- Член од
- 7 септември 2016
- Мислења
- 26.342
- Поени од реакции
- 44.335

Анемија
е состојба на намален хемоглобин, пад на еритроцити и на хематокрит со што клетките во ткивата и органите немаат доволен ,,дотур" на кислород, па се јавуваат различни симптоми како бледа кожа, мачнина, вртоглавица и главоболка, ладни екстремитети и носот, тахикардично срцебиење и општи умор, слабост и мрзоволност.

... моментално на ручек со една пријателка која ме натера да отворам ваква тема (се зачудив дека нема ниедна тема за една од најчестите состојби -анемија и тоа додека јадеме скара (месо) во комбинација со сирење, павлака и кајмак, набрзака да и' ја исполнам желбата.

... таа подолго време ,,се бори" со анемијата доле горе лабораториски резултати, па во моментот и' реков една навика што погрешно ја прави и ја потенцира анемијата, редовното јадење на месо во комбинација со млечни производи како сирење, павлака, кајмак, јогурт.


... месото (свинското, телешко) е најдобриот извор на хем-железо, кое телото многу лесно ,,природно" го апсорбира, но калциумот од сирењето, павлаката или јогуртот користи исти „патишта“ (рецептори) во цревата за да влезе во крвта.
... кога патуваат истовремено заедно, калциумот се врзува за тие рецептори и го блокира железото, така да внес на поголема количина калциум (над 300 mg, што е околу едно парче сирење или неколку лажици павлака) истовремено со месото, може да ја намали апсорпцијата на железото од месото за 30%-50% што не е занемарувачки факт.
... ако додадеме и фактот дека калциумот ја намалува апсорпција на есенцијалниот минерал цинк од месото слично како железото, тогаш навистина тие што имаат проблеми со анемијата и со имунитетот треба да се одвикнат од обичајот истовремено јадење на месо со сирење, павлака и други млечни производи,
... цинк од месото е клучен за имунитетот и метаболизмот во организмот, регенерација на клетките и половично ќе се асорбира во цревата ако ја имаме навиката истовремено јадење на месо со сирење (сите млечни прпоизводи)
... тие што немаат анемија, напротив имаат повисока вредност на железо но во референтната вредност во крвта ова интеракција во обичај на јадење истовремено на месо и сирење нема да имаат ,,последици", но тие со ниско железо и феритин не треба да ги мешат истовремено овие две намирници, интеракцијата е значајна за да се извлече максимум од месото и затоа треба да се избегнува јадење истовремено со млечни производи во тој оброк.
... и наместо млечни производи - сирење, павлака во оброкот со месо подобро е да се исцеди лимон врз месото или свежи пиперки, домати кои во себе содржат поголема количина на Вит Ц од други намирници кои може да се комбинира со месото, самиот Вит Ц има контра-ефект со што ја врзува молекулата на железото и ја зголемува неговата апсорпција во телото дури и до неколку пати.
...ете како една навика во исхрана, во еден оброк во подолг период може кај некого да ги потенцира симптомите од анемија, а да не е свесен за тоа.
...анемичните особи треба да ја прекинат навиката да јадат свинско или пилешко месо со сос од павлака или коцки кашкавал, ќебапи, вешалица со кајмак или печено месо со шопска салата преполна со сирење, сарми или полнети пиперки со месо, прелиени со неколку лажици кисело млеко.
Последно уредено: