат. Ко само она да се труди. Тука го гледаме Бардем како вештачки ја теши у сред хаос, кажува што сака да слушне и бега, притоа пак бидувајќи себичен и работејќи си за себе.

Мислам дека крајот сосема ја расветли пораката и поентата. Дури predictable, знаевме дека у кревет ќе е друга жена, знаевме веќе што се дешаваше цело време, и тоа само заради опенингот, дури се изнервирав, зашо би ми го спојлнале филмот со самиот почеток, ама кога легна, мислам дека убаво започнат и завршен круг.

Барем мене ми е вака очигледно, сеа читам ревјуа, глеам цел свет исто го протолкувал ко вас.

Па метафорите така не функционираат, ама алегоријата функционира. Алегорија е текст што има паралелно директно и преносно значење и најчесто преносното функционира како критика. Во случајот со мајка!, јас го дискутирам преносното, а ти буквалното. Зашто ако исклучиме се, ова е филм за брачен пар со marital issues. Ти ги разгледуваш Бардем и Лоренс како маж и жена, а јас како симбиоза на Севишниот со Природата и се понатака ја прикажува светската историја од создавањето на првиот човек Харис и од неговото ребро Фајфер, па прогонството, братоубиството, и се она што следи понатаму, од сцена во сцена реанактуван Стариот Завет. После ја имаш Лоренс која како симбол на природата, day in and day out добива немилосрден третман од човекот и неговиот творец, се до моментот додека не се самоуништи, меѓутоа life will find a way и ќе се возобнови повторно, можеби во друга форма ама нема да згасне и така натаму и така натаму.... да не го раскажувам филмот сега, критиката being дека ние самодекларирани сапиенси се однесуваме како животни и ја уништуваме природата, и дека е сама на себе, и дека ако продолжиме да се однесуваме како што се однесуваме на филмот ќе изгориме заедно со неа.

Ама ти викам, твојата интерпретација е исто толку валидна колку и мојата. Нема right and wrong тука, различен пристап е во прашање, и тоа е сосема ок.
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.483
Поени од реакции
33.585
Па метафорите така не функционираат, ама алегоријата функционира. Алегорија е текст што има паралелно директно и преносно значење и најчесто преносното функционира како критика. Во случајот со мајка!, јас го дискутирам преносното, а ти буквалното. Зашто ако исклучиме се, ова е филм за брачен пар со marital issues. Ти ги разгледуваш Бардем и Лоренс како маж и жена, а јас како симбиоза на Севишниот со Природата и се понатака ја прикажува светската историја од создавањето на првиот човек Харис и од неговото ребро Фајфер, па прогонството, братоубиството, и се она што следи понатаму, од сцена во сцена реанактуван Стариот Завет. После ја имаш Лоренс која како симбол на природата, day in and day out добива немилосрден третман од човекот и неговиот творец, се до моментот додека не се самоуништи, меѓутоа life will find a way и ќе се возобнови повторно, можеби во друга форма ама нема да згасне и така натаму и така натаму.... да не го раскажувам филмот сега.

Ама ти викам, твојата интерпретација е исто толку валидна колку и мојата. Нема right and wrong тука, различен пристап е во прашање, и тоа е сосема ок.
Interesno. Sea ja gledam i taa strana.

Cool.

Ama 2 zvezdi... (n)
 
grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.472
Поени од реакции
7.271
Мене филмот ме "изгуби" уше на почеток, пред да дојдат синовите на Харис и Фајфер. До таму само и така можеше да се сфати филмот, ко филм за врска и се околу тоа. Ме изгуби зашо инстантно почна да ме нервира и Лоренс со глумата, и ликовите, и сценариото, и како се насочени од режисерот, зашто целта беше низ суптилни некои потези да се прикажат проблемиве шо Лоренс и Бардем ги имаат, а резултатот на тоа ми беше многу лош и вештачки.. пример коа Бардем спомнува на гостиве дека сакал деца да имаат и Лоренс прави некои фаци и после му кажуе дека не и' го рекол до сеа тоа.. премногу шознам кринџ ми делуеше целата изведба. А ептен уживам во филмови со таа тематика и такви суптилни.. Кој се плаши од Вирџинија Вулф, Сцени од брак на Бергман, Force Majure..

Е после почнаа браќа да се убиваат, да се кршат забранети работи, пред тоа раната на Ед Харис па после одма се појави Фајфер, дефинитивно библиски работи, и токму ова шо го пишала корвус додатно ме исклучи од филмот
Хаотично, многу хаотично ми беше мене. Јас кога почна филмот многу слично како тебе го доживував, после почна да ми забегува па си реков Чекај, нема ни континуитет ни смисла ова што го сфаќам јас, ајде друг пристап да зеам може појасно ќе биде, и така од едно на друго на трето и заврши филмот.
И до крај веќе немаше шанси да ме врати, не бев ни внесен ни нишо. Единствено можам да ги пофалам неколкуте преубави кадри што ги имаше посебно на крајот.
 
Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Единствено можам да ги пофалам неколкуте преубави кадри што ги имаше посебно на крајот.
Мене многу ми се свиѓаше тој кадарот... кога ja читаше Лоренс песната и дадоа aerial look на куќата и околу... ептен ми беше :love:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom